Author Topic: Претпојачувач за слаб микрофон или *лита* звучна картичка за ПК  (Read 672 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Имав проблем со една АСУС плоча која имаше многу слаба звучна карта,односно очаен микрофонски влез! Си купи човекот еден,па уште еден микрофон(поскап се разбира!) а на СКАЈП едвај го слушаа.Не беше проблем до подесувањата(се на максимум!) туку во тоа што он-борд звучната беше очајна.За да пробам *склепав * набрзина на универална плочка еден оваков степен за предпојачување на мик.сигнал и добив супер резултати.Плочката е уградена во Ал кутија со влез и излаз и потенциометар на горна страна за одредување на појачувањето.Нема посебно напојување,бидејки го користи напојувањето 5в од микрофонскиот влез.Значи ,на женскиот утикач кој се врзува со стерео кабел на мик. влез на звучната од  компјутерот,двата вруки влеза Л и Р се споени заедно.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Мислам дека на многу драјвери за on-board звучните картички после кликнување на advanced options од File менито на програмата за подесување на гласноста во windows се појавува копче Advanced под слајдерот за микрофонот и внатре има опција Microphone Boost кој го зголемува појачувањето барем 10 пати. Дали на вашата звучна картичка ја имаше оваа опција или не или не пробавте?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Пробавме се што можеше да се промени софтверски! И тоа не се случува само кај ова плоча.Има он-борд звучни за жалење! :D Да споменам и дека напонот кој доаѓа до аудио излезот е помал од 5 волти,за жал.Веројатно ова е причината што не работи ОК! Само кога матичната е под гаранција и се работи друго ОК, фирмиве во СК не  сакаат замени во гарантен рок со образложение: *..па ете работи,не е изгорена звучната...*.И мораш понекогаш и вака да реагираш.Стварно пробавме и со три-
четири микрофона(различити) и резултатите беа поразителни.Едино решение е ова-или нова звучна (матична) плоча.