Македонски форум за електроника

Други технологии => Сè останато => Topic started by: dimeski on 13.12.2011, Tuesday, 13:58:25

Title: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: dimeski on 13.12.2011, Tuesday, 13:58:25
ПОздрав колеги
Веќе испратив пост на тема за соларните панели , но сепак не е на одмет  да направам и нова тема , зошто соларните панели и бесплатната енергија се топ-теми секаде.Со обзир на ценава на струја и парите што ги бара ЕВН за приклучок ( кој од Нова година се зборува дека ќе изнесува 1000 евра ), соларните панели и останатите алтернативни извори се исплатливи.
Почетокот на идејата за градба на соларни панели беше за мојата викендица , за која  ми требаа околу 3-4000 евра за да донесам струја.Добив идеја тие пари да ги наменам за соларни панели , ем поефтино , ем беспари струја.
Ама панели од увоз се скапи ?!Па се решив за самоградба ,Навистина , имаше „падни - стани “ со технологијата на производство , ама по 3-4 месеци , успеав..Морав да изградам неколку верзии за машината за ламинација и печење , ама се исплати кога излезе готовиот производ во форма на панел 110 х 100 цм. и карактеристики : 24 в /110 вати.Панелот , едниот тип е изграден од поликристални келии , 72 на број , а другиот тип е со истите димензии , но други карактеристики : 12 в / 120 вати и 36 монокристални келии .Веќе се наместени во неколку викендички  , зедно со акумулатори , контролери за полнење на иситите акумулатори и инвертори за добивање на 220 в од акумулаторите..

Повеќе податоци има на мојата веб-страна
Code: [Select]
www.mfc-solar.webs.com
Ако некој се одлучи да  го прави овој чекор , ќе му порачам , добро да размисли ...
Сите фирми од Америка , Кина и др. земји , од каде ги набавив материјалите бараат голема количина да порачаш , ако сакаш пониска цена , за едно 2 парчина , не се исплати.
Поготово што , изработката на машината за производство бара знаење , скапи материјали , кои тешко се наоѓаат , а самиот процес на производство бара температура од околу 150 степени и вакуум блиску до нула !!!
Звонко

Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: Zdravkovski on 13.12.2011, Tuesday, 14:46:01
ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ  :) колку убаво е сето ова само што стандардот на македонецот е премногу низок инаку за се ќе биде полесно и фотоволтажни панели ќе се местат и соларни панели ќе се местат и ПВЦ и Алуминска дограма ќе се става и стиропор фасади ќе имаме ама пари се нема доволно инаку секој знае како треба и колку е убаво сето ова но да не ме сватите погрешно со ајде нека ти е со среќа и се најдобро
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: dimeski on 13.12.2011, Tuesday, 16:13:53
Благодарам за желбите..
Но сепак би те потсетил на една работа?!
Точно е дека немаме пари , но кажи ми зошто да плаќам јас 3-4000 евра на ЕВН да ми донесе струја , за која работа во светот не се плаќа воопшто , и после ЕВН тоа да го престави како своја инвестиција (иако е со мои пари ) .Кога со истите тие пари ,а и помалку , ќе си направам своја електрана .Мислам дека главен проблем кај нас не се парите , ами прилепчани велат  „ од немукает “ , односно од немање желба ... Јас сум сервисер на телефонски апарати и централи во Прилеп и си бев многу мирен пред да ја почнав оваа работа .7-8 месеци трчам на сите страни ( 2-3 месеци само за локација за соларната централа ) , но пак истото  би го направил .Јас не можам мирно да седам .Ова ми е втор голем  проект во животот ( првиот ми беше пред 18 години , ТОНСКИТЕ ПРИЕМНИЦИ за градските телефонски централи  METAKONTA , кои Телеком ги исфрли од употреба  пред 10-12 години ). Само работа не’ вади од оваа беда во која западна цела МК . Парите сами ќе си дојдат !!! Впрочем и сите членови на овој форум го знаат задоволството кое го добиваат кога некој нивен проект ќе проработи !!
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: batka on 13.12.2011, Tuesday, 16:49:55
Е,па сега барај инвеститори,заштити го патентот и произведувај! Така се работи на Запад,така треба и кај нас. Ако имаш потреба од некаква помош ,повели.
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: GigaWatt on 13.12.2011, Tuesday, 17:46:07
Браво ;), искрено, и јас би се одлучил не некој ваков чекор ако некој ден градам куќа, ако навистина ми бараат 3000-4000 евра за инсталација. Сега за сега сум во станбена зграда, така да, шансите да се монтира вакво нешто и да се сложат сите станари на вакво нешто, се многу мали :S. А што се однесува до цената, таа цена е и на запад. Разликата се само нашите примања. На запад ќе може да постават многу повеќе соларни панели одколку ние што ќе можеме, со што ќе се покрие (до некаде) недостигот на сончеви денови во зима.

За монтажа во големи градови ова е малку неисплатливо бидејќи има многу смог, сончеви денови во зима има многу малку :S. Но затоа, ако се изгради ваква централа на повисоко место место во градот (некоја околна планина или нешто слично), вакво нешто одлично би функционирало ;). Е сега, треба да се земат впредвид и пречките од монополот ЕВН, ЕСМ, МЕПСО кои сигурно ќе ги има (како и нивното влијание на моменталната гарнитура) кои (се разбира) нема дозволат нешто вакво да се изгради бидејќи со тоа им се руши монополот, а да не зборувам за самиот факт дека оваа електрична енегрија ќе чини многу помалку од онаа на ЕВН, ЕСМ, МЕПСО бидејќи одржувањето на овие централи е минимално, а потрошен материјал за генерирање на електричната енергија нема ;).

Кој знае, можеби некој ден навистина ќе има вакви централи низ Македонија ;).
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: dimeski on 13.12.2011, Tuesday, 18:02:00
ОВој производ не може да се патентира , зошто не постои некоја постапка што може да се патентира.За инвеститори , нема потреба , сам инвестирам и помалку ме боли главата  :)  .
Централи соларни во МК ВЕЌЕ ИМА , градени се од увезени панели .Сакав мојата да биде од домашно произведени панели .Но ...
По се’ изгледа нема да ја градам , оваа бирократија кај нас е страшна работа .
Владата ги има повлечено законските акти со кои се издаваат дозволи и лиценци за сета оваа работа , а нови нема донесено .Во Македонија во моментов има 3 централи со голема моќност ( со по над 1 МW ) кои се изградени , ама НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ во системот и луѓето трпат загуба со секој изминат ден ... Ама тоа е Македонија !!! А од Нова Година , повластената цена ќе оди надолу , па ќе ја стави во прашање сета инвестиција  ..Ама добро , мојата намера преку централата да го промовирам производот ќе пропадне , ама производот веќе се рекламира преку досегашните монтажи , па добро е ..
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: GigaWatt on 13.12.2011, Tuesday, 18:08:45
А каде се тие централи? Чиви се, кој ги има изградено? ЕЛЕМ? Приватни се? Не ми е јасно?
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: dimeski on 13.12.2011, Tuesday, 18:16:45
Сите централи се приватни !!!

Ке ти напоменам неколку : Во Штип 250 КW , веќе работи , изградена и од 1 МW ( таа е една од тие 3 ) , Во битолско има исто од 1 МW ,  Неколку во Скопје од по 50 КW , исто во Радовиш од 50 KW .Во припрема се уште неколку ,ама проблемот со лиценците и дозволите  ги кочи  !!
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: GigaWatt on 13.12.2011, Tuesday, 18:24:21
А што е со проектон на владата „мали хидроцентрали“, не може и ова да се стави во таа класа на градби? Не е хидро, ама можеби може, не си размислил околу оваа опција?
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: gerce on 13.12.2011, Tuesday, 18:24:26
Колку што знам јас во Радовиш газдата на Алфа инженеринг кој е сопственик на таа централа веќе продава струја ма ЕВН.Барем така имам слушнато.
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонскl
Post by: gochcommk on 13.12.2011, Tuesday, 18:27:13
еве во македонија
сета работа се врши во Агенцијата за Енергетика и во Регулаторната комијсија
еве линк и тука се сите

Code: [Select]
http://www.ea.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=77&Itemid=72&lang=mk
прозиводители на електрична енергија од обновливи извори (субвенциионирани)

поздрав
Title: Одг: Производство на соларни фотонапонски панели
Post by: GigaWatt on 13.12.2011, Tuesday, 18:43:27
Кодирај линкови !!!