Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: nickyyoh on 29.12.2013, Sunday, 00:23:44
-
Здраво,
Ми треба помош околу поврзување а контролната единица и моторите кои го отклучуваат/заклучуваат вратите.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/img201312290005.jpg)
Уште од порано имав такви моторчина, но пред некое време од ибеј си купив модул со 2 далечински.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/img201312290004.jpg)
И сега имам некои двоумења за тоа како би ги побрзам моторчињата на модулот кој ги контролира.
Имам 2 моторчиња кои имаат по 5 жици за предните врати и 2 со по 2 жици за задните врати.
Слика од моторче со 5 жици:
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/img20131229joj.jpg)
Со модулот ми пристигна и некаква шема која на која не го разбирам делот каде што пишува "Central Lock Control Wire":
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/img201312290003.jpg)
Која е функцијата ба 5-те жици на моторчињата и 6-те жици на модулот каде што пишува "Central Lock Control Wire"?
Ви благодарам.
-
За задните врати, моторчињата имаат 2 жици, на кои се носи 12 волти со што се добива заклучување / отклучување во зависност од поларитетот на напонот.
Кај предните врати има уште 3 дополнителни жици (на твојата слика средните 3 - бела, жолта и црна) кои даваат информација во која положба е моторот односно дали е заклучена или отклучена вратата.
Ова се користи при отклучување/заклучување на предните врати физички со клуч (без далечинско). Тогаш преку тие жици до модулот пристига информација дека едната врата е заклучена и тој автоматски ги заклучува останатите.
За модулот, две од 6-те жици се „работни“ односно тие две отклучуваат /заклучуваат а другите се за повратни информации ама точно која е која незнам треба да провериш..
ПС. Колку пари те фати модулот со далечинските ??
-
Ти благодарам околу информациите, разгледував некои слични шеми за тоа како би ги поврзал, но неможам да најдам конкетно која жица за што служи на модулот, можеби има некој начин да се дознае?
Модулот ме кошташе 12$ околу 500 ден.
-
najke, не кликај „Цитирано“ ако одговараш на последниот пост, користи „Одговор“, а цитирај само ако одговараш на нешто од претходните постови...
-
LodZi, се извинувам немат да се повторит. :)
-
Здраво,
Заклучувањето/отклучувањето преку далечинското го решив со оваа шема, е сега имам еден мал проблем.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/asdfgxxx.jpg)
Предните моторчиња имаат 5 жици:
** 2 напојни +, - (-, +) - веќе искористени
** 3 те останати се некаков вграден прекидач - не искористени
-Ми изгледа на некој 1-0-2 прекидач:
Според подолната слика на моторче со 5 жици ова вака изгледа:
-белата жица е заедничка
-црната е кога треба да е одклучено
-жолтата кога треба да е заклучено
Дали можеби има некој идеа како би се поврзале така што кога би заклучил/отклучил со клуч истото би се случило и на останатите врати?
-
па контролерот треба сам да провери дали е заклучено отклучено и тоа да го направи со сите врати, твое би било само да ги поврзиш моторите, и кога би отклучил физички со клуч контролерот да прочита што се дешава и да отклучи или заклучи соодветно
-
Тоа е и проблемот. Жиците од прекидачот за физичкото отклучување немам идеја како би ги поврзал. >:(
-
не е прекинувачот споен на мотор ? па кога ќе се движи бравата да дава сигнал, ако е така би требало да може на контролерот, ако е некако поинаку незнам, дај ти сликај што имаш, сликај го контролерот и сликај ги моторите и гледај убаво да се гледаат сите конектори :D
на последната слика од првиот пост во сликава кај дијаграмот мислам дека убаво си пишува како што каде, поврзи ги жиците по боја како што е назначено и пробај дали ќе работи