Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: batka on 09.01.2011, Sunday, 15:04:04

Title: Како се поврзаува аудио излез од ПК на појачувач?
Post by: batka on 09.01.2011, Sunday, 15:04:04
Ова прашање го постави Сколс ,ама добро е да го поставам како наслов бидејки веројатно и други го имаат како проблем.
Значи проблемот е како да се врзе компјутер на влез од појачувач,а да не страда  звучната картица? Јас сум го решил проблемот вака: направив едно линиско пп кое на влез е лимитирано на 1В ефективно и на кое има регулации за волуме,бас ,трејбл.Значи (стерео варјанта) ова пп го приклучувам со 3,5 мм стерео џек на излез од лап-топ и од неговиот излез го напојувам миксерот,а во некој случаи и директно излезното пој.Значи, прво го раздвојувам излезот од звучната карта,така да електрички (преку конд. и степен со 2 транзистора) е изолиран од регулациите.Треба со проба да се намести лап топот да даде сигнал кој ке го побудува изл.појачувач и потоа само да се регулира волуменот и останатите контроли за боја на тонот (ако има потреба!).На овој начин нема да дојдете во ситуација да направите некој краток спој на излезот од звучната и да ја прегорите!Еве ја шемата,за жал имав,ама моментално не можам да ја најдам и монтажата на плочка! ;D

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=3558.0;attach=2341)
Title: Одг: Како се поврзаува аудио излез од ПК на појачувач?
Post by: SKOLS_OLD on 09.01.2011, Sunday, 15:29:54
фала ти Батка :)