Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: batka on 09.11.2010, Tuesday, 16:51:52

Title: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: batka on 09.11.2010, Tuesday, 16:51:52
Еве една табела на кои фреквенции се наоѓаат соодветните ТВ канали.За напомена носачот на слика(видео) и аудио сигналот кај нас (ПАЛ систем) се разликуваат за 5,5 Мхз.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=2730.0;attach=1640)
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: DX-er on 09.11.2010, Tuesday, 18:03:39
сепак оф топиците нека идат во канта, темава е наменета за ТВ фрекфенциите. Имаме одлична тема и има за што да се зборува.
Мене ме интересира, зошто телевизорите фаќаат од канал 1, а каналот 1 не се користи за ТВ ниту пак го има во листите со фрекфенции, што е работата со тој канал?

Во атачмент имам ставено ТВ рекорди, прием на далечни сигнали
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: Devil on 09.11.2010, Tuesday, 20:30:38
како мислиш од 1 канал, кај нас сеуште само македонската 1 програма зрачи на 60МHz или колку беше
другите сите се на повисоки фреквенции, по некогаш се случува да ако ти е изместен малку радиоприемникот ( како јас што го изместив ) да фаќаш од МТВ1 аудио :)
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: DX-er on 09.11.2010, Tuesday, 20:48:12
па МТВ1 единствено од пелистер зрачи на тие фрекфенции но е канал4 :)
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: batka on 10.11.2010, Wednesday, 15:50:42
Не ве прашува тоа! :D :D :D :D :D Ако го разбрав Дх-ер тој бара објаснување зошто означувањето на каналите започнуваат од број 2 а не од 1? Така ли!? На број еден се вршат тестови и тоа е * мртва фреквенција* без домет ,со думми лоад на крајот! ;) :D ;D
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: DX-er on 10.11.2010, Wednesday, 15:55:23
Не ве прашува тоа! :D :D :D :D :D Ако го разбрав Дх-ер тој бара објаснување зошто означувањето на каналите започнуваат од број 2 а не од 1? Така ли!? На број еден се вршат тестови и тоа е * мртва фреквенција* без домет ,со думми лоад на крајот! ;) :D ;D
да баш така, за тој канал мислев :)
Батка ако може кажи по детално какви се тие тестови, дали може да се видат на телевизорот на 1 канал? Каква е таа мртва фрекфенција ? Како може да е без домет?
Title: Одг: Фреквенции на стандардните ТВ канали
Post by: batka on 10.11.2010, Wednesday, 16:15:56
Дометот е во круг од неколку десетици метри и служи за интерна корекција на сигналот (од било кој канал)  и служи за проверка на квалитетот на сигналот.Кај нас МТВ мислам не го користи.