Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: munja on 21.02.2017, Tuesday, 22:55:49
-
Како што гласи насловот сакам да поврзам 3 боом тв ресивери на една антена дали е тоа возможно и како да се направи тоа?
-
Ти треба сплитер, како на сликата. Може да се најде на многу места... на пазарче, продавници за електронски компоненти, кабелските оператори ги имаат на тони.
(http://www.mediafire.com/convkey/7dce/arsmo3yaue05jovzg.jpg)
-
Го имам ваков сплитер наместено кабелската ја делам така сега ке се земам боом а имам една антена и не бев сигурен дали ова ке заврши работа да не е слаб сигналот бидејки од кабловските користат засилувачи а јас нема да користам ?
-
Не би требало да има проблем, слабеењето би требало да биде мало во опсегот во кој се користи сплитерот. Ако имаш 3 way splitter, искористи го тој. Ако имаш два 2 way сплитери, врзи ги во серија и двата и ќе добиеш три излези. Ако замрзнува и сецка сликата, земи еден 3 way и не би требало да имаш проблем ;).
-
07MM-GM03 Specifications
Insertion Loss 6.5-9.5dB
https://mmassets.objects.cdn.dream.io/downloads/brochures/07mm-gm03_brochure.pdf
Потребно е да се објасни оваа Insertion Loss 6.5-9.5dB.
Јас сум по практика, теоријата за теоретичарите, да објаснат што значат бројкиве 6.5-9.5dB !
-
Слабеење на сигналот (влез --> излез) во опсегот во кој е дефинирано дека работи сплитерот (5 - 2450MHz).
И патем, не мислев дека треба да набави баш таков сплитер како на сликата, туку дека најдобро е да набави 3 way сплитер. Сликата ја најдов преку Google search, не го барав конкретно тој сплитер.
Инаку, и не е баш паметно да го набави баш тој сплитер од сликата бидејќи на едниот излез има power pass through, за уреди кои се напојуваат преку кабелската мрежа, така да, можно е при електрични атмосферски празнење да настрада баш тој уред кој е врзан за тој излез... во случај антената да е поставена на отворено. Не дека со некој сплитер кој нема ваков излез нема да настрадаат уредите, туку муабетот е дека во конкретната ситуација, подобро е сплитерот да нема таков излез.
-
Ги земав 3 те боом или вип тв лите ги поврзав со антената преку свичерот и се ок сигнал 100 % квлаитет 100% но некој канали сецкаат. Направив дтв антена за еден тв го приклучив и сигнал ок се ок но пак сецкаат каналите и на тој и на другите 2 тв иако јачината и квалитетот се на сите 3 100% дали некој знае како да го решам проблемот антените се на таван порано користев пред една година немав такви проблеми но антената ми беше надвор дали тоа е можеби причината за проблемот или сепак проблемот е до операторот .Да напоменам сецкањето е на одредени канали не на сите ?
-
Пробај види дали без сплитерот само на еден ТВ приемник дали ќе сецкаат каналите. Ако не сецкаат, проблемот е сплитерот.
Ако пак сецкаат каналите, пробај заротирај ја антената во спротивна насока или за 90 степени во лево или десно. Можно е да ти е поставена во погрешна насока. Не е како порано, насочувај ја, па гледај дали има снег или не, сега треба малку да нагаѓаш, да видиш каде е клетката на One. Ротирај ја и види, во некоја насока треба да престане сецкањето.
-
Епа вака сега зачи 100% сум сигурен дека не е до свичерот бидејки сега еден тв ми е на посебна антена и кај него е иста ситуацијата останува само да пробам со ротирање на антенните.
Споено мислење: 08.03.2017, Wednesday, 21:21:42
Сега правев експерименти со антената и нема резултат најдобрата позиција е иста како и претходно што беше и не ми е јасно како ако квалитетот на сигналот е 100 % јачината на сигналот е 100% пакети на грешки 0 сликата и звукот сецкаат на одредени канали значи не на сите.
-
Можно е да се проблематични box-овите. Сецкаат кодираните или некодираните (Македонските) канали? Си пробал со други box-ови?
-
Сецкаат и кодирани и не кодирани канали и а колкава е можноста да ја имам таа срека 3 ресивери да ми не чинат.
-
Пробај со други box-ови... не знам што друго да ти предложам. Или е проблемот до box-овите или до сигналот... или можеби антената, ама викаш дека претходно си немал проблем со приемот на сигналот на истата антена, така да, нејзе можеме да ја елиминираме како извор на проблемот.
Провери го и коаксијалниот кабел и врската на кабелот со антената. Ретка е ситуацијата да зеза кабелот, ама кој знае, можеби има некаде прекин.
Претходно, со претходниот box, каналите ги гледаше во HD или SD?
-
Дефинитовно пробемот е до сигналот бидејки некој денови е ок некој не е и променливо е не сецкаат секогаш исти канали но овие денови е добро ретко се случува да сецне ама кратко .
-
Пробај со поголема антена. Јаги е или некаков друг тип на антена?
-
Едната антена е ваква
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/32EL_Outdoor_Digital_TV_Antenna.jpg)
а другата е ваква
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/dtv_homemade_antenna.jpg)
И со двете истиот проблемо но последните некојлку денови е многу подобро и по тоа заклучив дека е до сигналот.
-
Користи ја првата антена Log-periodic се вика. Има поголем gain од другата антена.
-
Кај мене бумот има антена обична бакарна жица меѓу тв и зид поставена, еднино сецка акозатаниш апла пред нејзе. Крај краева направи некое тањирче 30-50цм пречник(или раткапна од стара шкода) пробај и така. Мада ептен на тамина би јило така ама пробај си ка среќата не е некоја инвестиција ...
-
https://www.youtube.com/watch?v=iaephAs-28M
https://www.youtube.com/watch?v=AX6bmchNAAo
https://www.youtube.com/watch?v=FFOZkRg6O98
-
Ај провери дали кабелот до антената ти е омски исправен... ама откачи го од двата краја (и од крајот на антената и од кај сплитерот) и измери омски меѓу средниот вод и ширмот да не има случајно спој... да не е случајно прецвикан некаде кабелот.
-
Тоа требаше досега да го проверам но ете не ми текна ке проверам инаку не верувам дека антените што се постирани се поефикасни од моите ке проверам кабел па ке пишам што како.
-
Да другар не се подобри колку пошто спомна bicikle раткапни од Шкода а и јас сум правел вакви антенчињава како идеа само ти ги шернав.Види тоа со кабелот обавезно најбитно ни е па кажи ни ;D
-
Кабелот си е ок и тоа е тоа проблемот останува со променлив карактер некогаш појако изразено некогаш послабо(поретко) >:(
-
Епа што знам веќе другар што да предложиме каква антена да пробаш. Незнам што да ти кажам стварно ;D 8)
-
Не знам... си се јавил на Boom да им ја кажеш ситуацијата, сигнал 100% а сликата сецка?
-
Ке одам во салон директно да им посочам што како се случува јас како поранешен задоволен корисник се одлучив пак на таа опција но сега ситуацијата е сосем друга. Тоа е тоа во секој случај благорадам на советите .
-
Сите имаат проблеми со тој бум, и кај мене и кај мајка ми е исто, некогаш сецка, некогаш не. Ако имаш од новите црни рисивери пробај расчепкај го кај што влегува џекот за антената, мислам дека тоа му е слаба точка, кај мене некогаш сликата се оправа со ставање и вадење на џекот. Мада мислам дека и самите рисивери им се полни со багови, и хардверски и софтверски, а откога го презема вип и сигналот им е тапа... Како и да е време е да се бара друг провајдер...
-
Прашај ги друже затоа им се откажаа доста од boom 8)
-
Услугите на Телеком сметам дека им се најдобри. Дома користиме веќе со години и не сме имале никаков проблем. ;)
-
Се најдобри, ама и најскапи...
Него, има ли некој искуство со Неотел?
-
Денеска од сабајле имаше прекин во сигналот некој канали ги имаше некој не отидов на работа и кога се вратив пуштам и гледам ок сите канали и гима и што е позитивно не сецкаат до кога ке е така ке видиме :D
-
Изгледа нешто правеле, пустеле... најверојатно им се жалеле и други ;).
-
Тоа е Гига сто посто им се жалеле како кај мене во населба имам интернет со брзина 50Mbps реално имав 35 на еден засилувач на една бандера место четири корисника по четири 16 колку што може на една бандера вклучиле 24 па после поплаки blizoo дојде стави нова бандера нов засилувач тука нели тоа е она уред како повторувач што на него се мери чистина на сигнал фреквентен опсег се не смее да има големо слабеење ставија нов сега сме 17 корисници на него лета сега 48 Mbps downstream 8) 8)