Од горната страна на картицата има две пластични нитни. Оддолната страна на картицата се држачите со кои се држат нитните за плочката. Со малечко клештиче че ги стиснеш пластичните нитни од долната страна и ќе излезат. Потоа, ќе го извадиш ладилното тело и ќе видиш како е изведена термопроводноста меѓу чипот и ладилното тело. Најчесто, за да се заштеди на пари и време, кај поновите грефички картички се става нешто слично на „дебел термопроводен лист гума“ (не знам како на друг начин да го опишам, личи на дебело лифче хатрија, но не е од хартија, гумено е и најчесто има свтело зелена или светло розева боја). Ако е ова случајот, полека и многу вниматено ќе ја изгребеш термопроводната гума со помош на скалпер од ладилното тело и од чипот (ако не можеш да бидеш многу внимателен, термопровоната гума од чипот не мора целосно да ја вадиш, пробај со ноктите од прстите греби и види колку што можеш повеќе да извадиш а да не го оштетиш чипот, кај овие типови на чипови, најчесто јадрата имаа директен контакт со ладилното тело, па може да се случи да се скрши парченце од јадрото ако се оди сo "brute force" метод на отстранување, односно ако пробаш да ја гребеш гумата од чипот со штрафцигер или нешто слично). Ако е поставена термо паста, само избриши ја термо пастата од ладилното тело и чипот со обична хартија или памук (можеш да користиш и комбинација на обична хартија и влажни марами, но не од оние за бебиња, со млеко што се, туку од оние санитарните/медицинските, со чист алкохол што се). Потоа само се нанесува нов слој на на пасат на адекваното место (на местото каде и претходно имало паста). Не се става предебел слој (по размачкувањето на адекватното контактно место, дебелината треба да му биде околу 0.5mm, или тука некаде
). Се поставува ладилното тело на адекватното место, се протнуваат повторно пластичните нитни низ нивните дупчиња, и тоа е тоа
.
ПС: Најсигурно е да се монтира кулерот додека е извадено ладилното тело од графичката карта, така да, ако планираш да ставаш кулер на графичката карта, стави го додека е извадено ладилното тело
.