Еве еден квалитетен и прецизен C/ESR метар кој би бил корисен додаток во секоја електроничарска работилница, со напомена дека може да се употребува и како прецизен мили-омметар
.
Оригиналниот проект е од овде:
http://pro-radio.ru/measure/3288/
кој сака може да ја преведе страната со гугл и да ја проучи подетално, кој нејќе сите потребни фајлови ги има закачени најдоле и тоа шемата, две верзии на плочката - со SMD и со through hole делови, како и последната верзија на hex фајлот. Верзијата through hole треба да се напојува со симетричен напон бидејќи на плочката го нема колото ICL7660 за добивање на негативниот напон.
Јас ја правев SMD верзијата и имав проблем со наоѓање на делови со потребните вредности, бидејќи изборот на SMD делови кај нас е очаен, па морав да се снаоѓам со piggy-backing, т.е. лемење два SMD отпорника паралелно еден врз друг за да се добие потребната вредност. Исто така наместо кондензаторите 4n3 кои ги нема кај нас залемив два од по 2n2 еден врз друг за да се добие 4n4, најприближно до потребната вредност
.
Кога сме веќе кај очајниот избор на SMD делови по нашите продавници, да го „пофалам“ и продавачот во гац кој наместо BC807(NPN) ми дал BC817(PNP) кој ми го буткаше напонот од 5V после стабилизаторот на под 4V и поради што не ми проработе уредот од прва и дури после еден куп извадени, проверени и вратени делови ми текна да го проверам и него (тука многу ми помогна SC Analyzer-от
). Како и да е, после уште некои ситни проблеми и подесување, уредот работи како што треба. Тука мора да го спомнам и Feko од електроника.ба кој многу ми помогна околу постапката на подесување за да не лутам на таа руската страна
.
Инаку подесувањето е следното: прво додека е вклучен уредот се притиска тастерот + и додека се држи со тримерот од 22к се подесува при краткоспоени сонди на двата канала (за 1 и 10оми) да покажува нула оми или најприближно до тоа (иначе ова е многу тешко да се постигне со обичен тример бидејќи бројките доста се менуваат и со мало поместување на лизгачот па најдобро е да се стави повеќеобртен). Кога ќе се подеси најмало покажување, сеуште држејќи го тастерот + се притиска SET со што се снима поставката во епромот и на екранот се појавува порака ready. После ова се исклучува уредот, се притиска тастерот SET и се вклучува додека се држи притиснат, со што се влегува во менито за подесување на коефициентите, со тастерите + и - се подесува нивната вредност горе или доле додека не се добие точно отчитување на дисплејот. Има три вида коефициенти за подесување, за 1ом, 10оми и за Cx. Подесувањето, особено за подрачјето под 1ом, се прави со мерење прецизни отпорници, јас користев со толеранција 1% што мислам дека е доволно. Подесувањето за Cx се врши со електролити со позната (измерена) вредност. После секое подесување на коефициентите се стиска повторно SET, се исклучува и повторно се вклучува уредот и се проверува покажувањето. Ова се повторува се додека не се постигне точно покажување на вредноста на приклучените компоненти, малку е мачно додека се дотера се, но кога еднаш ќе се подеси после уредот мери мошне прецизно.
Еве неколку компоненти измерени со овој C/ESR метар:
електролит 10uF/250V
електролит 10uF/16V
електролит 47uF
електролит 470uF
електролит 1500uF
електролит 2200uF
електролит 22000uF
блок кондензатор 6,8uF
отпорник 2ома
отпорник 0,5ома
отпорник 0,1ом/1%