Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 17:21:49

Title: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 17:21:49
Незнам што проблемот графичката има температура од 66степени до што ќе да е ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: batka on 24.07.2011, Sunday, 17:43:40
Прво ,има ли кулер графичката? провери дали кулерот работи или е успорен.Ако недоволно лади стави нов или по можност поголем за да има подобро ладење.Второ: извади го ладилникот и кулерот истави нова термална паста,можеби е истрошена . Трето- во лето е вообичаено зголемено греење ,ама ако замрзнува или гаси компјутерот може би треба да размислиш за нова графичка.И на крај - се добро,ама не пиша за кој модел се работи?? ;D
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: Urahara on 24.07.2011, Sunday, 17:51:45
66 степени и не е којзнае што температура особено не во овие летни горештини.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: SKOLS_OLD on 24.07.2011, Sunday, 17:59:14
минатото лето имав голем проблем со греење на графичката.Играв по многу часови Call of Duty 4,па компјутерот на 3 места го преместував за да не грее,односно да има вентилација.Исто така поради греењето ми се гасеше цел компјутер.Но сега не е така,си поставив надворешен вентилатор,но и внатрешен со вграден термостат и НТЦ отпорник. 8) :D
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 18:37:12
добро што е жешко жешко е  :D а мислам дека нема кулер на графичката а се работи за модел Ge Force 8500GT.
SKOLS проблемот е што не играм ништо јас а грее :-\
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 18:37:37
Незнам што проблемот графичката има температура од 66степени до што ќе да е ?

66 степени и не е којзнае што температура особено не во овие летни горештини.

И јас исто сакав да пишам, мене нормална температура на работа на мојата GeForce 7200GS е околу 75 степени, и тоа clock-ната (со пасивно ладење е ;D, cut the card some slack ;D).

минатото лето имав голем проблем со греење на графичката.Играв по многу часови Call of Duty 4,па компјутерот на 3 места го преместував за да не грее,односно да има вентилација.Исто така поради греењето ми се гасеше цел компјутер.Но сега не е така,си поставив надворешен вентилатор,но и внатрешен со вграден термостат и НТЦ отпорник. 8) :D

Е ова е најпаметно решение. Додатни кулери прават бука, особено ако се некои понеквалитетни ;D, ама затоа пак нема деловите да ви прегреваат, кочат, прегоруваат, итн. Better safe that sorry ;).
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 18:38:25
и каде да го сместам тој друг кулер  :)
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 18:43:23
и каде да го сместам тој друг кулер  :)

Па најпрактично решение е да биде сместен некаде во близина на графичката карта, под неа или до неа. Дури можеш и привремено да го прикачиш со некаква си жица (изолирана) или некој пластичен држач, само летово дур не помине ;). И најобичен 8cm-тарски кулер би ти свршил работа колку да не грее премногу гафичката ;). Температуратат би требало да се спушти барем до 40-тиот степен ;).
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: batka on 24.07.2011, Sunday, 19:07:15
добро што е жешко жешко е  :D а мислам дека нема кулер на графичката а се работи за модел Ge Force 8500GT.
SKOLS проблемот е што не играм ништо јас а грее :-\

Прво ,постапи како рековме - стави нова термална паста ( по можност од белата!).Ако графичката има само пасивно ладење без кулер според големината на ладилникот стави нов кулер.Ако има место и можност прицврти го со штрафење,ако не со брзиот лепак! ;D Не е шега, успехот е 100%.Понекогаш решението е и со пластични стеги,ама ова со лепаков е брзо и добро решение.Досега така наместен кулер не ми се разлепил! :D :D
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 21:12:09
Абе што ќе ставам нова термална паста ке ставам кулер поарно е мислам јас
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: Bojan on 24.07.2011, Sunday, 21:16:22
Абе што ќе ставам нова термална паста ке ставам кулер поарно е мислам јас

со нова термална паста подобро ке се проведува топлината од чипот кон ладилникот, па и подобро ке се лади...
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 21:20:07
Ама како да го одлепам ладилникот и пак да го залепам ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 21:27:56
Ама како да го одлепам ладилникот и пак да го залепам ?

Па дај сликај ја графичката, ќе ти кажеме како ;). Некои ладилници се директно залепени, некои се со пластични држачи прикачени, не е кај сите исто ;).

ПС: Ако сликаш со мобилен, убаво осветли го предметот пред да го сликаш.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 21:41:56
ај сега ќе видам како ке испаднат сликите  :)

Споено мислење: [time]24 Јули 2011, 20:56:06[/time]
не можев да направам добри фотки бидејќи темно и ништо не се гледа

(http://www.pcstats.com/articleimages/200708/GBTnx85T256H_pspc2.jpg)

ако е од некоја помош

Quote from: Администрација
Кодирај линкови или стави php код за слика !!! Прочитај ги правилата и останатите теми во кои детално се објаснува како се посатвуваат слики на форумот !!!

Споено мислење: 24.07.2011, Sunday, 22:01:44
Се извинувам заборавив  :(
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 22:13:48
Од горната страна на картицата има две пластични нитни. Оддолната страна на картицата се држачите со кои се држат нитните за плочката. Со малечко клештиче че ги стиснеш пластичните нитни од долната страна и ќе излезат. Потоа, ќе го извадиш ладилното тело и ќе видиш како е изведена термопроводноста меѓу чипот и ладилното тело. Најчесто, за да се заштеди на пари и време, кај поновите грефички картички се става нешто слично на „дебел термопроводен лист гума“ (не знам како на друг начин да го опишам, личи на дебело лифче хатрија, но не е од хартија, гумено е и најчесто има свтело зелена или светло розева боја). Ако е ова случајот, полека и многу вниматено ќе ја изгребеш термопроводната гума со помош на скалпер од ладилното тело и од чипот (ако не можеш да бидеш многу внимателен, термопровоната гума од чипот не мора целосно да ја вадиш, пробај со ноктите од прстите греби и види колку што можеш повеќе да извадиш а да не го оштетиш чипот, кај овие типови на чипови, најчесто јадрата имаа директен контакт со ладилното тело, па може да се случи да се скрши парченце од јадрото ако се оди сo "brute force" метод на отстранување, односно ако пробаш да ја гребеш  гумата од чипот со штрафцигер или нешто слично). Ако е поставена термо паста, само избриши ја термо пастата од ладилното тело и чипот со обична хартија или памук (можеш да користиш и комбинација на обична хартија и влажни марами, но не од оние за бебиња, со млеко што се, туку од оние санитарните/медицинските, со чист алкохол што се). Потоа само се нанесува нов слој на на пасат на адекваното место (на местото каде и претходно имало паста). Не се става предебел слој (по размачкувањето на адекватното контактно место, дебелината треба да му биде околу 0.5mm, или тука некаде ;)). Се поставува ладилното тело на адекватното место, се протнуваат повторно пластичните нитни низ нивните дупчиња, и тоа е тоа ;).

ПС: Најсигурно е да се монтира кулерот додека е извадено ладилното тело од графичката карта, така да, ако планираш да ставаш кулер на графичката карта, стави го додека е извадено ладилното тело ;).
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 22:17:42
Ќе пробам утре ќе видам што ке направам а секако дека ќе ставам кулер фала за помошта само ако може да ми кажеш кај ке го поврзам кулерот ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: batka on 24.07.2011, Sunday, 22:18:04
Еве како и осмица ке напасуваш! Лепи,а пробај и со штрафови
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 22:23:34
Мислеш да го ставам под ладникот(во случајот на сликата) а кај мене е обрната ладилникот надолу стои и да го ставам таму ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 22:29:11
Мислеш да го ставам под ладникот(во случајот на сликата) а кај мене е обрната ладилникот надолу стои и да го ставам таму ?

Да, така ќе дојде, кулерот се става на ладилното тело на графичката и кога ќе се монтира графичката во куиштето, куерот е од долната старана, но дува нагоре ;).
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 22:30:03
а како да го прицврстам и како ке го напојувам ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 24.07.2011, Sunday, 22:33:38
а како да го прицврстам и како ке го напојувам ?

Ќе го напојуваш преку 12V-ниот rail од PSU-то, преку Molex конекторите за напојување на HDD/DVD-ROM ;).

Има различни начини за прицврстување, јас најчесто ги прицврстувам со шрафови од други ладилни тела или евентуално со шрафови за дрво (се продаваат на пазарите, има различни големини, однеси го кулерот и ладилното тело на лице место и пробај кој од тие шрафови ќе ти одговара според димензија и должина ;)). batka предложи со суперлепак (не сум пробал со него, но дефинитивно вред да се проба ;)). Избери си, и види со кој од овие методи најдобро ќе се прицврсти кулерот ;).
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 22:37:21
ама чекај ќе треба да го бушам ладилникот ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: batka on 24.07.2011, Sunday, 22:50:57
Не треба да бушиш ништо! Купи 8х8 см кулер ,како за  напојување.Ги има со молекс утикач машки и женски на самиот кабел на кулерот.Го врзуваш преку нив на напојувањето и со лепак го лепиш за алуминиумските ребра на графичката.Треба само неколку капки за да фатат и ке држи добро.Иначе кулерот треба да го поставиш да *дува* накај ладилникот на графичката!
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 23:05:01
ок фала ви за помошта :)

Споено мислење: 24.07.2011, Sunday, 23:07:44
околу колку се движи цената на кулерите ?
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: batka on 24.07.2011, Sunday, 23:16:07
Кај мене е 120 денари
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanjanevski on 24.07.2011, Sunday, 23:22:33
Таков кулер за каков што зборите вие, еднаш мене ми требаше и поминував покрај Логинг, и викам ај да прашам, влегувам внатре, прашувам која е цената за едно кулерче 8х8? Тој ми вика 540 денари. Одење наредниот ден на циган пазар, купувам 4 напојувања за компјутер и сеа си имам дома 4 кулерчиња за 100 денари.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 24.07.2011, Sunday, 23:31:11
Кога веќе ја отворивме темава да прашам а на хард дискот како можам да му ставам кулер да не прегреит и тој :D
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: Ilcebt on 24.07.2011, Sunday, 23:55:44
Кога веќе ја отворивме темава да прашам а на хард дискот како можам да му ставам кулер да не прегреит и тој :D

Што се замарате со кулери, ладилници земете го куќиштето цело и пикнете го во фрижидер и има да "лета" компјутерот  ;D ;D ;D  ;)
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 25.07.2011, Monday, 00:02:12
или климата директно во него на најладно  :D
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: filipmkd on 25.07.2011, Monday, 02:43:02
Па нема потреба да се замараш, ако нешто и биде прати ја слободно за Струмица ке ја поправам 100 %
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: LordZi on 25.07.2011, Monday, 09:36:18
Доста офтопик, држете се до темата...
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: SKOLS_OLD on 25.07.2011, Monday, 11:39:58
Таков кулер за каков што зборите вие, еднаш мене ми требаше и поминував покрај Логинг, и викам ај да прашам, влегувам внатре, прашувам која е цената за едно кулерче 8х8? Тој ми вика 540 денари. Одење наредниот ден на циган пазар, купувам 4 напојувања за компјутер и сеа си имам дома 4 кулерчиња за 100 денари.
тој бил со лагер,без лагер би бил поефтин.Вентилатори со лагерче се секогаш поскапи од тие што се без него.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanjanevski on 25.07.2011, Monday, 11:46:00
Таков кулер за каков што зборите вие, еднаш мене ми требаше и поминував покрај Логинг, и викам ај да прашам, влегувам внатре, прашувам која е цената за едно кулерче 8х8? Тој ми вика 540 денари. Одење наредниот ден на циган пазар, купувам 4 напојувања за компјутер и сеа си имам дома 4 кулерчиња за 100 денари.
тој бил со лагер,без лагер би бил поефтин.Вентилатори со лагерче се секогаш поскапи од тие што се без него.

Не знам дали бил со лагер, ама пак 540 денари е премногу.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 25.07.2011, Monday, 11:48:23
Јас сега вградив еден 100ден едвај го најдов сегде го потрошиле сега не грее толку
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: GigaWatt on 25.07.2011, Monday, 13:06:06
Кога веќе ја отворивме темава да прашам а на хард дискот како можам да му ставам кулер да не прегреит и тој :D

Има посебни кулери за HDD-иња, околу 200 денари се во продавниците за компјутерска опрема. Се монтираат на самиот HDD со шрафчиња од долната страна.

Јас сега вградив еден 100ден едвај го најдов сегде го потрошиле сега не грее толку

Епа аирлија поправка ;D.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanjanevski on 25.07.2011, Monday, 14:07:41
Имам јас дома еден вентилатор како тие од клими што се само овој е малку помал. Точно го збира во куќиште, лади како лудо, а бука не прави ич, а работи на 220В. Ептен добро лади и брз е, не е како оние со прст да ги сопираш. Стаиш ли прст, мелено месо го прави. Така едно лето со стариот компјутер си претерав. Сеа не ми е потребен ни на стариот ни на новиот, така ми дреме.
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: stefanstip on 25.07.2011, Monday, 15:07:14
Кога веќе ја отворивме темава да прашам а на хард дискот како можам да му ставам кулер да не прегреит и тој :D

Има посебни кулери за HDD-иња, околу 200 денари се во продавниците за компјутерска опрема. Се монтираат на самиот HDD со шрафчиња од долната страна.

Јас сега вградив еден 100ден едвај го најдов сегде го потрошиле сега не грее толку

Епа аирлија поправка ;D.

Ќе побарам  :)
Иначе фала без ваша помош ништо не правев  :)
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: ZareBt on 18.04.2012, Wednesday, 16:48:03
Дали е нормално при пуштање на игри на пк, графичката да крени 75 степени, во ова време, кога не е топло надвор. На графичката мислам дека нема кулер. :)
Title: Одг: Зошто графичката ми грее многу ?
Post by: Devil on 18.04.2012, Wednesday, 18:47:52
не смее толку високо да ти загрева, стави му кулер, смени му ја пастата на ладилникот
мене ми се има случено да ладилникот не лежи убаво на процесорот од графичката (околу 0.5мм оддвоено) и се тоа исполнато само со паста, така ми грееше многу графичката, му ставив штрафови и ја затегнав убаво (не пресилно) но прилично добро за да држи убаво ладилникот
од 40 степени не оди повеќе (кога ќе игра братми WOW 24/7)