Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: .DVL on 16.01.2011, Sunday, 14:16:48
-
епа вака еве еден интересен проектот што преку блутут апликација на телефон може да се контролира количе (играчка :D) сакам да го правам само чекам да ми кажат колку пари се деловите ;D (извинете за насловот незнаев како да го напишам :-\)
еве ја шемата
(http://uzzors2k.4hv.org/projectfiles/blucar/Bluetooth_control.GIF)
(http://pic.mk/images/circuitblu.jpg)
(http://pic.mk/images/assembledb.jpg)
(http://pic.mk/images/assembleds.jpg)
Еве ги апликациите
http://uzzors2k.4hv.org/projectfiles/blucar/Bluetooth%20Car.zip
Bluetooth Car (ATtiny2313) controlled with Android phone (http://www.youtube.com/watch?v=tIx2ihZ7728#)
Извор
http://uzzors2k.4hv.org/index.php?page=blucar
-
Насловот и општо темата ти се супер, педантно и средено. Вака треба да изгледа секоја тема :)
Блутут модулот прашај колку пари е да се купи кај нас, ако ти врши работа само блутут чипот можам да се обидам да ти јандам таков чип. Микроконтролерот ке мора да го програмираш на посебен програматор, поразличен од овие за пикови.
-
Фала DX-er ;D иначе чекам од алфа да ми стигни порака за деловите па ке видиме .... ;D
-
ДВЛ цената на тоа модулче за блутут ако прочиташ во изворот кошта 100 долари.А тебе ти треба HTC мобилен,од него е искористен акцелометарот,тој служи за вртење на количката(моделот) лево или десно.За другите делови лесна работа,ама да те прашам зашто си земал да правиш со блутут кога имаш РФ модули т.е. хибридни модули.
-
ако може да се изведе со друг тип на радиоконтрола освен блутут би било најдобро бидејки блутутот е ограничен на само 10m.
-
Bluetooth си е Bluetooth и неможе да се менува со ништо, секој протокол сим има свои предности и недостатоци. Ако ставиш РФ модули поразлични од Bluetooth нема да можеш без додавање на хардвер да контролираш од мобилен телефон, а и патем апликацијата што е направена за андроид може да се користи на било кој мобилен телефон со андроид со преправање на одредени работи, се разбира ако имаш source code и знаеш јава, билдаш и готово, тоа воопшто не е сложена работа. Имам направено едно робетче (ASURO) со ATmega8L и Bluetooth модулче од микроелектроника контрола преку Bluetooth од лаптоп. Тоа беше како дел од Hardware & Software од Бања Лука и ако ги најдам видеата ке ги поставам некаде на форумов, а и патем се спрема уште еден голем проект со роботче, но за тој ке има посебна тема во Роботика.
Споено мислење: 16.01.2011, Sunday, 16:41:22
ако може да се изведе со друг тип на радиоконтрола освен блутут би било најдобро бидејки блутутот е ограничен на само 10m.
Имам Bluetooth класа 1 кој сигурно работи на 150 метра на отворен (Пробано), немора да е класа 2 :)
-
Имам Bluetooth класа 1 кој сигурно работи на 150 метра на отворен (Пробано), немора да е класа 2 :)
џабе кога телефоните се со блутут со 10 метри домет.
Јас мислам дека овој проект е неисплатлив за правење, подобро со друг начин со радиоконтрола и без телефон.... ке има повеке работа додека се направи ама далеку поевтино ке биде.

Воглавно за овој проект станува збор за играчка, и е наменета да си ја возиш низ соба, што ако има 1km домет ако неможаш да видиш каде оди количката. За играње и за учење (за тој што незнае ова да го направи може многу да научи и да го употреби во други цели тоа знаење). Се сложувам дека ова е неисплатливо, но за мене, за некој друг е и повеќе од задоволство.
-
овој проект е добар да го направи со хибридни модули.Нема да фрли 120долари за цел уред,овде ќе фрли накај 2000 денари.И со сигурност ќе му работи.Еве линк,симни ги фајловите и другите потребни работи за негова изработка,и изработи го.Деловите лесно се наоѓаат.
http://320volt.com/jal-programlama-dili-pwm-rf-haberlesme-robot-projesi/
-
Имаше во ЕМИТЕР еден проект за количе управувано РФ модули, но такви РФ модули не прпорачувам да користите, јас купив 1 пар од кај бугарите и многу чудно во работа изгоре предавателот, истото му се случи и на еден клолега, а сум слушнал дека се случило истото и на уште многу други. И тоа не работеше ни 1 саат.
-
нели може да си направиме своја радиоконтрола со предавател и приемник на пр. 27MHz и да се користат снимени TDMF тонови од предавателната страна а кај приемникот да има некој декодер што ке ги претвара од тон во некоја команда.
-
може и во 10101001 да ги претвара, и во приемникот тоа да се репродуцира....може и со обично радио па да се направи :D имав размислувано за тоа пред некој ден... :D
-
само незнам кај ќе најдете RS232 блутут :)
-
муабетот се сврте за RF модули и како можеме да ги замениме...
-
може и во 10101001 да ги претвара, и во приемникот тоа да се репродуцира....може и со обично радио па да се направи :D имав размислувано за тоа пред некој ден... :D
Може ама баш се што ке ни текне да направиме, и тоа на билокоја фреквенција сакаме (до 5GHz), но дали се исплати, колку време ке се потроши, кога веке модулите се продаваат под цената на нивните елементи, и веке се направени и проработени.
Споено мислење: 16.01.2011, Sunday, 18:40:52
само незнам кај ќе најдете RS232 блутут :)
Тие се најраспространетите Bluetooth модули, има еден класа 2 од микрое, кој може да се нарача преку Логин. Имам јас еден таков модул и еден Класа 1, па ако некој е многу заинтересиран можеме да се договориме да пробаме нешто заедно.
-
има еден Манчестер код за хибридните модули со користење на ПИЦ микроконтролери.Повеќе битови со тој код може да се пратат.А Деофрант какви се тие модули Wi-fi се тие?Што коштаат 21 евро парче-тие ли се?А иначе јас сум заентиресиран.Нарачав Зиг Бее модули како што ми ги кажа ти,имав пари па ај да ги нарачам да видам нешто за гаражна врата ќе правам,контрола за врата.
-
(http://pic.mk/images/433txr1295204975.gif)
извор:
http://www.elektronika.ba/269/prijemnik-i-predajnik-za-podatke-na-433-mhz/
-
еве ја пораката од АЛФА : Zdravo na zalost vakvi specijalicirani IK nemame. :-\ :-\
-
а за кое коло се работи ?
-
за ова attiny2313 :-\ :-\
-
па ако успеете да најдете некој рс232 блутут мобил можеби ќе може да се преработи шемата
-
па ако успеете да најдете некој рс232 блутут мобил можеби ќе може да се преработи шемата
Тие се тие за кој зборувам, модулите на микроелектроника, можат да ги набават од логин.
-
И колку кошта еден таков модул ?
пошто јас гледав на нет скапички беа :)
-
И колку кошта еден таков модул ?
пошто јас гледав на нет скапички беа :)
Па бидејки Логин се дистрибутери на микрое, колку се на сајтот на микрое + ДДВ, друго не наплакаат, ама нема да прават посебна нарачка, туку кога ке имаат стандардна нарачка ке ги пуштат и тие, па може да се чека и месец дена.
-
А нели може да се извади блутут чипот од оние блутут адаптери што се приклучуваат на УСБ? Тие се ефтини, само дали може...
-
Тешко, тоа е само чипот а не е цел модул каков што се бара конкретно за изведба на таа шема.
ке треба да го одлемиш SMD чипот, значи ке треба да го грееш на 200-300 степени, а ако се расипе при одлемување готово, ако не се расипе знај дека животниот век му е скратен бидејки со секое загревање тој се намалува. Да речеме дека успешно си го одлемил чипот и тој е исправен, ке треба да го направиш блутут модулот за кој не знам кај ке најдеш шема.

DX-er, во право си, неможе да се искористи тој чип, но не се баш тие причините кои ги наведе. Чипот може да се одлеми, и здрав ке биде, но тој чип е кинески ASIC, за кој документација има само фирмата што го произведува, и бадијава го имаш чипот кога незнаеш ни пиновите што му се а не па друго. И ако има документација од чиопт не ти е потребна шема, шемите се составуваат, патем и тие што ке ги најдеш некој ги составил, а зашто па не и ние. Инаку може да се искористи и цел модул, но да се работи со контролер кој има USB Host, на кој преку USB каналот ке контролира со модулот. Но за тоа во некоја друга прилика.