Какви индикации и од кого дека фреквенциите и моќноста која ќе зрачи 5Г се влијателни/штетни, не се манипулирани тие како и другите ?
Не, податоците околу фреквенциите и ширините на опсезите не се манипулација, добро се дефинирани во спецификациите за 5G. Моќноста е сосема друга работа. Ни јас ни ти не можеме да ја измериме. Треба да им верувам на операторите на „жими мајка“. Не дека они сакаат за џабе струја да трошат и да плаќаат повисоки сметки за струја, се разбира дека не. Прашањето е колку се и самите свесни за нивоата на зрачење (моќност) што ги има опремата која ја монтираат. Истото важи и за сите останати мрежи 3G, 4G, па и 2G... туку КОНЕЧНО исплива ова прашање на површината - колку има EMI загадувањето влијание врз човекот и околината во која живееме... а сметам дека е работа која треба сериозно да се разгледа со долгогодишно испитување и проучување и да се стави стоп на технолошкиот „пошто зашто“ напредок.
Не е прашањето дали и кои фреквенции се штетни, секое електромагнетно зрачање може да биде штетно. Прашањето е дали 5Г е штетна технологија, дали фреквенциите и моќноста со која ќе зрачи имаат штетно влијание врз луѓето.
Токму така. Прашање за кое треба да се одвојат сериозни ресурси и време. Ако не повеќе, барем 2/3 од ресурсите (парите) и времето кое било вложено во развивањето на технологијата (5G)
.
Има матични плочи со вградена 10 гигабитна картичка, тоа ја прави таа со гигабитна картичка застарена.
Да, само на серверски плочи
. Ај најди ми desktop плоча со 10Gbit/s картичка на неа, на прсти се бројат.
И зошто произодителите не се префрлиле на 10Gbit/s картици уште пред 10, 15 години ако се веќе гигабитните застарени? Нели, нема логика да ставаме нешто застарено на нови матични плочи
... а да видиш чудо, еве, ден денешен сепак ги стават
. И тоа не само на најевините модели, гигабитни картички има на сите модели до средна-висока класа. 10Gbit/s картици има само на сервери... а тоа не се уреди кои се наменети за масовна употреба, како што е конекцијата која треба да ја понуди 5G, која да, наменета е за масовна употреба.
На пазарот можеш да најдеш матични плочи од пред 10 годин кои некој би ги користел, не значи тоа дека не се застарени. Можеш да купиш и да кориастиш и Nokia 3310 не значи тоа дека таа технологија не е застарена.
Да, апсолутно се сложувам, застарена технологија е. Прашањето е дали бркаат работа за она за што се наменети. Ако бркаат, апсолутно не гледам никаква потреба да ги менувам.
Во 2019 почнаа да се појавуваат матични плочи со pci 4.0, веќе се планира pci 5.0. И тука на темата е спомнато дека 5Г сеуште не е пуштена во масовна употреба а веќе се планира и тестира 6Г.
И види чудо, на најголем дел од нив сеуште се монтираат „застарени“ гигабитни картички
.
Си помислил некогаш дека за повеќето работи, повеќе од доволна е таа брзина, особено кога станува збор за масовна (домашна) употреба? Поради што и се смеам на она во што пробуваат да не убедат телекомуникациските компании, дека апсолутно неопходна ни е брзина од 20Gbit/s на телефоните
.
Сакав да кажам дали и колку е изводливо тестирање на некоја технологиа во реални услови/масовно користење на подолг период без таа технологија да се пушти во масовна употреба.
како инаку би знаеле како 5Г ќе влиаје на живиот свет доколку масовно се користи.
И пак ќе повторам, јас на тоа не треба да му ја мислам. Има луѓе кои се многу повеќе од мене платени баш за да решаваат такви проблеми. На крајот на краиштата, зошто се идвојуваат дел од даноците на граќаните? Баш за вакви работи, за да се платат вакви луѓе, луѓе кои сигурно се многу поинтелигентни од мене и поради тоа ја работат таа работа и наоѓаат решенија за проблеми за кои јас не можам да најдам.
Јас колку што знам не сите сателити зрачат само кон приемната антена посебно не комерцијалните.
Да, во право си. И ова е дополнителен проблем на кој се има обрнато малку внимание.
5Г за мобилни уреди ќе користи под 6ghz многу слично на 4Г. 5Г ќе користи и beamforming нема само да зрачи насекаде без потреба како 4Г.
Ако детално разгледаш како се прави beamforming, ќе видиш дека е апсолутно неизводливо да се изведе кај мобилен телефон... парче бакар во телефон ќе прави beamfoaming
... абе иди бркај работа
.
Тоа е веќе проблем со луќето не со технологијата, неможе да се забрануваат работи затоа што можеби некој некогаш некаде би ги злоупотребувал. Не можеме да одлучуваме на можеби или што ако, што ако излезам од дома и некој кој незнае да вози ме згази. Да го забраниме сега возењето??
Има регулаторни тела кои се задолжени за регулирање и уредување на користењето на сите фреквенции не само на 5Г. Колку што знам јас досега солидно си ја работат работата.
Ако 5Г почне масовно да се користи и се покаже дека е штетна, јас мислам дека ќе се стопира или модифицира/регулира за да се отстрани штетнот влијание. Како пример, порано масовно се користел азбест како огноотпорен материјал, откако се дозна дека е потенцијално канцероген се забрани неговата употреба и се почна со отстранување на азбестот.
Доколку се покаже/потврди штетност може да се примени и решението кои некои сега се обидуваат да го користат(палење на антени) со таа разлика што тогаш ќе има масовна и оправдана поддршка.
Моралната одговорност или неодговорност и лакомоста секогаш ќе имаат влијание врз животот на луѓето.
Е, да си ми жив и здрав, болдираниот дел всушност Е најголемиот проблем. Како и за што точно се користи определена технологија... а историски гледано, не знам за тебе, ама мене некако климаво ми стојат работите.
Точно е дека 5Г ќе дојде, но не значи дека ќе дојде и крајот на светот
Крајот на светот, се разбира дека не. Крајот за нас и/или дел од живиот свет... ќе видиме.
5Г и 4Г работат на многу слични фреквенции, дали и колкава разлика ќе има доколку телефонот биде само на 4Г.
Од каде ти е оваа информација
? Си ги разгледал спецификациите за 5G да видиш кои фреквентни опсези и ширини на опсези се планира да се користат?