збориме за реални фреквенции кои се знаат и за нивното дејство, не само врз човекот, туку врз сите живи организми, еве на пр. една пчела е илјадници пати помала од човек, некоја доза зрачење што можда нема да има големо влијание на возрасен човек за неа би била многукратно смртоносна.
Да се зборува за реални фреквенции кои се користат со децени, нивното влијание врз живите органиозми е во најголем дел познато и докажано. Мене (јас сум само еден од милјардите примери )од 2Г 3Г 4Г не ми никнаа рогови ниту ми излезе трето око, рак немам иако 20 години користам мобилен, подобар доказ здравје. Иако имаме 20 години информаци во рееална животна околина не само лабаратории, сето тоа се игнорира и сеуште се форсираат истите фанатички приказни од пред 20 години. Или пак од корпорациите и од длабока држава шетаат навечер и ни ги сечат роговите.
Доза која можеби не е штетна за човеко би била многукратно смртоносна (како тоа ќе ја убие повеќе пати или? (сарказам)) или можеби би била смртоносна. Може ли да посочиш истражување каде тоа е покажано докажано ?
Тоа што нема студии што покажуваат дека 5Г е штетна не значи дека стварно не е штетна, денес бар студии се нарачуваат и бришат по потреба. Треба да си многу наивен за да им веруваш на корпорациите и владите дека се грижат за твоето здравје и добробит и се што кажуваат е вистина.
Стуидии се нарачуваат по потреба, тоа е многу јасно и логично но незначи дека податоците во тие студии се манипулираат. Доколку твојата претпоставка/обвинување ја прифатиме, зошто тогаш не гледаме секојдневно студии и изјави кои потврдуваат дека 5Г дефинитивно и воопшто не е штетна.
Tоа што нема студии кои покажуваат дека 5Г не е штетна незначи дека не е штетна, но исто така незначи ниту дека е штетна, незнам зошто е толку тешко да се прифати/разбере тоа.
Никаде не реков дека верувам на некоја влада корпорација или институција, незнаев дека неприфаќањето на обвинувањето дека нешто е штетно само поради тоа што нема докази дека е штетно ме прави наивен, мислев дека е обратно. Според таа логика, доколку нема докази дека сум убил некој значи сум го убил тој некој.
Игнорирањето на сите досегашни истражувања за 5Г и сличните технологии и информаците од децениското користење на сличните технологии , прифаќањето на немањето доказ како доказ дека нешто е штетно, според мене е недостаток или воопшто некористење на логика, рационално размислување и расудување, односно здрав разум.
Дали го гледаше целото видео на "Специјалистката", фалат уште зомби и вампири се друго натропа и обвини. Јас не викам дека она е глупава поради тоа што како медицинско лице нема познавање од технологија, викам дека е морон поради тоа што како човек нема познавање од здрав разум и логично размислување. Нејзиното видео наликува на се друго освен на изјава од некој кој знае да размислува.
Мене не ми изгледаше баш така, иако не го изгледав баш цело, но ОК, секој си има право на свое мислење.
Според мене мешањето и обвинувањето на корона со 5Г длабока држава, тоа дека 5Г го истиснува кислородот од клетките итн... не е баш, не е воопшто ок посебно кога доаѓа од професор-доктор кое воедно и народен претставник во србската влада. Но како што кажа секој има право на сопствено мислење без разлика колку се тие различни.
Пак ќе речам, проблемот е непознавањето на технолошко/техничкиот развој и култура и дека буквално секој може што сака да post-ира и да го презентира како вистина... лажни вести, како и да се викаше. Проблемот е што, ако не си уптен, дел од овие невистинити информации, тешко се познаваат.
јас мислам дека проблемот не е во тоа што некој нешто не знае или не е доволно инфоремиран за одредена тема, туку дека проблемот настанува кога таа неинформирана/незапознаена или дезинформирана личност ќе почне да дава експертски изјави од таа тема
Абе види... и 5G мрежата не е правена со брашно и јајца. Правена е со наука, научни истражувања, дизајнирање, итн., па сепак најдоа начин да ни ја упикаат, така? Како бе не најдоа начин овие научни истражувања да ги направат читки и јасни за народните маси? За коронава, се утепаа од правење на видеа, презентации, цртани, што се не, се со цел да се објасни принципот на функционирање и ширење на вирусот на лесен и едноставен начин, ама за 5G, нема потреба . Можеа остар демант да направат со вакви видеа и СЗО и ITU-T и IEEE. Никој од нив не го направи ова. Зошто? Мене ова ми е симптоматично... и не, немам намера да листам 25.000 трудови на научници за да „дојдам до вистината“, која патем е и ирелевантна бидејќи јас не решавам за оваа работа, работите се веќе решени, 5G ќе стане реалност на глобално ниво за некое време и тоа е тоа.
Како мислиш најдоа начин да ни ја упикаат, зошто би требало некој посебен начин за да се имплементира и пушти во употреба 5Г?? На некои места се користи уште пред појавата на корона, ако мислиш на тоа дека корона се користи како некоја тактика/изговор.
Незнам зошто не се прават видеа за 5Г од страна на владите и корпорациите.
Можеби приоритет им е короната и како да се заштити народот.
Можеби сакаат да се заврши што поскоро и со помалку дигање прашина на таа тема.
Можебви поради трендот кога државите и корпорациите пробуваат да објаснат и одбранат некоја технологија тоа се сваќа како притисок, измама убедување и уште повеќе напади од страна на квазиекспертите и противниците. Јас мислам дека доколку имаше такви изјави /видеа сега на форумот ке имавме коментари од типот: Еве како се прават фабрикувани виде за да се излаже народот, тие се платени изјави за да се убеди народот и слично.
Што ти е симптоматично во тоа дека СЗО и ITU-T и IEEE не прават изјави со цел да демантираат теоретичари на заговор, фанатици и ФБ експерти каде секој што размислува може да види колку се нелогични и апсурдни тие обвинувања?
Јас мислам и да направат такви видеа/изјави тие што веруваат во глупостите ќе продолжат со тоа и нема да ги прифатат изјавите или воопшто нема да ги погледнат, тие што сакаат повеќе информации за тоа ќе најдат.
Нема потреба да се читаат или листаат 25000 студии посебно доколку не те интересира вистината но тогаш какво мислење ке имаш или целосно ќе ја игнорираш таа тема?
Дали го прочита интервјуто, дали е народски кажано?
https://www.fakulteti.mk/news/06052020/akademik-leonid-grchev-za-5g-i-zrachnata-mokjnost-na-novite-uredi?fbclid=IwAR3TNFCxrBdq_wYRaDbwlGa1v7ScJzIxIQRQkaGaEZQQyRJs7q3BLabWVWk
или разговорот помеѓу Dave Jones и Shahriar
https://theamphour.com/430-shahriar-discusses-5g/
Има по интернет доволно видеа и текстови од експерти во соодветните струки кои народски ја објаснуваат 5Г и нејзините ефекти. Има и доста разложувања и анализирања на видеата и изјавите во кои 5Г се обвинува за се и сешто, во тие анализи се претставува и гледа логиката или нелогиката во тие обвинувања. Треба малку барање малку читање проверување на изворите можеби споредување и најважното од се размислување(факт кој многу луѓе го игнорираат). Се разбира целата таа работа доколку се сака самостојно размислување, носење на одлуки / мислења и заклучоци со соодветните информации, доколку се нема интерес и мислење за што и како во одредена тема или целта е само слепо лаење по асоцијалните мрежи ништо од тоа не е потребно, доволно е првото сервирано видео на асоцијалните мрежи од некој квазиексперт или фанатик.
А околу госпоѓата... она спомна дека имало клипови online (на YouTube) post-ирани од страна на научници, што да, вистина е, имаше. Имаше и еден Нобеловец кој post-ираше клип околу опасностите на 5G. И да, навистина, тие клипови се тргнати. Така да, не мислам дека баш и се информациите од „рекла казала“ извори. Не post-ираат само conspiracy theorists клипови на YouTube и на социјалните мрежи. Но, еве баш пробав да ги најдам пред некој ден тие клипови, тие беа post-ирани уште почетокот на 2019-та кога беше онаа малата скоро незаебележителена фама околу 5G, и сега не можев да најдам буквално ниеден. Не знам за тебе, ама мене малку симптоматично ми е се ова.
Точно е дека има има научници и експерти кои постираат видеа, и дека некои виде веќе ги нема но тоа не значи дека во тие видеа се претсавени факти или нешто е докажано/потврдено ниту дека тие експерти се од релевантна/соодветна област, незнам дали имало нобеловец кој дава изјави за 5Г, доколку тој нобеловец не е од релевантна струка тоа е тотално неважно и покажува дека комитетот за нобелови награди направил грешка. Какво значење би имало кога некој со нобелова награда за мир тврди дека 5Г е штетна или не е штетна. Има по интернет видеа од научници и за тоа дека теоријата/илузијата за рамна земја е точна иако повеќе пати е докажанмо дека не е така. Има многу експерти кои со некои видеа/изјави се имаат изглупирано и потоа сами си ги отстрануваат видеата. Не викам дека некое видео со информации е отстрането, незнам дали има или нема отстрането видео со точни информации со цел да се скријат тие информации.
Само сакам да кажам дека ннечија титула или одстранување на нечие видео не потврдуваат ништо. Зошто сите ги прозиваат одстранетите видеа, видеа кои неможат да се проверат, како доказ дека технологијата е штетна зошто не се користат огромниот број на постоечки видеа кои ја напаѓаат 5Г? Дали поради тоа што може да се проверат разглобат и демантираат како што е направено со многу од нив.
Не, кога ќе се спроведат долгорочни (барем една деценија) студии на оваа тема, а не да се избацуваат на пазар полупечени технологии за кои, практично, појма немаат како влијаат на луѓето и живиот свет, но има сериозен сомнеж дека имаат потенцијал да влијаат лошо.
Шансите да некоја технологија се испитува 10 години пред да пуште во употреба се многу мали посебно за технологија за масовно користење. Доколку се тестира технологија како 5Г, 10 години најголемиот дел од информациите добиени од тие тестови ќе бидат ирелевантни. Лабараториска контролирана средина и користење во јавноста се две сосема различни работи, има многу работи кои неможат да се предвидат, симулираат и анализираат во лабараторија.
Зошто мислиш дека немаат поима како ќе влијаат, од каде поради што тој сериозен сомнеж за штетно влијание?
4Г се користи 10 години постарите генерации до 30 години, 5Г ќе ги користи истите или многу слични фреквенции како 4Г со можеби помала моќност поради современиот дизајн и способностите на новите технологи. 4Г не покажа никакви последици досега (истражување од 10 години при масовно користење) изјавите и предвидувањата на квази експертите не се остварија, нема масовен помор на човештвото немаме сите рогови, трето око или рак, не уништи се што допре. Користењето во пракса покажа како 4Г технологијата врз која е градена 5Г и е многу слична функционира и какво влијание има.
Да сето тоа се игнорира и се тврди дека 5Г е штетна поради тоа што нема докази дека е штетна е злобен идиотизам.
За ртг 30 год не знаеле, за радиумот знале ама не кажувале.
Досега историјата покажива дека се' што можело да се злоупотреби се злоупотребило, и огнот и барутот и ураниумот... Секако дека технологијата не е провлемот, него зад сите овие злоупотреби стои човек.
Се може да се злоупотреби и од се може да се направи оружје, шансите се огромни 5Г да се злоупотреби или да се искористи да се наштети некому. Но тоа нема никаква вреска со тоа како влијае 5Г врз живите организми при нормално користење.