Author Topic: Ми треба помош за начин на активирање на алармот од емитер 7/8 2002  (Read 859 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Дечки во врска со проектот за аларм од емитер 7/8 2002 прикажан на шемата подолу

во истиот број од емитер пишува дека активирањето може да се изведе со прекидач,со код и со далечинско. Со прекидач вика само да се врзе помеѓу масата и CON. Меѓутоа јас сакам да го изведам да се активира односно деактивира со помош на далечинско, т.с. со преку централното кое го имам. И сега не ми е јасно како би можел ова да го изведам?
Исто пишува дека во 2/2003 емитер е опишано далечинско за дворна врата и истото може да се користи за ова но за жал неможам да најдам кај сум го ставил тој број за да видам како и што е поврзано.

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
далечинско,мислиш на она за клима уред?Тоа треба да направиш посебен приемник којшто со притисок на некој од тастерот(за активирање/деактивирање) на далечинското ќе вклучиш/исклучиш некое реле,тоа реле ќе ја има истата функција како ти што објасна за шемата за тоа како да поврзеш прекинувач(за да го активираш алармот со прекинувач,на CON се поврзува едниот вод од прекинувачот а на GND се носи на другиот вод од прекинувачот).Значи со релето ти го кратко спојуваш GND и CON.Истото,само без реле можеш да изведеш,но со транзистор.Колекторот го поврзуваш на CON,додека пак емитерот од транзисторот го поврзуваш на маса(GND).Базата се активира со приемникот.Приемникот може да биде со некој PIC микроконтролер,треба да има и IR преименик(TSOP1738)но незнам овој приемник дали ќе биде компатибилен со далечинското,односно дали далечинското ја дава таа фреквенција на која што приемникот работи.

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Далечинско од централната брава не од клима уред. Колку што сватив јас од тоа што го пишува треба да остане GND и CON споено? Ако е така тогаш како со реле? Релето ќе штракне ама после што?

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Алармов како се активира да работи,да се вклучи сирената?
Треба CON и GND да се преспојат или пак со нив се активира, вклучува/исклучува алармот,па сега алармот е активиран т.с. спремен за работа?

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Како се вклучува/исклучува. Односно како би го направил кога е заклучена да е активен. Едино што ми текна е кога е моточето од централна во заклучена позиција да притиска и некој прекидач

Споено мислење: [time]05 Февруари 2012, 20:47:16[/time]
Значи до сеа што истражував:
За да се активира алармот треба да се споени GND и CON, а за да се исклучи да не се споени.
Јас од оваа централна на располагање имам сигнал за заклучување и сигнал за отклучување, ама сега незнам како со нешто дополнително кога би добил сигнал за заклучување би ги споил односно обратно би ги прекинал.
Кога би било реле тоа само би се споило дур има сигнал за затворање, но потоа ништо..

Едино нешто вака:
Code: [Select]
http://www.the12volt.com/relays/relaydiagram63.html