Македонски форум за електроника

Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: ljup4o on 25.09.2010, Saturday, 15:23:59

Title: Гитарски процесор
Post by: ljup4o on 25.09.2010, Saturday, 15:23:59
Имам ваков процесор
Code: [Select]
http://www.stevesmusiccenter.com/DigitechRP50.htmlе сега сакам да направам да има 5 или 6 тастери со кој ке ги менувам боите пошто кога менувам со нога немам доволно време на пример да префрлам од 10 на 15 и затоа сакам да направам некој таков склоп што на пример ако покажувачот е на 10 со потиснување на тастерот 5 да се качи на 15 или со потиснување на тастерот 4 да се качи на 14. Дали има некој правено вакво нешто и дали некој знае како ова може да се направи
Title: Одг: Гитарски процесор
Post by: GigaWatt on 25.09.2010, Saturday, 17:22:16
Ќе треба да се направи посебен уред кој ќе генерира по 5 импулси за менување од 10 на 15, или некој кој ќе генерира по 3 импулси за премине од 3 на 6 па на 9. А тоа автоматски значи дека ќе треба да има и бројач со различни врендости. Со микроконтролер би требало да може многу лесно да се изведе, ама со обични електронски компоненти, малку потешко :S.
Title: Одг: Гитарски процесор
Post by: batka on 25.09.2010, Saturday, 17:28:49
Мислам дека е неисплатливо,а и нема многу простор во процесорот.Полесно е паралелно со постоечките тастери да споиш други кои со кабел ке бидат врзани за тастери за на нога па да
можеш да ги менуваш положбите со ногата.