Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: tefe_negro on 04.02.2013, Monday, 19:30:39

Title: Проблем со машина за перење алишта SEG WC0450B
Post by: tefe_negro on 04.02.2013, Monday, 19:30:39
Не ми е најсилна страна ама ми треба помош што побргу. Машината е SEG изгорена беше електрониката набавив нова и ја монтирав. Проверив претходно се електромагнетниот вентил за вода,греачи,пресостат,прекинувач на вратичката се е ок и ја наместив електрониката. Проблемот сега е што на било која програма која ја вклучам машината се активира пумпата за исфрлување на вода и не се исклучува . Никакви други знаци не покажува. Ако има некој било каква сугестија или конкретен одговор слободно нека постира. Благодарам
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: denis on 04.02.2013, Monday, 21:26:18
Drugar probaj restartiraj ja elekotronikata i mislam deka ke bide ok togas.

Пишувај кирилица!
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: Teslakr on 04.02.2013, Monday, 21:28:25
Дали ја остави машината подолго време да поработи и дали ќе исклучи сама пумпата. Друго пробај завртиго бирачот на последната програма најверојатно е само пумпата да работи или со комбинација на центрифуга, но како и да е пуштија од последната програма треба да работи пупата подолго време и да исклучи. Електрониката ја зема нова или е половна извадена од некоја машина:? Магнетната брава не е затоа што нема ни пумпата да работи и пробеври дали се заклучува вратата. Друго како провери дека електромагнетните вентили се добри?Мериги со унимер. Извадиго тенкото цревце од хидростатот и дувни на него можеби тој да е заглавен на високото ниво каде што пумпата нонстоп ќе работи, и провериго тој контакт од хидростатот да е во спој со некој од другите контакти на него.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: miki obod on 04.02.2013, Monday, 23:36:36
најверојатно  некој конектор немаш поставено на плочката.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: tefe_negro on 05.02.2013, Tuesday, 02:35:36
 се заклучува вратата и се отклучува,хидростатот го дував фунционира не  е заглавен пробував на сите програми во комбинација со центрифуга и ништо . Само пумптата за исфрланје на вода се вклучува и не се гаси. Електрониката е нова. А магнетните вентили имаат 3к оми отпор. Машината е SEG модел WC0450B
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: GigaWatt on 20.02.2013, Wednesday, 19:26:10
Washer Water Inlet Valve Testing (http://www.youtube.com/watch?v=-661-1NbYZ4#ws)

Washing Machine Water Inlet Valve Test (http://www.youtube.com/watch?v=2Zc6NCTAF1U#)
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: gerce on 21.02.2013, Thursday, 00:14:47
Да не е некое реле за пумпата отидено со залепени контакти или пак ако е триак да е пробиен????
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: tefe_negro on 21.02.2013, Thursday, 01:00:48
 Јас мислам оти е програмата . Пгораматорот е нов ама изгледот е малку поразличен од старата плочка. Не јавува никакви ерори мислам на трепкање на сијалички и такви работи кои се наведени во упатството . Единствено кога ја стартуваш било која програма се вклучува пумпата за исфрлање вода и континуирано работи без престан. Се пали лед диодата за старт на програмата и останува така.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: GigaWatt on 21.02.2013, Thursday, 06:49:47
Бидејќи не се разбирам од машини за перење, можеби ова прашање ќе звучи глупаво, но како се активира вентилот за вода, преку реле или преку триак? Во било која од двете ситуации, ако станува збор за микроконтролерска контрола, еден од пиновите на микроконтролерот се користи за давање на командата (сигналот) за активирање на релето/триакот. Дознај дали тој излез ја менува својата вредност ако се активира определена програма за перење, и ако се менува, дали ја држи таа вредност константа цело време (за времетраењето на програмата). Ако е ова точно, тогаш да, имаш проблем со софтверот во микроконтролерот. Ако можеш да најдеш EEPROM dump од софтверот, можеби и ќе може да се оправи машината за перење ;). Ако микроконтролерот не ја менува состојбата на пинот за контрола на релето/триакот при пуштање на определена програма, а вентилот сепак се пушта, најверојатно имаш проблем со околната електроника за контрола (оптокаплер, транзистор или комбинација од двете... се зависи од тоа како е изведено активирањето на вентилот/вентилите).
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: tefe_negro on 22.02.2013, Friday, 11:25:05
Машината е SEG WC0450B  и никаде нема никаква информација за неа   ::)
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта SEG WC0450B
Post by: GigaWatt on 22.02.2013, Friday, 15:17:26
Добро де, тоа не значи дека не можеш да ја отвориш и да го провериш она што ти го пишав во претходниот post.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта SEG WC0450B
Post by: Teslakr on 22.02.2013, Friday, 15:29:03
А знаеш ли што беше изгорено на таа старата електроника, види пробај неа оспособија.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта SEG WC0450B
Post by: fadil on 25.07.2013, Thursday, 10:21:22
Електронската табла од машината со модел SEG WC0450B ми се расипа, дали знаете каде можам да набавам нова?

Благодарам однапред.
Title: Одг: Проблем со машина за перење алишта
Post by: didy on 25.07.2013, Thursday, 14:13:09
ситепонови перални со електроника прво се активира пумпата па потоа почнува прима вода.
дали ги вадеше жиците од пресостатот: или провери дали ти се добро конектирани.
во најлоша комбинација овластен сервис.
Не е нешто ефтино за експерименти   ;D