Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Бела техника => Topic started by: 112233 on 02.04.2015, Thursday, 12:27:51
-
Сијалицата е користена 2-3 недели и сега почна да трепка.Па ме занима дали има некое решение ,како може да се отворат овие сјалици?
Модел Stedljive sijalice Horoz 25W
-
Имам отворано вакви сијалици , тешко се отвораат а уште потешко се затвораат. Искрено, немам сретнато некоја што трепка , како во твојот сличај , кај мене сијалицата беше исцрнета (изгорена) внатре. Воопшто немој да се мачиш, а башка што може при работа да ти пукне во раце.
Баш интересное што овие сијалици само ги викаме штедливи .... а воопшто не се. Овие сијалици се минимум 200 ден парче, а тоа е >10 пати поскапа од обична. Дали оваа ,,штедлива'' сијалица е 10 пати потрајна од обичната и дали е 10 пати со помала моќност од обична, а да дава иста светлост - одговорот е НЕ. Ова се приказни за мали деца. Се знае како се штеди ел. енергија , главните потрошувачи (термоакумулациона печка, бојлер ,клима, греалка, ел. шпорет и др) да ги вклучуваме колку е можно повеке во временски интервал од 22 00 - 06 00 , кога е ефтена струја. Еве ви еден штедлив пример: наместо на електричен шпорет , кога правите кафе , правите го на плин (најмали оние боцички, тие не се опасни) и ке заштедите повеке одколку сите сијалични места да ги замените со вакви ,,штедливи'' сијалици , кој се расипуваат за две недели.
- Имам читано на повеке места дека сијалиците со неонско светло се канцерогени.
-
На интернет има многу туторијали за поправка на штедливи сијалици. Полесно се отвараат ако се засечат малку со бонсек или пиличка на спојот. Некогаш знае да распука пластиката. Прво се мери отпорноста на грејните влакна која се движи околу 10 ома. Ако едно од грејните влакна е во прекин преостанува да се чува електрониката. Стаклениот дел (обично е спирала или во U форма) внимателно да се отстрани. Многу често мрежниот електролит/електролити знаат да бидат исушени и со замена да се реши проблемот. Грејните влакна се во серија поврзани со кондензатор околу 2-6 nF/1200-1600V кој знае да биде во кратка врска или да изгуби капацитивност. Со негова замена исто така може да се реши проблемот. Ако има друг дефект прегорени транзистори, отпорници итн не продолжувам затоа што не сум имал успешност во поправките. Штедливите сијалици се навистина штедливи од мое лично искуство. Не е за потценување никој потрошувач иако на големите потрошувачи треба повеќе да се внимава. Во нив има пареа од жива и тоа ги прави да бидат “незгодни“. На ова треба посебно да се внимава ако пукне стаклото. Канцерогеноста е секаде околу нас и е пресметан цех на модерниот начин на живеење. Користењето на штедливи сијалици на крај се сведува на личен избор.
-
Во принцип, ова се неонки со електронски стартер и убаво спакувани во куќиште што може да се намонтира во обична фасонка. И да, се сложувам, овие сијалици се се, освен штедливи.
-
Потполно се зогласувам, многу лесно се расипува електронскиот стартер, и за тоа што постои заблуда дека се канцерогени: Воопшто не се, освен ако не ти пукне и да "избега" пареата. Некој спомна дека биле канцерогени додека работат затоа што испуштале X-зраци, глупости, најмалите бранови должини што може да ги испишта, сепак се во мали количини и во UV спектарот. И зошто никој не беше загрижен со старите неонки, туку сега се спомна нешто за овие и ги критикуваат.
Сепак, членот не кажа со колкава фреквенција е трепкањето, што би можело да биде многу корисно при решавање на проблемот.
Патем, во врска со електронските стартери, имам монтирано во работилница множач на напон до кај 800-900V со 0,68uF 500V кондензатори и диоди 3А 1000V, и директно ја стартува, нема потреба од стартер, пригушница, (тоа што се мали кондензаторите ја ограничуваат струјата на излез...) ни од ситна ранлива електроника, грејачи и.т.н.
-
не е стартер него е конертор, и тука е проблеммот. Друга работа погодни се затоа што работат на високи фрекфенции над 10кхз, па трепкаат со таа фрекфенција. Штедливи ги викаат затоа што се ЕФИКАСНИ т.е. имаат високо полезно дејзтво затоа што фрекфенцијата е во резонанца со гасот. Мене лично не ми се допаѓа светлината и не ги користам воопшто.
-
сјалица :D :D :D
-
Станавме како Кајгана 8)
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-се-исплатува-замена-на-обичните-со-штедливи-сијалици.66053/
-
Каша-попара :)
-
Koга сме кај штедливите сијалици еве нешто интересно околу тоа дали се еколошки или не и што да се прави ако се скрши.
The Dangers Of Compact Fluorescent Light Bulbs (http://www.youtube.com/watch?v=LYKobhX2X5A#)
Radioactive CFL Light Bulbs (http://www.youtube.com/watch?v=ZOGpn1mhUPo#ws)
CFL Light Bulbs Are Dangerous When Broken (http://www.youtube.com/watch?v=CPTbSRF-Yb0#ws)
-
За се друго можеме да спориме до утре сабјле дали штедат,издржуваат, штетност.... ама за ова
Еве ви еден штедлив пример: наместо на електричен шпорет , кога правите кафе , правите го на плин (најмали оние боцички, тие не се опасни)
си во голема заблуда пријателе !
Една таква боца е околу 30 ден и собира околу 200 гр. пропан бутан што во најдобар случај ќе изгори за максимум 2 часа а не гори толку долго од каде ти доаѓа дека 1 час горење на боцата ќе те чини 15 ден. а 1KWh во скапа тарифа е 6,6 ден. Натаму прави математика по твое. (друга е математиката за пропан бутан во боци каде моменталната цена на гасот е 28 ден за литар).
-
- Здравковски , врска немаш што зборуваш. Дали знаеш колку време ке и треба на ринглата за да се загрее до таа температура за да почне да се грее гезвето (водата), па потоа додека постигне 100 степени да заврие кафето, а најлошото е што по исклучување на ринглата , таа останува топла неколку десетици минути потоа - а тоа е изгубена енергина безпотребно. На плин кафето зоврива за 2 минути (буквално), ке ти поставам и видео клип ако сакаш. За 2 минути ринглата не е ни загреана ...
Значи , ние трошиме ел. енергија од почеток на вклучување на ринглата , се додека кафето не го тргнеме. А тоа е во просек 15-тина минути (а тоа е четвртина од час , а ако ринглата е 2kW таа троши 0,5 кW за 15 минути)
30 ден = 1 плинкса боца
5.6 ден = 1кW ( дневна тарифа)
Па од тука излегува:
0,5кW x 5.6 ден = 2.8 ден / кафе
30 ден (пл. боца) : 2.8 ден = 11 кафиња
што значи , споредбено , дека од една плинкса боца би требало да направиме 11 кафиња. А од една плинска боца може повеке од 30 кафиња да напраиме.
30 ден : 2.8 ден = 11 кафиња
Здравковски , ако имаш подобро објаснување , повели објасни ... за наше добро е.
п.с Што би варел на мала плинска боца 2 часа , ти се молам кажи ми/ни ?!
-
Ајде по мирно малце. Без избувнување.
-
Мислам дека плинот има ефиканост од 3%, толку бтрем има окси-ацитиленски уред за заварување, наспроти 95%+ ринглата од шпоретот... али во цена тука негде би требало да дојде...
-
Не ме разбираш bicikle , сакам да кажам , конкретно за правење кафе , или просто кажано за трка на кратки патеки , многу поефтино е плинот од ринглата. Инаку , штотуку мерев со штоперка , точно 1:43 зоврива едно кафе на плин. Повелете ... ;D
-
Не ме разбираш bicikle , сакам да кажам , конкретно за правење кафе , или просто кажано за трка на кратки патеки , многу поефтино е плинот од ринглата. Инаку , штотуку мерев со штоперка , точно 1:43 зоврива едно кафе на плин. Повелете ... ;D
Колку за пример
Не кажа колкаво е ѓезвето,големината на филџанот (количина на вода),каква вода (од чешма или флаширана),дали има шечер,големина и јачина на ринглата,видот на кафето,температура на водата на почетокот на варењето...
Сите овие параметри имаат влијание на конечниот резултат....
Муабетов ми беше дека муабетото ви е без основа.
До ,,чаушите,, (админите) ;)...Потерајте го часовникот на форумот за 1 час,уште работите во минатото ;D
-
Батки,абе премногу офф топик отидовте - темата е штедлива сијалица,а не докажување на што поевтино се вари кафе!! Ако минете низ Велес побарајте ме ,јас ке ви сварам по едно кафе и мир! 8)
-
Batka , на што ке го вариш , на рингла или на плинско ?! ... ако го вариш на плинско да поминам , а ако не , немам намера да учествувам во априлска сметка од EVN :D
-
Што береш гајле!? Ако има сонце на сонце ке го свариме ( имаме и сончев колектор) 8)
-
поентат е еефикасност и штедливост. Накратко, да не тупам сите математики тука. Една сијалица жичана е 20 денари, една штеливка е 200, значи за да се докажи дека е исплатлива треба да работи минимум 5 пати подолго за да биде горе-доле 0 на 0, другите 5 пати т.е. 100 денари ќе си ставиме за трошак на струја. Да не прајме муабет дека за една волфрамова сијалица потребни се на пр 50 ват-часови енергија, додека за една штедлива потребни се многу повеќе ват часови,, далеку многу повеќе...