Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: bicikle on 14.05.2014, Wednesday, 16:01:06

Title: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 14.05.2014, Wednesday, 16:01:06
Вчера ги местев лустерите и нели сијалици ставив.. Е сега лустерот беше со 2 сијали. Одкако ги наместив приметив денка едната постојано светка на 10-тина секунди, инаку станува збор за штедливи сијалици.
На прекинувачот што е на ѕид се исклучува нулата, а фазата е постојано врзана(така е наместена инсталацијата уште пред 50 години.. ). Ме заинтересира оваа пјава, да не има некој идеа што може да биде?
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: Trolko on 14.05.2014, Wednesday, 16:48:49
Нова сијалица :)
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: GigaWatt on 14.05.2014, Wednesday, 16:55:03
Вака трепка и кога е изгасен прекинувачот или само кога е пуштен? Користени се претхнодо сијалиците или нови се? Фасонките се нови или користени?
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 14.05.2014, Wednesday, 20:30:55
Кога се е исклучено. Има два сериски прекинувачи, двата ако се исклучени- не трепка, а било кој и да е пуштен трепка.. нови се и сијалиците и фасонките.
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: Toma on 14.05.2014, Wednesday, 20:43:38
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11769.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11769.0)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11769.msg101656#msg101656 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=11769.msg101656#msg101656)
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 14.05.2014, Wednesday, 21:56:32
Нема тлеалка, а тешко дека би ај преправал сета инсталација, гад демет е ... чудно е што на 10 секунди (т.е.) во исти интервали трепка по малце... а другата паралелно ан неа не свети. Може фазата да ги полни р-ц елементите внатре и да сака да запали ?
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: MarkoMK on 14.05.2014, Wednesday, 22:03:44
Не треба целата инсталација да ја преправаш. Сигурно има некоја дозна над прекидачот или незнам, на таванот... побарај, и само треба да ги замениш фазата и нулата.
Не ми се верува тоа прекинување да е направено во ѕид или некаде на недостапно место...
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: Bojan on 14.05.2014, Wednesday, 23:47:04
така една сијалица трепкаше кога бевме на одмор...штедливи сијалици беа и баш само едната трепкаше. муабетот беше или нема ич да трепка или како жмигавец трепка...решивме проблемот со гасење на осигурачот од табла пред спиење :D и види пробај смени ги сијалиците една со друга и види дали пак истата сијалица ке трепка...
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 15.05.2014, Thursday, 00:07:00
ами попара е цела инсталација.. пред 40 години е местена... ако ги менува ќе треба секаде да ги менува.. додуша може и само зад струјомерот жиците, ама ако орвара толку ќе треба и земјата и нулата да ги одваја(на маната)... мене повеќе ме интересира појавата, него решавање на проблемот, во ходник е така да никому не смета, а и не е нешто интензивно светкање...
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: KiloVolt on 15.05.2014, Thursday, 13:58:01
мене ми се има истото случено, ивица.с ми помогна да го најдам проблемот. Целата инсталација ви е згрешена, фазата и нулата на прекинувачот ти е згрешена. Кај штедливите сијалици, има еден поголем  кондензатор ставено за да го регулира палењето, тој е ~4,7uF при 400V. Дури и кога е изгасната нулата, низ фазата тече некоја минимална струја која го полни тој кондензатор, а потоа наеднаш тој се празни низ флуоресцентната цевка. Види на фацонката со фазомер дали кажува фаза ;) Ако има, треба да смениш жица на прекинувачот (секако, доколку ти смета... ;D) 95% сум сигурен дека тоа е проблемот ;) ;)
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 15.05.2014, Thursday, 22:00:16
100% има фаза постојано.. И ај ан тоа сомневав али реков ај ако му се има десено на уште некој...
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: Toma on 15.05.2014, Thursday, 23:19:07
Quote from: bicikle
...100% има фаза постојано..
И како може да протекува струја ако има само фаза...лета преку воздух ! ...има многу влага !....нулата е заземјена преку водоводната инсталација а истата со бојлерот !...или има некој „ѓавол„ ...
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: GigaWatt on 16.05.2014, Friday, 01:46:52
Има електроника за стартување во тие сијалици, исто како неонките со електронски стартер. Можно е некое коло да се затвора преку греачите за загревање на гасот... или да се створува некоја индуктивна спрега преку осцилациите на фазата и таа да дава некој напон кој го става гасот во делумно проводна состојба... кој знае. Сепак, иако директно не се затвора колото, фазата е на релативно висок потенцијал во однос на се останато околу неа.

Не знам... не сум премногу навлезен во ова, не сум сигурен, ама имам чуено за слични сутации со CFL-ки при изгасен прекинувач, затоа и прашав дали ова се случува со изгасен прекинувач. Најверојатно и во оние ситуации за кои сум чул има сличен проблем со електричната инсталација, се прекунува нулата а не фазата.
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: bicikle on 16.05.2014, Friday, 07:28:32
@Toma ако прочита погоре нулата и земјата се ми се споени.. НЕ е баш добра инсталацијата, ама ако ја правам за сијалиците треба цела да ја преправам. Што дека само фаза и нула за сијалиците ќе менам?
Е сега ако размислите малце подлабоко прекидачот е и кондензатор со многу мал капацитет-нели? па може да е доволо за на секои 10-тина секунди во кондензаторот да се набие доволно напон за да трепне сијалицата. Многу малце трепка. Затоа не ја сакам новава технологија.. Ја плаќаш сијалицата 200-300 денари и штедела.. Си платил 6 месеци струја за неа унапред. Башка што горат побрзо од класичните. Начесто кондензаторо тој што е на 400в 2-3 микро се подува и гори осигурачот. Ако имате отворено од овие штедлививе едната жица е всушност 0,1-1 омски отпорник и глуми осигурач..
Title: Одг: Трепкање на сијалица
Post by: KiloVolt on 16.05.2014, Friday, 08:01:37
Всушност, прекинувачот што глуми кондензатор со многу низок капацитет, пропушта многу малку струја низ него, скоро неприметлива количина, но таа енергија се чува во тој 3-4 uF кондензаторот кој кога е наполнет, се празни низ цевката, а тоа е доволно да трепне сијалицата...