Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Ultron7 on 27.04.2018, Friday, 15:52:32
-
Или алтернативно познато како магнетна жица, coil wire и слично. Потребни ми се разни дебелини за разни намени (премотување трансформатори, експерименти со антени, испитување електро-магнетни зрачења итн.).
Купувам неупотребена жица. Некој ми спомна дека имало продавница во н. Кисела Вода во Скопје која држела вакви работи, но не знаеше каде е точно или како се вика.
Ако ништо друго, би бил благодарен и за водич околу цените (price guide), бидејќи не знам колку се движат и кој опсег на цени би бил реален.
-
Во Автокоманда трговскиот, на првиот спрат има винклер што продава лак-жица на кило, би ти препорачал прво да провериш кај него. Имаше едно време и во К.Вода на винклерската уличка неколку дуќани, ама мислам дека веќе не продаваат на мало.
-
LordZi, ти благодарам за препораките, ќе поминам до Автокоманда. Во меѓувреме доколку некој на форумов продава жица нека напише во коментар или во приватна порака.
-
За објаснувањетоа за што ќе ја користиш лак жицата... да, можеби е малку тривијално (не би рекол непотребно), но не е забрането да пишеш за што планираш да си ја користиш :).
-
Бакарната жица скоро секаде има иста цена, а таа е 700 денари од кило
-
На времето беше како дијаманти да бараш :) не сум барал одамна но не знам баш каде е тоа секаде :) Ако знаеш нема да е лошо да пишиш неколку локации :)
bicikle! Кога ќе напишеш некој текст, првата работа е Preview и ако немаш некои текстуални грешки тогаш кликни на Post.
Вака што ти значи „ремето“
-
Како што кажа Лордзи, во Автокоманда има во трговскиот на спрат, винклер „Ројка“ тел.02 3174303 (незнам дали му е уште истиот број не сум вртел одамна)
Може и да ти намота по желба, јас правев детектор на метал и он ми ги направи тие намотките...
-
Ви благодарам за конкретните насоки и податоци дечки. Целта е да се намота трансформатор за 300W линеарно регулирано напојување, па ќе бидат потребни различни дебелини на жица. Во меѓувреме ќе отворам друга тема за совет околу самата изградба на трансформатор.
-
Имаше добар туторијал за трафа, само слаб сум со координација за да ти ја посочам точно темата.
-
Види дали е оваа.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4532.0
-
Не, наш член имаше некој труд објавено во форумов, птоектна беше, имаше све убаво сликовито објаснето колку жица, колку намотки, колку снага.
Еве кај била http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5213.msg47655#msg47655
-
Одлично, токму тоа што ми требаше, ти благодарам бицикле! Излеговме од темата но мислам дека ги решив сите дилеми поврзани со овој проект.