Ако веке сте изработиле некоја бубица,мало предавателче и слична направа ,еве една добро проверена шема.Проверена,затоа што печатената плоча е работена по сите стандарди,секој степен е преграден ( оклопен) и секој транзистор има феритна перла - Fb (монистра или не знам како на МКД да ја преведам!?)..Воглавном,секој транзистор ја има на емитерот. Ова е мислам крајниот домет на ФМ уредите без PLL синтисајзер,па верувам дека ако некој ја направи ке биде задоволен. Ова шема постои одамна ,во многу варијанти.Овој пат има 2SC 1971 во излез.Транзисторот се поставува под штампаната плоча и најдобро е да е со ладилник.Овој предавател веке бара посолидна антена како GP,YAGI или некоја вертикала .Дометот е поголем и внимателно со подесувањата бидејки може да смета на радиодифузните станици.