Аналогна електроника > Предзасилувачи

Универзален микрофон

(1/2) > >>

batka:
Овој микрофон е изработен повеќе пати и во разни услови покажа многу добри резултати. Може да се користи за компјутер ,но и на други места каде е потребен микрофон.
Шемата е всушност едноставно микрофонско пп за електретски микрофон, кој многу лесно е достапен. Тоа се оние ``копчиња`` кои имаат потреба од преднапон. Овој преднапон го добиваме од +5 волти кои ги носи секој USB прикучок на компјутер, десктоп или лап топ.
Честопати компјутерџиите имаат проблем со микрофоните, било да се вградени или купени како екстерни, или веќе вградени во слушалките кои се користат. Овие микрофони многупати имаат слабо дејство, односно со нив не се `` слуша ништо``! Тогаш се бараат  модалитети како тоа да се поправи.
Значи, искуствено појачувaњето на ова пп е доволно за многу намени и разни типови звучни карти, како и употреба во системи за озвучување ,каде често пати на терен е пожелно да се има вакво `` микрофонче`` за да се озвучи акустична  гитара, дувачки инструмент или и да се проговори пред публиката.
На терен преднапонот може да се добие од универзален полнач за телефон кој има USB и дава 5 волти. Значи,преку отпорниците 100 оми  и 2к2 се носи + напон за микрофонот. Може да се врзат и два микрофона по потреба, само гледајте да се исти или да имаат потреба од ист напон на напојување ( микрофоните од телефон имаат понизок работен напон!).
Транзисторот е ВС 547 со појачување одредено со отпорник 100К, кој е доволен за работа. Отпорникот од 100 к паралелно со излезот не го изоставајте,бидејќи спречува брум, зуење итн. Ако немате потреба ЛЕД и излезниот тример не ви е потребен.
Од микрофонот излегува 3,5 мм стерео џек на кој е поврзана масата и + водот, а средниот приклучок преку кој се носи преднапон од микрофонcкиот влез на компјутерот не е поврзан! Затоа тој може да се користи и кај нормален аудио миксер со додаток на адаптер за 6,3 мм џек.
Плочката е мала, универзална , а распоредот нека биде според големината на елементите кои ги имате. Телото на микрофонот е од стара вакуум пумпа за одлемување, напред е пластична глава од стар микрофон за касетофон , со сунгераста ``капа``за заштита.
Ако ставате тример на излезот подесете го еднаш и оставете го фиксиран, со ниво на сигнал кое задоволува, а не ствара `` микрофонија`` . Ако нивото на сигнал е недоволно  зголемете го отп. 100к меѓу В/С на транзисторот, а ако осетливоста е голема намалете го овој отпорник.
Градбата е проверена барем 20-30 пати и секогаш со успех. Можеби ова изгледа лесно и едноставно,ама верувајте ми пати ми го олеснило животот!

GigaWatt:
А зошто да се врзуваат D+ и D- од USB конекторот за маса? Нема потреба, нека висат, и онака не играат никаква улога во работата на уредот ;). Само некои телефони прават проблеми и не сакаат да се полнат ако им висат D+ и D-.

batka:
Не се врзуваат! Така е шемирано на фабричката апликација за УСБ то. Нема потреба да ги врзувате кон масата, само земате + и -5 волти

DX-er:
Одлична работа! Батка, дали имаш пробано на овој микрофон наместо 5V да му поврзеш 9V батерија ? Ме интересира дали ке засилува исто така добро како со 5V, дали нема да има изобличувања на звукот и сл.

GigaWatt:
Па не би требало да има. Баш напротив, со батерија би требало уште подобар да биде квалитетот на сигналот ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version