Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: gilera on 13.12.2013, Friday, 16:31:33

Title: Помош околу проблем со светла на VW Golf V 1.9 TDi
Post by: gilera on 13.12.2013, Friday, 16:31:33
дали знае некој како може да се направат светлата на автомобилот да се палат малку подоцна од кога ке стартува моторот(да не се палат одма од кога ке дадам контакт) ,за да се растерети колку толку акумулаторот,дали може со некое временско реле на 12в или со нешто друго?...  инаку се работи за голф5 1.9тди :)
Title: Одг: светла за автомобил -помош
Post by: elektro on 13.12.2013, Friday, 16:40:38
Оди во овластен сервис нека ти го направат софтверски се решава доколку подржува.
Кај мене така направија на пежото.
Светлата се цело време исклучени и штом се запали колата автоматски се палат.
Title: Одг: светла за автомобил -помош
Post by: bicikle on 13.12.2013, Friday, 16:42:22
па 100 вати не се малце.. Прво зависи од бравата, акј мене светлата се плалат на контакт, но кога верглам се гасат. Сепак може да ставиш некое делај-реле слично како кај појачалата, прогуглај ќе најдеш сигурно. Сепак јас ги палам одкако ќе запали моторот.
Title: Одг: светла за автомобил -помош
Post by: IGOR_MK. on 13.12.2013, Friday, 18:12:53
Имам Пежо 206 1.4 хди ,светлата ми ги направија да се палат после стартувањето на моторот софтверски во Еуроимпекс.
Тоа беше пред неколку години кога го донесоа законот ,бев на редовен сервис и не ме ни прашаа сами го направиа тоа без пари.
Кога ги прашав зошто тоа го направиле без да ме прашаат ?
Културно ми кажаа дека таков е законот,а доколку сакам да се вратат како што биле пред тоа ,тие тоа ќе го направат без проблем за 2 мин.  ;)