да почнеме од почеток ке се обидам не да копирам туку убаво да ги објаснам појавите - да ги изџвакам
ШТО СЕ Thiele-Small ПАРАМЕТРИТЕ?Тоа се збир на параметри-физички и електрички карактеристики на одреден драјвер(звучна единица). Крстени се според двајцата научници кои први истражувале и дале конкретни формули и вредности, правила на физиката за операцијата на звучниците. Имаат универзални ознаки и ке ги објаснам накратко секоја од нив и што значи. пред тоа малку околу звучниците.
Секој звучник е резонантно тело. Составено од тежина на мембраната, еластичност на спајдерот и сараундот(акустички). Од друга страна е резонантен систем бидејки имаме калем кој поминува низ магнетно поле-магнетна пукнатина(електрички).
Fs (резонантна фреквенција) -
(теорија) Фреквенција на која драјверот осцилира најсилно. На оваа фреквенција се однесува како резонантно тело кое има тенденција да резонира слободно, и со најмала побуда.
(пракса)За жал, оваа фреквенција и диктира колку длабоко би можел да свири звучникот бидејки под оваа фреквенција, многу тешко може да се контролира звучникот од страна на засилувачот.
Мерна единица е херци - Hz
Vas (воздушна комплијанса)-
(теорија) Ја укажува еластичноста на спајдерот и сараундот споредена со еластичноста на ист волумен воздух.
(практично) Овој параметар кажува колкав волумен на кутија ке "бара" драјверот, за да биде искористен максимум потенцијалот. Голем Vas-голема кутија и vice-versa.
Мерна единица е литри - L
Qts (тотален квалитет на резонантно тело) -
(теорија) Параметар кој прикажува колку резонантното тело - драјверот, има способност да резонира слободно на својата фреквенција Fs и да ја зачувува енергијата. Состевен е од Qms и Qes
(пракса) Параметар кој кажува за каква кутија е драјверот, колку добар е моторниот систем (магнет,спајдер,сараунд и тежина на мембрана).Ова е бездимензионална вредност. Добри дајвери имаат вредности од 0.3 до 0.5.
SPL (ниво на звучен притисок) -
(Теорија) Укажува колку драјверот е ефикасен-осетлив. Означува колку децибели звучен притисок може да произведе со само еден ват.
(пракса) Поосетлив-подобро. Се означува со децибели-dB. Добри драјвери имаат SPL со вредности од 87dB па нагоре. Со друг збор опишува колку е "гласен" звучникот.
Z (Импеданца) - Бидејки имаме калем, кој има свој индуктивитет, поставен во магнетно поле, нормално е драјверот на различни фреквенции да има и различен отпор. Се мери во Оми.
Re (отпор) - Чист отпор на калемчето во самиот звучник
Xmax (максимум од на мембраната) - Параметар во кој се опиќува колку може да патува мембраната нанапред или наназад и при тоа да не излезе од магнетната пукнатина. Доколку излезе, тогаш се јавува нелинеарна дисторзија односно засилувачот не може веке да ја контролира мембраната. Се пресметува така што се зима висината на калемот (намотаната жица) и се одзима дебелината на предната метална плоча, а потоа се дели на два.
Pe (моќност)- Номинална моќност на звучникот означена во вати
Sd -плоштина на самата мембрана од предната страна.
Dia (диаметар) - дијаметарот на мембраната мерена од половина на сараундот.
Споено мислење: [time]30 Ноември 2014, 23:47:12[/time]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10691.msg91113#msg91113
Линк на форумов како се мерат ТС параметрите напишано од Doca.