Македонски форум за електроника

Други технологии => Сè останато => Topic started by: go4o on 16.01.2012, Monday, 12:59:30

Title: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 12:59:30
Еве нешто што го направив пред некое време и си работи супер ел.моторот е од вентилатор од фрижидер.
(http://pic.mk/images/CB4zb.jpg)
(http://pic.mk/images/0K3ty.jpg)
(http://pic.mk/images/4tszU.jpg)
(http://pic.mk/images/krML.jpg)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: DX-er on 16.01.2012, Monday, 13:01:36
стави шема или објаснување што како има внатре, како работи, дали има брзини и сл. работи, иначе темата е безвредна ако нема ништо од тоа.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 13:11:32
ништо нема моторот е дирекно врзан на струја има 1300 вртежи во мин. 30 W мислам дека беше.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: DX-er on 16.01.2012, Monday, 13:13:08
Браво, е сега темата вреди!
Ова вреди да се направи и е многу подобро одколку да се сече плочки со бонсек.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: SKOLS_OLD on 16.01.2012, Monday, 14:00:14
а од каде го најде циркуларот,т.е. ножот?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Malecko on 16.01.2012, Monday, 14:03:50
а од каде го најде циркуларот,т.е. ножот?
Овакви имаш по циган пазар се продаваат,а и ги има по продавниците за алати.Во хубо би требало да има.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 14:15:44
Има вакви 2 врсти има и со поголеми и со помали заби оваја на сликата е со помоли заби понаблиску се, се нагодва на мало брусаличе
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Dragan Stoilovski on 16.01.2012, Monday, 14:27:50
нели са големи запците на листот може да ја отчепи плочката при сечење,има едни други мали камење како за голема брусалка ама са многу помали и тија мисла  дека ќе бидат многу подобри јас ги користа на мини бормашинката и може дури и метал да сече.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Malecko on 16.01.2012, Monday, 14:32:18
И јас мислам дека крупни се запците на пилата,треба некоја со уште поситни...Кога сечеш плочка дали ја распукува,дали остава како испукано?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: LordZi on 16.01.2012, Monday, 14:34:06
Да, крупни се за оваа брзина на моторот, подобро е со доста поситни или од оние листовите за сечење плочки.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Bojan on 16.01.2012, Monday, 15:18:38
друже од кај ти е земан тоа дискот за сечење??? и јас сакав вакво нешто да правам ама диск неможам да најдам...
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: batka on 16.01.2012, Monday, 15:23:10
Интересна конструкција,браво! И корисна. Порано имавме направено мал гатер или како веке се вика ексцентар пила со пилици од рам за ОТП,па го преправивме со жица(како за гитара) обложена со корунд(лискун-како песок!) со која и коска и метал(алуминиум и бакар сме сечеле).Моторот беше од брисачи од 101-ен .Некаде е во Техника заборавен.Ако некој знае каде можам да најдам ваква жица(ако се продава некаде во СК!) да си купам!
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 15:51:24
нели са големи запците на листот може да ја отчепи плочката при сечење,има едни други мали камење како за голема брусалка ама са многу помали и тија мисла  дека ќе бидат многу подобри јас ги користа на мини бормашинката и може дури и метал да сече.
пробај на вакво исто моторче клај таков камен како што велиш и после ниту стиропор ниту картон ќе сечиш а да не зборваме за плочка.  НАСКОРО КЕ ВИДИТЕ И ВИДЕО КАКО РАБОТИ И ДЕКА НЕ ЈА КРШИ ПЛОЧКАТА
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: puknati on 16.01.2012, Monday, 15:57:49
Пофалба за церкуларчето, ако се работи стрпливо т.е ако не се бутка превише плочката на пилата не би требало да ја отчепува.

Дали некој пробал да сече плочки со оние машините за сечење на керамички плочки што ги користат плочкарите?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 16:25:02
Еве видео.
PCB cut (http://www.youtube.com/watch?v=Qhu4tNGGowY#)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Devil on 16.01.2012, Monday, 17:33:37
прстите ќе си ги исечиш хахаха :)
стави му малку појак мотор и нема да имаш проблем понатаму :)
јас имам негде низ дома го гледав се вртка диск од ростфрај кој се користи за сечење на коски во кланици :), даго најдам ќе видам дали можам да направам нешто со него тој е така со многу ситни заби и не би требало да има проблем
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: at.koce on 16.01.2012, Monday, 17:40:48
За малце ке отидеше еден прст  ;D Јас лично би ставил жилет камче за сечење метали, иначе ова изгледа супер и јас планирав едно време вакво нешто само што немав идеа како да го прицврстам камчето  >:(
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 17:53:43
прстите ќе си ги исечиш хахаха :)
стави му малку појак мотор и нема да имаш проблем понатаму :)
јас имам негде низ дома го гледав се вртка диск од ростфрај кој се користи за сечење на коски во кланици :), даго најдам ќе видам дали можам да направам нешто со него тој е така со многу ситни заби и не би требало да има проблем
Таман си е не застанва  ;)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: najdo on 16.01.2012, Monday, 18:53:32
Супер ти е направено, а да те прашам само на камчето дали има дупки или ти му дупна отпослем за да го нагодиш на моторчето ?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 16.01.2012, Monday, 20:02:00
Не камчето не е дупнато туку има футерче на дребонг направено како на брусаличе се клава исто.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: DX-er on 16.01.2012, Monday, 20:05:47
Не камчето не е дупнато туку има футерче на дребонг направено како на брусаличе се клава исто.
кај има камче во уредов?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Bojan on 16.01.2012, Monday, 20:13:10
Не камчето не е дупнато туку има футерче на дребонг направено како на брусаличе се клава исто.
кај има камче во уредов?

камче им е пилата...
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: at.koce on 16.01.2012, Monday, 21:32:08
Грешка сте, во оваа машина нема камче, тоа што е вградено е пила/тестера кој како преферира. Јас кажав дека имав слична идеа да направам ваква машина само наместо пила да ставам жилет камче, но немав идеа како да го прицврстам. Малце не се разбравме   :D
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: batka on 17.01.2012, Tuesday, 16:17:38
Сте пробале ли на мотор од хард диск да ставите некое вакво пиличе!?  :D ;D
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: LordZi on 17.01.2012, Tuesday, 16:21:37
Нема сила, да го допреш одма ќе застане, тој е добар само да залепиш шмиргла на него и да остриш ножиња и сл.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Zdravkovski on 17.01.2012, Tuesday, 16:23:35
добро си го изработил и со здравје  да си го служиш машинчето, само мора да си направиш некој вид на заштита за рацете да не се повредиш
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: najdo on 17.01.2012, Tuesday, 16:49:15
at.koce убо се разбравме, иначе јас под камче мислев на пилата, то што е веќе вградено.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 17.01.2012, Tuesday, 17:29:49
добро си го изработил и со здравје  да си го служиш машинчето, само мора да си направиш некој вид на заштита за рацете да не се повредиш
Фала и ти да си  напрајш ;D
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 04.03.2012, Sunday, 17:50:08
ај да не отворам нова тема, овде ќе си прашам   :D
јас имам мотор 500 вати е. Пред моторот има некоја склопка за офф/он (ама не е класичен прекидач, туку во алуминиумска кутија е сместена та склопката). Е сеа како на роторот да му клам клам циркулар?? Инаку циркуларот е дел од комплет со пиштол ИСКРА, и некои други додатоци, купен пред 15-20 години  :)
Дали се исплаќа да го искористам моторот за ваков проект, или во нешто друго?  ;)
Инаку со ова сила шо ја има моторо, би можел да сечам се, барем јас така мислам.  :D
Ваше мислење ??? 8) :)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: go4o on 04.03.2012, Sunday, 18:45:15
 моторот е доста јак, за плочки не би ти го препорашал според мене а за штици за дрво можи.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: puknati on 04.03.2012, Sunday, 20:07:39
Од вишок снага глава не боли, само од мањак, употреби го ако нема друго ;D
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 04.03.2012, Sunday, 21:41:35
Епа зато ајде некоја идеја, да се искористи моќноста рационално, и како да го монтирам роторот со циркуларот?? со каиш ?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: GigaWatt on 04.03.2012, Sunday, 21:59:43
Епа зато ајде некоја идеја, да се искористи моќноста рационално, и како да го монтирам роторот со циркуларот?? со каиш ?

Каиш... можеби, но ребраст, за да не се случи да шлајфува каишот ;). Иако редуктор би била најдобра опција, но тешки се за изведба редукторите во домашни услови. Колкав број на вртежи има моторот?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 22:25:16
моторот ти е премногу јак за ваква намена :)
направи убава стабилна рамка од железо со држачи за моторот, стави негде на горната плоча (како работна маса да личи) стави футер (или како се вика веќе тоа држачот за дисковите за сечење) со тоа што на него да можеш по потреба да ставаш и останати такви ножеби (да се менуваат лесно) и би можел да си направиш многу добра работна маса
не мора да е ребраст каишот, убаво ќе го растегнеш ама измеѓу моторот и тоа футерот, не многу ни престегнат да е, пошто ако заглави негде да може да проврти, оти така јас изгорев еден мотор :), заглави не можеше да врти моторот и счади :P
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 04.03.2012, Sunday, 22:41:49
Епа зато ајде некоја идеја, да се искористи моќноста рационално, и како да го монтирам роторот со циркуларот?? со каиш ?

 Колкав број на вртежи има моторот?

 Ќе видам утре номинални големини. Видов напон од 220-290, Струја 2,2 А, и утре ќе видам вртежите.
моторот ти е премногу јак за ваква намена :)
направи убава стабилна рамка од железо со држачи за моторот, стави негде на горната плоча (како работна маса да личи) стави футер (или како се вика веќе тоа држачот за дисковите за сечење) со тоа што на него да можеш по потреба да ставаш и останати такви ножеби (да се менуваат лесно) и би можел да си направиш многу добра работна маса
не мора да е ребраст каишот, убаво ќе го растегнеш ама измеѓу моторот и тоа футерот, не многу ни престегнат да е, пошто ако заглави негде да може да проврти, оти така јас изгорев еден мотор :), заглави не можеше да врти моторот и счади :P

Ќе можи Девил, да нацрташ на паинт како мислиш да изгледа. Вака не те сватив  :) Фала однапред
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:14:04
Еве како би требало да изгледа се тоа
(http://pic.mk/images/l4OB.jpg)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 04.03.2012, Sunday, 23:24:47
А шо е то абрихтер?
А пилата ќе ја сликам утре, оти малку ми е чудна.
И од каде ќе се менват тие пилите (или ножевите да се менват). Мислам дека ме сваќаш шо те прашвам  :)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:26:15
абрихтер е кога имаш некоја не рамна штица и сакаш да ја израмниш ќе ја поминеш преку тоа :)
ќе ти сликам да видиш како изгледа циркуларот кој го имам и ќе ти стане се јасно на што мислам :)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: GigaWatt on 04.03.2012, Sunday, 23:34:03
абрихтер е кога имаш некоја не рамна штица и сакаш да ја израмниш ќе ја поминеш преку тоа :)
ќе ти сликам да видиш како изгледа циркуларот кој го имам и ќе ти стане се јасно на што мислам :)

Нешто како електричен струг ќе му дојде, така?
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Devil on 04.03.2012, Sunday, 23:38:11
да де, ама ова ќе е поставено на работна маса за полесно да може да работи, и со промена на кајшот ќе може да го вклучува или тоа или пилата :)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 04.03.2012, Sunday, 23:41:23
абрихтер е кога имаш некоја не рамна штица и сакаш да ја израмниш ќе ја поминеш преку тоа :)
ќе ти сликам да видиш како изгледа циркуларот кој го имам и ќе ти стане се јасно на што мислам :)

Ко ќе си послободен, не ми е итно, сеа пролетва ќе го прам ова. Сеа за сеа само прибирам идеи, и да ја напрам та работната маса.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Bojan on 05.03.2012, Monday, 00:22:16
прво сега...јас имам комбинирка (абрихтер и циркулар и којзнае што друго има) и моторот е 1.3kW и ми се има случувано едвај некоја даска да ја израмнам со абрихтерот со малце отапени ножеви. така да би ти препорачал да ставиш само циркулар некој за сечење на плочки. тоа да многу се 500W за плочки сечење само, ама ако ти е и утеха ке можеш и некое дрвце да пресечеш. за пренос на вртежите користи каиш дека како што кажа ѓаволот, ако запне циркуларот да проврти моторот за да не цркне. и ако немаш некое искуство со машинство и такви работи би ти препорачал да не чепкаш такви работи дека може беља да се направи. можеш многу пари да дадеш за џабе или недај боже да се повредиш ти или некој друг...
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 05.03.2012, Monday, 00:26:07

Абе не е толку сложено, а е корисно. И башка ги имам деловите, џабе нека не фаќат место, да ги искористам. Барем ќе можам да го користам рационално. Само та пилата незнам дали ќе одгвовара, и запците дали се добри во смисла помали поголеми, наблиску, по надалеку...
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Bojan on 05.03.2012, Monday, 02:07:08
ако го правиш би ти предложил само со циркулар да го правиш, дека нема да има доволно сила и за абрихтер.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: LordZi on 05.03.2012, Monday, 10:05:45
500W не е доволно ни за некој поозбилен циркулар, освен за сечење тенки парчиња, над 16мм иверица тешко дека ќе сече, а и тоа е прашање. За циркулар освен снага треба и поголем број обртаи.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: borce on 12.03.2012, Monday, 01:24:20
Најдобро решение за сеченје плочки и најлесно е со убодна пила  прицврстена на мала плоча свртена со пилата нагоре ,доволна е плоча 30X20cm дебела 2-3mm на неа од долната страна се поставуваат 4 ногалки, на плочата се стега со 4 штрафа пилата и на местото за пилата се дупи една дупка Ф 10mm на пилата се става пила со ситни заби како бонсек и супер најбезбедна работа, кружните пили се многу опасни посебно за лугје што немаат многу искуство со нив, да во кажам една работа познавам многу луѓе што работат со години на такви машини со кружни пили(дограмаџии) и од сите што ги знам повеќе од половина се со некоја повреда најчесто им фали кој еден кој повеќе прсти не си играјте со кружни пили тие се многу опасни јас сега сум дома со некоја работа реновирам и знам ништо кај мие кога кје завршам кје пуштам слики како тоа изгледа да се сечат ППК со убодна пила.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Bojan on 12.03.2012, Monday, 10:26:29
јас со кружна пила сечам даски скоро 5 години и уште ми е страв да не си фатам прст некој при сечење...
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: najdo on 12.03.2012, Monday, 18:58:31
Гледав на нет еден со вакви ножици плочка сечеше.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: GigaWatt on 12.03.2012, Monday, 19:12:09
Хммммм... можно е овие да кржат плочки... барем мене така ми изгледа... ???
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: LordZi on 12.03.2012, Monday, 19:22:38
najdo, закачи ја сликата како што треба за да не ја бришеме...

Иначе со вакви ножици за лим може да се сече само витропласт, ама не ми се допаѓа многу како излегува резот. Пертинаксот пука и не се сече со нив.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ZareBt on 13.03.2012, Tuesday, 00:31:04
И јас шо зборав со проф. за ова сите ми рекоја, дека е опасна работа, да не се нафаќам на овај проект  :-X
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: puknati on 13.03.2012, Tuesday, 00:55:56
Не е воопшто опасно, само да не биде во комбинација си алкохол  :o
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: donis92 on 13.03.2012, Tuesday, 01:03:30
јас плочките ги сечам со маказа за лим сечење и до сеа профи се не сум утнал  :) :)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 05:43:21
А да си купите една ваква и да не се замарате многу со исекотини ;D.

(http://www.nextdaydiy.com/images/products/zoom/1291912836-35887800.jpg)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: triology on 13.03.2012, Tuesday, 06:04:31
да мислам дека ова е најдоброто решение и дефинитивно најбезбедно.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: ggoce on 13.03.2012, Tuesday, 07:16:53
Јас имам иста алатка како што е прикажана на сликата кај најдо, ама не е добра ни малку коа сечам со неа ја крши сол ја прави плочката во што е проблемо незнам, сега ги сечам со тенко бонсече и добро е
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: Gele_PP on 13.03.2012, Tuesday, 11:21:31
Јас сечам со брусалица (мала) со камен како за алуминиум .. не е опасно а прецизно !
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: GigaWatt on 13.03.2012, Tuesday, 14:40:39
Ама правите муабет, како да ќе сечете по 100 плочки секој ден ;D. За еднаш во месец дена, ќе му ја седнете со пиличката ќе исечете и тоа е тоа ;). Е сега, да, не е толку прецизно како со циркуларче, ама и онака тоа чудо ќе оди во кутија, кој ќе го гледа ;). Јас повеќе би обрнал внимание на изработката на кутиите отколку на сечењето на плочката ;).
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: batka on 13.03.2012, Tuesday, 16:31:31
Амин!  ;D ;D Се слагам со тебе - обрнете внимание на *лицето* - односно на кутијата во која оди плочката,поради фунционалност и ефект!! 8)
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: najdo on 14.03.2012, Wednesday, 08:44:46
И јас мислев дека се кршат ама ко шо гледав убо ги сечеше, ама пак несум сигурен.
Title: Одг: Циркулар за сечење на плочки
Post by: batka on 14.03.2012, Wednesday, 14:35:31
Абе,три тома напишавте - земи обичен скалпел ,засечи ја под лењир и на ивицата на масата со еден потег се крши по права линија,Витропластот е малку потежок за сечење па го  обележувам со скалпел од двете страни.Ке ја поминам линијата неколку пати и на остра ивица само ја *сецнувам* плочката надолу по обележаното  и се крши без проблем.