Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: Bojan on 02.05.2010, Sunday, 16:47:32
-
треба да правам бројач што ке брои нагоре и надоле...Devil ми даде шема една со cd40110 ама со 4 дисплеи, а мене ми треба еден и си ја правев плочката според таа шема што ми ја даде Devil само без останатите 3 цифри ама па забегава колото..кога ке го уклучам (12V) на дисплејот си покажува 1, и кога допирам на некој од влезовите со жичка што е извадена од + од напојувањето почнува да забегава дисплејот...те 6 покажува те 8 те 4 се покажува....ама па не ги покажува по ред... што би можело да му биде???
Шема:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1225.0;attach=443)
Плочка:
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1225.0;attach=441)
-
Ај пробај со помал напон носи му
стави му на интегралното директно на плоча од долу еден кондензатор од 100nF на нозете од напојувањето, доколку има некој паразитни осцилации да се поништат
-
Познат проблем. Се работи за таканаречено Switch-bounce, т.е. секој механички прекинувач пред да вклучи неколку пати многу брзо отскокнува од металната површина и тоа создава повеќе од 1 импулс што бројачот без да видиш ги брои. Решението се вика: debounce и не е едноставно, да беше бројачот со микроконтролер се решава тоа со пауза при проверката на копчето (софтверски debounce). Хардверски со електроника се решава со ставање на копчето или на моностабил или ставање на шмитов тригер. Ова ќе ја усложни шемата двојно но ти за проба можеш да направиш нешто што не гарантира сигурно решение но може да помогне а тоа е да ставиш кондензатор од 100nF паралелно со секој од тастерите и пробај дали ке има подобрување.
-
епа тука треба да се донесе електронски импулс
може некако да се изведе со оптокаплер
-
борче тоа беше проблемот, а решението го најдов во ЕМИТЕР 3/09 со the good old NE555...поврзан како моностабилен мултивибратор....сега брои како лудо.... ;D
-
може да ја поставиш шемата (секако ако можеш нацртај ја пошо како шо знам не е дозволено да се скенира и да се објави)
-
Може да ја нацрта неговата измена на постоечката шема како е имплементирано
-
еве бе луѓе...за вас ако треба и гол ке се бањам у када ::)
П.С. незнам како да ги ставам прикачените фајлови како слики тука....
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=1225.0;attach=462)
-
Прикачените слики што се директно на форумот се ставаат да се гледат вака: Значи го правиш постот (мислењето) и ги атачираш сликите. Ставаш места за слики (копчето за слика, ентер па пак копчето за слика од тулбарот) колку што имаш прикачени слики. Го постираш постот. Потоа кликаш откако ке се отвори постот десно на иконата што е за промена за да ти се претвори текстот во постот како едитабилен. На секој од прикачени фајлови подолу му правиш: десно копче и Copy Link Location и во текстот каде што претходно си ставил празни маркери за слики ([ img] [/ img]) внатре го пастираш линкот кој си го копирал. Ова го правиш за сите слики што си ги прикачил. Пробај!
-
i DID IT!!!! фала борче за објаснувањето
-
Bojan тоа ти се вика - „За вас ако треба и гол во женска бања ќе влезам“. :) :D
-
хахахахаха во право си, нема што ;D
-
Bojan тоа ти се вика - „За вас ако треба и гол во женска бања ќе влезам со раци у џеп“. :) :D
-
ааааааах луѓе ако ве има во ова време на форумов помагајте!!!! го однесов бројачот во школо и со кратки жички супер си броеше, па за да се поврзе треба да се употребат големи жици и...бројачот почна да скренува од жиците.. кој го знае што им е, па дајте некој предлог како да се реши тоа...
-
Употреби аудио кабел (што е оклопен со маса) или коаксијален кабел.
-
Употреби аудио кабел (што е оклопен со маса) или коаксијален кабел.
не е едно исто тоа???
-
Да де, но со коаксијален мислев од подебелиот што е за антени.
-
ај така ке пробам...а за што би се јавувало тоа??? нешто осцилации некои, ама па од кај ги најде па тие осцилации па...
-
Може прима 50Hz од струјата (мрежата).
-
кој го знае...го швркна нешто во интегралецот, и супер си работеше...на натпревар го носевме и е*аната механика не заеба...па 2ро место земавме ние...не за друго...DARK ке ме зафркава сега...
-
абе супер ви беше проектот,плус супер си поминавме.треба некоја слика да ставиме а ова ди бесе поставено над портата?
-
да, а бе тоа моето работеше, вратата се заглави >:( и после одкако си отиде комисијата проработе...а и DARK треба да стави слика некоја..со неговиот телефон се сликавме...am i right???
-
Што не кажувате вакви работи, слики од уреди и натпревари хитно! :)
-
тоа нашето што беше беше мал хаос од жици...DEVIL ако има слики од тоа неговото нека стаи...и ја од тоа паркингот што го правевме ке ставам...кога ке ги добијам...оф крос
-
Јас не го имам изработено ова ј бројач :S
за ќал тоа е, не ми требало вакво нешто никогаш
ама па има моќност за некое време да го направам