Јас навистина морам да се извинам на СИТЕ кои пробаа да ми помогнат со мојот проблем (она со осцилаторот) и кои што потрошија драгоцено време анлизирајќи го проблемот и куцајќи одговори, но нажалост морам да кажам дека станува збор за човечка грешка (односно моја грешка).
Наместо обична сонда сум корсител филтерска сонда со горна гранична фреквенција од 4KHz...
Навистина ми е жал што на сите залудно им го потрошив времето решавајќи проблем кој е веќе решен, само да му текне на некој (мене се разбира) да ја смени сондата и се разбира да прочита ШТО ПИШУВА НА НЕА...
Се лутам сам на себе (немојте да ме сватите погрешно со смајлињата) бидејќи дури две страни луѓе напишаа пробувајќи да ми помогнат со мојот проблем кој очигледно е решен.
Значи законите нза физиката си важат многу солидно, но не и законите на разумното размислување (како на пример да прочитам нешто пред да го користам или да го монтирам)...
Не знам како да ви надоместам на сите... затоа повеќе памет за нареден пат и нема да post-ирам секакви проблеми пред да сум 100% сигурен дека грешката не е од моја страна...
Од тие причини ќе ја избришам темата...
Инаку еве слика од HEF4093B врзан според шемата од Емитер на protoboard и мерен со друга сонда. Сосема солидно си се гледа дека сигналот што го генерира колото е правоаголен со фреквенција од околу 200KHz (малку поголема е фреквенцијата 200KHz, ама го немав убаво наштелувано потенциометарот да вади точно 200KHz, затоа
).