Вчера бев на местото Рамно на планината Скопска Црна Гора кај Скопје.
Најпрво да кажам дека е прекрасно место кое се наоѓа на висина од 1500 до 1600m надморска висина.
Имаше прекрасен видик од планини и природа. Делот од видикот накај Скопје беше како цел град да е во магла, а горе права пролет, чисто сино небо со по некое облаче.
Локацијата на која бев е следна:
Правев тестови со радио станицата, што ке отворам од тамо
Копаоник R2 репетиторот го слушав Q3, исто така и они мене ме слушаа
Kopaonik RU2 Q5, го отварав од одредени микро локации но сепак супер проаѓав за разлика од R2 кој го отварав од повеке места но послабо проаѓаше сигналот.
Софија R1 и Ботев врв во централна Бугарија, на ехо линк слушав штрак и толку.
R4 во Црна гора го слушав Q4 но за жал не можев да зборувам преку него, само кога ке стиснев да зборувам на ехолинк слушав штрак и толку.
И овој пат прилепчани извадија работа, R0 Прилеп со Q5. Благодарност до радиоаматерите од тој регион а посебно до Z31GH бидејки и со него тестирав.
Кога сме кај Прилеп да кажам дека тамошните радиоаматери според мене (без лутење од Скопјани) по ентузијастички расположени бидејки кога и да го фатам сигналот има луѓе кои разговараат и тоа претежно за радио станици, антени, размена на искуства, локации од каде се отвара нулата и сл. Кога и да се уклучам во разговорот со радост ме прифаќаат.
R6 Q5 но се слушаше одлично и грчкиот R6 на кој не можев да пристапам, дури и да го отворев немаше да знам бидејки нашиов го слушав.