Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: LordZi on 13.10.2015, Tuesday, 17:02:53
-
TI прекинува со производство на голем број популарни аудио интегрални кола меѓу кои LM386, LM3875, LM3876, LM4780, LM1876, еден куп мали операциски засилувачи и уште многу други... >:(
Купувајте додека уште има...
Комплетната листа е дадена подоле:
-
а зошто, имаат наведено образложение ?
-
Што сакаат може да пишат како образложение, причината е кратење трошоци на грб на производите на National - повеќето на листата се негови ИК - исто како што направија после купувањето на Burr-Brown, кој правеа едни од најдобрите аудио ОЗ...
-
Политиката е јасна - производителите на електроника се префрлени на нови SMD кола и на чипови "се во едно" а од друга страна хобистите не се доволен пазар за големите компании кои произведуваат интегрирани кола. Порано ситуацијата беше друга, имаше далеку поголем број на хобисти и далеку помали компании.