Author Topic: Како се поврзаува аудио излез од ПК на појачувач?  (Read 655 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Како се поврзаува аудио излез од ПК на појачувач?
« Opened on 09.01.2011, Sunday, 15:04:04 (Edited 09.01.2011, Sunday, 15:19:36) »
Ова прашање го постави Сколс ,ама добро е да го поставам како наслов бидејки веројатно и други го имаат како проблем.
Значи проблемот е како да се врзе компјутер на влез од појачувач,а да не страда  звучната картица? Јас сум го решил проблемот вака: направив едно линиско пп кое на влез е лимитирано на 1В ефективно и на кое има регулации за волуме,бас ,трејбл.Значи (стерео варјанта) ова пп го приклучувам со 3,5 мм стерео џек на излез од лап-топ и од неговиот излез го напојувам миксерот,а во некој случаи и директно излезното пој.Значи, прво го раздвојувам излезот од звучната карта,така да електрички (преку конд. и степен со 2 транзистора) е изолиран од регулациите.Треба со проба да се намести лап топот да даде сигнал кој ке го побудува изл.појачувач и потоа само да се регулира волуменот и останатите контроли за боја на тонот (ако има потреба!).На овој начин нема да дојдете во ситуација да направите некој краток спој на излезот од звучната и да ја прегорите!Еве ја шемата,за жал имав,ама моментално не можам да ја најдам и монтажата на плочка! ;D


Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male