Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: najdo on 03.01.2013, Thursday, 19:06:18
-
Имам проблем со летрикот, нешто ми замириса па кога го отворив двата отпорници беа вчадени, менав други од 10 Оми, ама почнаја и тие да греат и одма го исклучив од полнач. Оргиналните беа 4 појасни и сите бои беа како темно кафеави, според боите иди отпорник од 110 Оми, а ко ги измерив кажва вредност од 11 Оми.
(http://s9.postimage.org/az1gimw0r/DSC_0100.jpg) (http://postimage.org/image/az1gimw0r/)
Еве линк од летрикот:
http://www.service.targa.co.uk/dokumente/63824_Acculamp_PAH25A1_GB_IE.pdf
-
Имам проблем со летрикот, нешто ми замириса па кога го отворив двата отпорници беа вчадени, менав други од 10 Оми, ама почнаја и тие да греат и одма го исклучив од полнач. Оргиналните беа 4 појасни и сите бои беа како темно кафеави, според боите иди отпорник од 110 Оми, а ко ги измерив кажва вредност од 11 Оми.
Можно е да не се познавале убаво боите на старите (изгорените), па тука да си се збунил и да си мислел дека станува збор за отпорници со поголема вредност. Инаку, ретко се наоѓаат толку моќни отпорници со таа вредност, околу 100ohm-и. Најчесто во уредите толкави моќности имаат отпорници со отпорност до 10-тина ohm-и.
Од плочката се гледа дека тие прилично си грееле и дека така биле наменети „нормално“ да работат (се штеди на се, па и на моќност на отпорници ::)). Најверојатно таму требало да има помоќни отпорници. Ако отпорниците не покажуваат на омметар дека се прекинати или во краток спој, измери ги (мислам на старите) и замени ги со онолкава вредност колкава што покажуваат, но со дупло поголема моќност (овие изгледаат на 1W-ни или на 2W-ни, стави им 5W-ни).
-
Добро, ама летрикот купен е веќе две години и да знајш секој ден е користен, и мислам дека е од добра фирма и досега немало проблеми.
-
луѓе...што е летрик??? ::)
-
ма немој бре да ме ј*беш .... како на линкот шо го имам поставено таква направа, во битола барем јас колку шо знам така ги викаме.
-
луѓе...што е летрик??? ::)
Лампа на батерии ;D. Изгледа тоа ќе да е ;D.
Добро, ама летрикот купен е веќе две години и да знајш секој ден е користен, и мислам дека е од добра фирма и досега немало проблеми.
Тоа ништо не значи ;). Ако си работел добро, тоа не значи дека бил добро дизајниран ;D. Бил направен да тера неколку години ;). Еве, терал две, отпорниците си грееле и грееле и на крајот си морал да ги менуваш ;).
-
да тоа е ламба на батерии, ама кај нас се вика летрик оти ламба е широк поим :D
-
Во Кавадарци ова ламба на батерии ја викаат * елентрик *,а во Велес -*фенерче* ;D
-
хаха фенерче, памтам порано на село ко ме ми речеше дедоми донесиго фенерчето, му ја носев газијената ламба, ех шо времиња беа.
-
Му сменав од 10Оми/5Вати ама пак почуват и тие да греат, да не е до батеријата ?
-
Му сменав од 10Оми/5Вати ама пак почуват и тие да греат, да не е до батеријата ?
Ако работи се како што треба, не, не би требало да е проблемот до батеријата ;). А колку греат, многу? Не може да се допрат? Потемнуваат?
-
измери напон на краевите на отпорникот и пресметај моќност (P=U^2/R) ако моќноста е помала од 5W тогаш е ок, ако е поголема од 5W тогаш има некој друг проблем.
-
Средено е, до батеријата било, само бев во алфа, таква иста батерија со иста димензија нема, па треба да го зеам летрикот и ако можи пластиката да се поткрши малце да се напасова поголема батерија.