Author Topic: Микрофонско предпојачало за долги водови  (Read 810 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Имав проблем да пренесам микрофонски сигнал со ХЛР (симетричен) и потребно фантом напојување  со несиметричен вод на поголемо растојание  (околу 80 метри).Стандардните решенија го *гушеа* сигналот,па најдов вакво решение.Значи се работи за кондензаторски микрофон кој се спојува на симетричен ХЛР приклучок.Проблемот со оригиналното трафо го решив задоволително со едно излезно трафо 8/1к место 600/10К ,а со додавање на еден транзистор ( на шемата не е пишан,ама се работи за ВС 109с) .Напојувањето е со батерија 9В, а несиметричниот вод е долг точно 85 метри. Загубата е минимална, а сигналот  одличен и без многу напрегање од до +3 дб .Значи ,се постави микрофон на сцената ,во воздух над глумците и се овозможи непречено озвучување на драмски представи.Да напоменам дека специјализирани микрофони (ловци) за вакви намени чинат и до 400 ЕУ.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Едно офф топик прашање:;D
Какво е тоа фантом напојување?
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Фантом напојување е додатно напојување за електретските или кондензаторските микрофони кои во себе содржат мала електроника со фет за чија работа е потребен напон.Во миксетите фантом напојувањето го има како посебен напон и со посебен прекинувач му се вклучува на одреден канал или на сите заедно.На овој начин се овозможува микрофонот да биде на поголема оддалеченост од миксерот ( и до 100 тина метри) и да биде напојуван за успешно да работи.Во овој случај миксерот нема посебен фантом ,па мора со додатна електроника тоа да се овозможи и да може и на 85 метри оддалеченост добро да работи,односно лови говор од сцената.