Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Монитори и ТВ приемници => Topic started by: Acki2009 on 11.03.2018, Sunday, 21:42:06
-
Телевизорот има проблем со тоа што не сака да се вклучи, при вклучување на тв-то светнува лед диодата но не со полн слијај него трепери и се слушаат некои звуци на крцкање, со еср проверив електролити во мрежата сумливите ги заменив но пак исто. Измерив напони кои што не се добри, C826 13в, C830 1.25в, C829 1в, C833 1.25в, C810 8в, C605 320в. Во кој дел од мрежата би бил проблемов? Благодарам!
Треба вака (Toma)
C826 13V, C830 1.25V, C829 1V, C833 1.25V, C810 8V, C605 320V.
-
Правило е при вакви ситуации да се исклучи врската со третиот извод од ВН трансформаторот и на местото на B+ да се постави сијалица во однос на минус (маса). Ако сијалицата свети тогаш проблемот е во хоризонталниот излезен степен i после ВН трансформаторот (пример вертикален излезен степен). Во спротивно проблемот е „назад“ во напојувањето!
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14126.msg121976;topicseen#msg121976
-
Слични симптоми, но различен тв (Quart), ми беше прегорено високонапонското напојување т.е. транзисторот што ја напојува каскадата. Би ти рекол да го пробериш него.
-
Го испумпав B+ од вн трафото поврзав сијалица нема никаков напон, сигурно е нешто во мрежата но мерено се ми дава исправно.
-
Измерив напони кои што не се добри, C826 13V
Под услов правилно да си потапил а на C826 имаш 13V (добар напон за stby) тогаш треба да го вклушиш со далечинското и да засветли лед индикаторот во зелено истовремено со светилката (сијалицата)!