Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Развојни околини => Topic started by: Devil on 13.11.2010, Saturday, 23:47:39
-
Работам не еден проект за развоен систем за пик мцу
главната плоча е готова
додатни плочи сега за сега имам ( не се направени, се надевам во скоро ќе бидат )
I2C Конекција, I/О дигитален и аналоген, LCD, 7 дисплеј ( 4 се )
I2C конекцијата содржи
24xx256 eeprom
DS1307 real-time clock (RTC)
I/O analog
DS18S20 - сензор за температура
LDR
NTC
IR
IR сензор
Buzzer ( незнам како го викате вие )
нешто потенциометри
I/O digital
тастери и лед диоди :)
Релиња
ова е башка подгрупа мислам дека требаше да е кај аналогните (I/O)
4 релиња и 4 оптокаплери
лед индикација кај релињата :)
LCD
плоча за LCD дисплеј ( 2х16- 1х16, 1х8, 2х8 )
се надевам дека подоцна ќе успеам да направам и за touch pad, ама прво да најдам таква фолија
исто така се надевам дека ќе има и за GLCD
Главна плоча
RS232 конекција
USB конекција
Напојувачка секција
лед диоди за индикација на работата ( 3 лед )
џампери за избирање на кристал ( во зависност од програмата и пикот )
3 плочи за 3 вида на пикови, 18 пина, 28 пина и 40 пина
може да се направат и повеќе плочи но ова се најчестите
Е сега од вас барам идеа што уште да додавам некој предлог нешто што може да се направи плус :)
-
Може да ја сликнеш плочата? ;D
-
сега засега не, ќе ти дам слика од друг што ја направил да видиш како изгледа
заборавив да напоменам ова не е мој проект, јас само си го прилагодувам за моите потреби :)
(http://pic.mk/thumbs/p105051289689755.jpg) (http://pic.mk/?v=p105051289689755.jpg)
еве со неговата фул опрема
( ако забележавте и ќе користам слични како неговите )
(http://pic.mk/thumbs/p1050656.jpg) (http://pic.mk/?v=p1050656.jpg)
-
Mмммм,убо изгледа :D,а за што се користи,за програмирање на пикови,така?И што ќе ти се тие другите „додатоци“ што ги наведе погоре?Тие,потенциометри,buzzer-и,IR сензори итн... ;D
-
па како за што ќе ми се, ова е развојна околина ( како easy pic ) така да се ќе си најде своја примена
зошто на секое да правам плоча за да испробувам нешто дали ќе работи кога вака едноставно можам да ја користам едната плоча и да си работам, само што за секој склоп ќе си има различни додатоци уклучено на неа
се мислам за нешто со екран од нокиа 3310
ама незнам како ќе биде изведено, незнам каков е дисплејот :)
треба да видам дата шит
-
Брее мајката ова има бајаааааги делови...Кузне колку пари ќе фрлиш за ова... :DТи што викаш,колку ќе те фати се на се? :)
-
лееееј, закон ова бе...за ова го спремаше тој real time clock-от што викаше дека изненадување ке биде??? и баш е изненадување, едвај чекам да дадеш шема и плочка за ова за да може и ние да ја направиме :D
-
да за него го спремав, пари нема многу да фрлам голем дел од деловите веќе имам ;D
ова е проект планиран веќе подолго време :)
-
кога ке има шеми/плочки и такви работи на форумов??? :D а и зашто се тие плочките горе десно што има само еден кондензатор на нив??? а и како што приметив, тука нема нешто со оптокаплери, ти го правеше тоа???
-
па да ја направам главна плоча целосно и да направам бар една додатна и ќе постирам се материјал што имам :)
и сега дајте некоја идеа плус што би можело да се направи
-
тастатура некоја направи....
-
овој развоен систем ке биде за тестирање на нови софтвери кои би ги пишувал ? Па да видиш дали ке работи добро
-
и за тоа може, и за учење
да се научиш да програмираш пикови
ова би ме коштало максимум 50E
а EasyPIC6 е 150-200Е
плус со ова си тренираш електроника, плус чувството да направиш нешто сам не е исто со чувството да купиш веќе готово ;D
планирав некоја тастатура 4х4 или 5х4 па ќе видиме како ќе биди
-
а и па со тек на време како ке ти се јавува потреба така ке правиш додатоци...сега за сега направи ги тие неколку 4-5 колку што има, па после тоа додавај некои како што ке ти доаѓаат идеи...
-
па и така можи, но да имам јас во предвид што би можело да се додава
ова сега засега се некој почетни никакви додатоци, со тек на време ќе ги надградувам
да најдам нешто за ethernet и тоа ќе направам :)
gps и gsm не верувам дека ќе успеам да направам сложено некако е
би можел да направам некој склоп за RF пренос на податоци еден предавател и еден приемник
-
Девил што направи,постави FT232 УСБ чип се продава ефтин е!Имам дома јас и ете ти контрола со УСБ,не само со РС232!Исто така постави за 80 пински микроконтролери како да кажам под агол што се(како рамот на компјутерот)!!Ете моја идеја!Исто така постави и за тач скрин контрола ако ти треба шема имам!(од Еасу ПИЦ6)!
-
и јас ја имам за тач од изи пик
а дали кај нас има FT232 ?
-
и јас ја имам за тач од изи пик
а дали кај нас има FT232 ?
да има!инаку спреми го однеси ги плочките да ти ги направат во фабрика,како да ти е купено ќе биде!
Инаку ке го правиш со тач??
-
сега за сега не дека тешко се наоѓа тч фолијата кај нас, а и дисплеите не се толку ефтини
-
Секоја чест Devil, со среќа! ;)
-
ја има во Логинг фолијата,купија а има и конектор!
Инаку добра ти е идејава!Направи го
-
на плочата има за конекцијана усб порт но само за оние микроконтролери кој го поддржуваат тоа
-
PIC18Fxxx па се нагоре!
-
знам, пик кито ми е со 18Ф2550
само не секој може да работи со усб , малку ќе му биде посложено
-
знам, пик кито ми е со 18Ф2550
само не секој може да работи со усб , малку ќе му биде посложено
да треба пиновите да се погодат,но и да им поставиш како на развојните системи што има со џампери и Дип свитчови!Така ќе биде подобро!
-
Дојде време да ја оживееме малку темава :)
плочата (основата) е готова, и еден од адаптерите за PIC, на ред се додатоците, еве слики од плочата заедно со адаптерот
(http://pic.mk/images/thumbs/fczx.jpg) (http://pic.mk/images/fczx.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/ZkiWU.jpg) (http://pic.mk/images/ZkiWU.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/ipCv.jpg) (http://pic.mk/images/ipCv.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/56zRT.jpg) (http://pic.mk/images/56zRT.jpg) (http://pic.mk/images/thumbs/4pqC.jpg) (http://pic.mk/images/4pqC.jpg)
гледате одозгора на плочата си означив што е што за да не ми се меша после при работа :)
инаку, плочата е од оваа страна
http://sergiols.blogspot.com/2009/10/multiboard-pic-trainer-20.html