Author Topic: Проблем со греачите за FIAT Stilo 1,9 JTD  (Read 1384 times)

Offline Kantaro

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
  При стартување на моторот после некоја секунда се пали сијаличката дека еден од грејачите има некаков проблем.Но по 15 секунди контролната сијаличка се гаси.Ова не се случува при секое стартување на моторот туку одвреме навреме.Дали проблемот е во грејачите или слаб спој во конекторот или некој кабел е оштетен.Ме интересира колав е отпорот на исправните грејачи и дали можам сам да го заменам неисправниот грејач или да го носам на сервис.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Би требало да разбереш иако не е на македонски јазик!
Code: [Select]
http://www.fiat-lancia.org.rs/forum/index.php?/topic/29548-stilo-19-jtd-preheat-failure-greja%C4%8Di/
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline milanmiki7

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
За да ги провериш греачите не ти е потребен отпорот. Наједноставно ќе ги провериш со едно парче жица од 1 метар која ќе ја поврзеш на + од акумулатор и ќе идеш од греач на греач на врвовите со брзо допирање на жицата треба да видиш искра. НАПОМЕНА греачите да не бидат поврзани си никакви кабли. Тој греач што нема да ти појави искра при глатко допирање со жицата ти е изгорен. Промената ти е едноставна со големо внимание да не го скршиш греачот во глава. Во тој случај ќе мора да ја бушиш дупката и нарежуваш нов навој. За да го избегнеш овој проблем користи веде 40 или глицерин доколку се запечени. Ако сите греачи се добри тогаш проблемот ти е во термостатот кој ги пали и гаси греачите зиме лете.
Поздрав и срекно во работата. Ако има прашање тука сме. :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
инаку имаат отпор од околу 1 ом, жицата што ќе проверуваш мора да биде над 4мм^2. Кога ќе го заштрафуваш стегни го прво со рака, а потоа 15-20 степени со клуч, не го престегувај, и со рака да го стегнеш нема да "дува". Исто пази спојката со жицата за струја не ја престегнувај, ептен лагано стегнија, немој да напинаш ни кога одвртуваш ни кога штафиш. Глицеринот изгледа мн поефикасен од веде, само е порозен, така да гледај да не ти капне на гума или на фарбано(боја). Ако заглавиш со одштрафување освен глицерин може да користиш едни спрејчиња има што ладат(смрзнуваат), но моторот треба да биде ладен(од сабајле на пример), Додуша кај мене на голфот многу лесно ги одштрафив греачите. Пошо имам гледано, некои шлапаат лепаци, силикони или незнам ти што(као демек повеќе да дихта, што е чиста глупост), немој ни на крај памет да ти текне таква работа. Можеш лежиштата да ги исчистиш со крпче и нафта(извади од повратната) но само ако има потреба, во спротивно само заштрафи нов греач и тоа е тоа.