Пред неколку денови си добив интересно апаратче. Се работи за дигитален уред кој што има 6 седум-сегменти дисплеи, 6 тастери и 4 влезо/излези.
Машинчето е посеизгледа од руско производство од некоја си фирма ПИК и е всушност
„Програмируем Измервателен Контролер“ модел ПИК-200МД-6
Срцето на ова се состои од еден Intel 80C31 и UV EPROM мемориичка.
Мислам дека е бројач на импулси т.е. врзани на некој сензор во некој процес.
Отпозади каде што би требало да се уклчуваат сензорите има конекции за U+, S1, S2, U- редоследно и напојување за 220 Волти (Внатре има транформатор и стабилизатор, опасно ѕверче е).
Се програмира во така наречен Прог. мод со помош на 3 тастери се даваат Стотинки, Десетки и Единици.
Има тастер и за нулирање т.е. Нула.
Друг тастер има што немам поима што е и пишува Сума кој кога еднаш ќе се притисни, светнува зелена ЛЕД и се испишува „C“ на дисплејот, а уште еднаш ако се притисни останува да свети само ЛЕД диодата.
На излезите (влезови ?!?!) се гледа дека имало жици на U+, S1 и U-. U+ и U- даваат 12V стабилен напон.
Сега, фората ми е што неможам да го оправам да „Брои“ (доколку воопшто го прави тоа). Имам врзано жица на U+ и пробувам со допирање на S1/S2 но ништо не се случува. Истотака и со допирање на U- со S1/S2 ништо не се случува.
Можеби некако на друг начин се поврзува или пак некој влезен модул е изгорен (иако нема никакви индикации за тоа).
Има некој идеа што би можел да испробам ?
Во прилог следуваат слики од истото чудовишто што е „Слеано в СССР“.