Author Topic: Coming Home уред за светла  (Read 2921 times)

Offline Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Coming Home уред за светла
« Opened on 02.08.2017, Wednesday, 22:47:18 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:34:02) »
Здраво,

ми треба електроничар што може да ја погледне плочкава и по можност да ја сервисира.

Се работи за уред кој што одредено време пушта 12v напон на светла на кола кога ќе се отклучи или заклучи колата. Уредот се активира-побудува со 12v напон од централната, релеата се вклучуваат и тајмерот држи одредено време вклучено, после тоа се се враќа во првобитна состојба до нареден 12v напон на жици за активирање.

Уредот има 2 излези со 12v и едниот од нив престана да работи т.е. кога има приклучен потрошувач напонот му паѓа на 3.5v и нормално светлото не работи. Го однесов до еден "сервисер" и ми го врати неисправно и на другиот излез што си беше во ред.










Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #1 on 03.08.2017, Thursday, 18:02:52 (Edited 04.08.2017, Friday, 00:40:44) »
Steff_92 направи голема збрка на почеток.Затоа прочитај си ги Правилата на Форумов! Друго,овој склоп со 5 транзистори ,една 555 и две релиња и не е некој предизвик.Си пишал во пол дека си електроничар, па се чудам како не успеваш сам да проникнеш во кварот.Можеби квар и нема! Требало да мериш колку волти доаѓаат на уредот и колку излегуваат од него.Провери ги и водовите,можеби нема контакт некој од нив,лабава,нагорена жица итн. Седни и дел по дел провери ги, освен ИК кој треба да го смениш со нов,само внимавај да не згрешиш со ориентација на ножичките.Значи, инструмент во раце ,одлемувај дел по дел,мери и пак враќај на место! Како сите почетници.Така ке научиш нешто.од приложеното гледам дека е ова накнадно додадено( веројатно купено во КИТ форма!??). За каков тип на возило се работи? Провери го уредот врзи го на 12 волти и ке видиш дали работи задршката( веројатно 10 -ина секунди).Стави го потенциометарот на средина за почеток.

Споено мислење: [time]03 Август 2017, 17:28:27[/time]
Направи си ваков систем за проверка и со 2 ЛЕД и исправувач на 12 В можеш и сам кварот да го најдеш.Се надевам знаеш како се проверуваат електронските елементи.Ако не - имаш туторијали на форумов за тоа. И врзи  го и фото отпорникот на плочката кога ја проверуваш ( на црвената клема).

Споено мислење: [time]03 Август 2017, 17:42:44[/time]
Не су пишал дека ЛЕД се спојуваат со + на  yellow black / orange black а со минус на масата( минусот).И секако во серија по еден отпорник од 1к( мислам дека тоа се подразбира) ;D ;D

Offline abece

  • Нов член
  • *
  • Posts: 40
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #2 on 10.08.2017, Thursday, 15:21:06 »
На што возило е, и дали e Negative pulse ?

Offline Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #3 on 11.08.2017, Friday, 14:02:33 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:36:03) »
На Audi A4 1998 - го активирам со +12v, а заземјувањето го зема од главниот - на уредот (трет пин).

При тестирањата ја оштетив малку плочката т.е. еден вод изгорев бидејќи брцнав 12v на погрешно место најверојатно. (на сликата со црвено)
Едното реле не работи и го извадив.



Уредот кога е без фото диодата се стартува нон стоп - време од 15 до 45 сек.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #4 on 11.08.2017, Friday, 14:46:09 »
Прво Ве замолувам сите нови членови што нешто барате, да ги напишете сите работи врзани за кварот. Си допрел жица ,во ред, кажи го тоа.Ама од тоа може транзистор и ИК да прегори , а не и реле. Релето провери го со инструмент, омски, дали е во ред или врзи го на 12 волти директно, дали окинува. Постапката терај ја како што ти пишав погоре!

Offline Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #5 on 11.08.2017, Friday, 15:34:54 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:39:32) »
Не знам дали лошо објаснувам или што е работата.

Првин се фаќате нон стоп нови членови, па нови членови, ако не сакате нови членови затворете го форумот за регистрации и мирна глава.

Јас првин се обидов на форум за електроника да побарам одличен сервисер-електроничар кој што ќе ми го сервисира уредот за соодветна сума пари бидејќи очигледно во мојот град не можев да најдам.
Доколку некој сака такво нешто ќе прифати и ќе ме контактира, а доколку некој сака да помогне сам да го сервисирам (не сум електроничар, имам мали познавања, имам можност за проверки и лемења по упатства) ќе ми предложи начин и редослед на проверка на компонентите.

Како што кажавте ова е уред со мал број на компоненти кој што сметам дека секој електроничар може во сон да го прочита и знае каде и како да го бара дефектот.

Ајде сега пак да се вратам на проблемот.
Првин слика со означени броеви на пинови за појаснување на тоа како било поврзано и работело.



Уредот има потреба од напојување 12v константен напон (пин 4) од колата за негово функционирање.

Пин 1 - излегува +12v напон кога уредот е активен т.е. побуден и тука се поврзува светлото. (излез 1)
Пин 2 - не се користи бидејќи немав можност за такво поврзување во колата.
Пин 3 - главен минус/маса за уредот
Пин 4 - Уредот има потреба од напојување 12v константен напон од колата за негово функционирање.
Пин 5 - не се користи бидејќи немав можност за такво поврзување во колата.
Пин 6 - излегува +12v напон кога уредот е активен т.е. побуден и тука се поврзува светлото. (излез 2)
Пин 7 - минус за побудниот сигнал кој што го активира уредот да ги вклучи светлата. Бидејќи уредот и побудниот сигнал имаат заедничка маса од колата нема потреба да се користи овој пин.
Пин 8 - минус за побудниот сигнал кој што го активира уредот да ги вклучи светлата. Бидејќи уредот и побудниот сигнал имаат заедничка маса од колата нема потреба да се користи овој пин.
Пин 9 - овде пуштам +12 волти само на момент колку да го активира уредот (кога се заклучува колата)
Пин 10 - овде пуштам +12 волти само на момент колку да го активира уредот (кога се отклучува колата)

Сензорот за светло не мора да е вклучен т.е. кога не е поврзана фото диодата, уредот нон стоп се активира при донесување 12v на 9 или 10 пин.
Времетраење се корегира на потенциометарот и трае од 15 до 40 секунди.

Едното реле го измерив дека не е добро така што го одлемив од плочката и му пуштив 12v на пиновите каде што беше означено дека треба напон да помине. Релето окинува, пушта звук меѓутоа нема краток спој помеѓу пиновите кои што треба да ги спои. Да потврдам, кога е normally closed (нема напон) краток спој помеѓу пиновите имам, кога е normally open (има напон) краток спој помеѓу пиновите немам.
Другото реле е во ред.
Јас проблемот го направив кога му приклучив 12v на релето на пиновите каде што му треба за активирање меѓутоа залемено на плочката, а не извадено. Во рок од 1-2 секунди водот изгоре на плочката. (тој што го означив во претходниот пост со црвено)
Мајсторот што има правено, не знам. Знам дека го видов пушташе 12v директно на релеата залемени на плочката, ама не знам на кои пинови.


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #6 on 11.08.2017, Friday, 16:15:57 »
Цитирам:
*Првин се фаќате нон стоп нови членови, па нови членови, ако не сакате нови членови затворете го форумот за регистрации и мирна глава.*

Убаво речено, ама не е баш така! Ако ти мислиш дека ке пишеш нешто , ќе ставиш две -три слики и ке се степаат луѓето да ти помогнат, е тука малку си се зезххл! 8) Прво, никаде на форумов не пишува дека некој МОРА да ти помогне! Второ, велиш мајсторот ја зезнал работата, а сега ти бараш нов мајстор од Форумов да ја управи работата! Тоа е во ред, ама да знаеш дека мајстор на невидено не оди, поготово ако вака *он лајн* му ја објаснуваш работата. И зошто се фаќаме - нон стоп за  нови членови!?? Па за кого да се фатиме, грешки најмногу тие прават. Редно е да те опоменеме, бидејќи на Форумов имаме правила кои секој нов член пожелно е да си ги прочита и да се држи за нив ??
И не дека не сакаме да ти помогнеме - ти напишав како треба да дојдеш до кварот. Лектомот во рака, вади дел по дел, проверувај и враќај назад или заменувај! Ако мислиш дека релето не е во ред ,замени го со друго, а ако не одговара на печатената плоча, врзи го со жици.Внимавај на напонот и струјата на контактите!! Пробај дали се во ред светилките на колата, бидејќи контактите на релето горат ако имаш краток спој на потрошувачот(сијалицата) .

Offline Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #7 on 11.08.2017, Friday, 16:22:44 »
Муабетот околу членови ќе го оставиме за друг пат бидејќи тоа е дебата без крај.
И само да појаснам дека никаде не сум пишал или кажал дека некој од форумот МОРА да ми помогне.

Светлата се во ред - проверено.
Не можам такво реле да најдам т.е. 20А нема ниту во Логин.
Дали ќе може само со едното реле, да работи само едниот излез ?
За вечерва ми остана да го премостам водот што е изгорен со жица и да ги вадам транзисторите бидејќи мислам дека отпорниците и кондензаторите се ОК. Во крајна ситуација ќе се вадат сите делови.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #8 on 11.08.2017, Friday, 16:38:16 »
Ако не можеш соодветно реле да најдеш , врзи некое друго со жици( најди некое реле со дупли контакти 2х 10А паралелно ).Измери на исправното реле која отпорност ја има намотката и гледај да има и другото слична ( од 100 до 300 оми отприлика). Најдобар мајстор е домашниот мајстор ,плукни си на рацете.На форумов можеби Лордзи има некое реле што би ти одговарало.Иначе твоето реле има отприлика вакви контакти

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #9 on 11.08.2017, Friday, 18:55:39 »
Наједноставно јас би ги сменил сите диоди, транзистори и интегралното коло.
Ако ги купиш од Логинг ќе те чини околу 120 денари. Додека се извадени полупроводниците од плочката, може да ги измериш отпорниците. Претпоставувам дека имаш инструмент.
Стави било какви релеи за проба, подоцна ќе најдеш соодветни.
Жан

Offline Steff_92

  • Нов член
  • *
  • Posts: 22
  • Gender: Male
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #10 on 11.08.2017, Friday, 21:15:02 (Edited 08.09.2019, Sunday, 22:47:19) »
Почнав со вадење на сите компоненти. Следен чекор Логин и земање на нови  :)



За реле ако не најдам со иста јачина, може послабо, појако, поголем напон ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Coming Home уред за светла
« Reply #11 on 11.08.2017, Friday, 22:22:55 »
Па мислам ти пишав : нека биде обавезно 12 волтно, со приближно иста отпорност на намотките како другото! И ако немоа со 20А контакти најди некое со два пара 10А контакти , па спои ги паралелно. Па поврзи ги со жици на плочката.