Author Topic: Радиоаматери општо  (Read 89069 times)

TeslaBt

  • Guest
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #315 on 30.08.2016, Tuesday, 10:27:47 »
Можно е и на VHF и UHF да се прават врски на далеку. Ама такви работи ретко. Инаку тие врски се прават со одбивање на сигналот од некој предмет. Можи да е месечината , можи да е тропосферата , метеори и некои други работи.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #316 on 30.08.2016, Tuesday, 12:36:25 »
Можно е и на VHF и UHF да се прават врски на далеку. Ама такви работи ретко. Инаку тие врски се прават со одбивање на сигналот од некој предмет. Можи да е месечината , можи да е тропосферата , метеори и некои други работи.
Да така може, но преку репетитор нема шанса.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #317 on 30.08.2016, Tuesday, 15:46:10 »
Прееска бев од мобилен и неможев подетално да објаснам.

Значи VHF/UHF сигналите се распространуваат во хоризонтала и најмногу што до сега имам остварено контакт преку репетитор (FM) бил на 180km со рачна станица, со базна станица повеке но колку и да е не може екстремно многу како радио сигналите на VHF што се насочуваат према трагови од метеори, месечината па дури и од авиони :) Така може да се слушнеш со радиоаматер на многу поголема далечина. Овој вториот тип на комуникација користи SSB модулација е со насочен сигнал и нема да те слушаат сите наоколу како преку репетитор.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #318 on 16.09.2016, Friday, 11:48:16 »
Не можам да ги разберам поедини радиоаматери кои се во некој филозофски тренд па они да кажуваат што е радиоаматер. Наводно тие со евтини радио станици не се радиоаматери. Од мене имаат едно цинично ХАХА. Тоа се летнати во небо! Се знае точно што е радиоаматер, тоа е дефинирано со закон и кодекс.

Радиоаматер си ако:
- имаш положено радиоаматерски испит (со помош на знаење)
- да го почитуваш радиоаматерскиот кодекс
- да ги користиш радиоаматерските фрекфенции

И толку !!!

А оние арогантни луѓе со нај нај врвна опрема (станици, засилувачи и антени) но со кршење на кодексот, законот и нечовечно однесување, тие НЕ СЕ РАДИОАМАТЕРИ и крај!!!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #319 on 16.09.2016, Friday, 12:01:17 »
И јас сум со тебе DX-er!  8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #320 on 16.09.2016, Friday, 12:29:00 »
И уште нешто, не е битен брендот на опремата, во радиоаматеризмот не си ги мериме! На крај краева ако сам конструираш радио станица таа не е бренд и тоа не значи оти не си радиоаматер... треба едноставо човек да е ентузијаст. Џабе некој со куп брендирана опрема ако му е смачено (ску*чено) и нема никаков ентузијазам во него. Тој не е радиоаматер!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #321 on 16.09.2016, Friday, 14:45:42 »
Dx-ер не е  брат опремата пр есудна! Проблемот е што за 50$ се купува станица, па секоја *шушка* може да се занесува дека е радио-аматер и да штрака,да навредува,да се понаша простачки на бандот! Тоа е проблемот. Доколку  се направи јак Сојуз ,да се применуваат и почитуваат построги норми, критериуми и закони, е тогаш ке зборуваме за радиоаматеризам кај нас.Сега ,како и се во ова држава, имаме  само - имитација на радио-аматеризам.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #322 on 16.09.2016, Friday, 16:02:54 (Edited 16.09.2016, Friday, 16:10:29) »
Радиоаматер е лице што положило радиоаматерски испит, почитува кодекс и работи на радиоаматерски фрекфенции. Толку! Со што станица работи нема врска ниту цената дали е 50 или 5 000 евра, кој колку му е чергата толку ке ги испружи нозете. Дефинитивно нема поврзаност помеѓу евтините станици штракачите. Штракачот има ментален проблем а не е проблемот до станицата која ја има и истата без разлила дали е 50 или 5000 евра. Против сум дискриминација на посиромашните радиоаматери со евтини станици и ку*чење на богатите со скапи станици, против сум да се делат радиоаматерите на класи. На крај краева не е радиоаматер тој што ги дели радиоаматерите, ги потценува посиромашните. Јас искрено би му ги одзел лиценците на оние што го кршат кодексот и после ке боде весело кога некој со екстра скапа опрема нема повеке да биде радиоаматер.
Имаче баш поради  поделби на радиоаматерите на не-радиоаматери и радиоаматери се имаат куп луѓе испооткажано од ова хоби.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #323 on 16.09.2016, Friday, 18:42:56 (Edited 16.09.2016, Friday, 18:44:54) »
Исто е да се каже и ова:
Шофер е лице што положило возачки испит, почитува знаци и вози пажливо. Толку! Со што колата нема врска ниту цената дали е 500 или 50.000 евра, кој колку му е чергата толку ке ги испружи нозете.
Ама само во Скопје се преават по 100 сообраќајки месечно! Половината завршуваат со смртни последици,за жал!
Споредба: не е доволно да положиш испит,да купиш кола и да земеш волан во рака. Прописите се учат со преаксата, значи возачката култура некој треба да ти ја пренесе,а не да те пушти на улица со 30 извозени часа!
И почетник треба да вози додека до него седи шофер со искуство.И така едно 6 месеци.И да не вози навечер или кога е шпиц (во Скопје!).
До сега се е во ред со прописите! Ама има куп сообраќајки и загинати по патиштата! Значи нешто не е во ред,иако сите се кажуваат шофери.
Споредбата е груба ,ама е тука-некаде.И не гледам тука делење сиромашни – богати шофери (радио аматери).
Зборувам за достапност на техниката! Порано имаше строги правила кој и каков уред ( јачина) може да има (купи) и уредите беа и многу поскапи,па ретко кој почетник купуваше скап и јак уред.Затоа и многумина почнуваа како клупски оператори ( во радио-клуб) ,а станица дома имаа само проверени оператори ! И тоа беше  добро.
А сега? Релативно едноставно ( и преку ибеј!) може да се набави станица! Ако купиш 10 ватна станица за 50 долари не значи дека си сиромашен. Ама половина од тие што така ,без контрола набавуваат станици не знаат ништо за радио-аматеризмот! Не зборуваме за ракувањето,ами за злоупотребата на фрекфенциите.
Често слушам * муабети* како на фејзбук .Слободно муабетење на фреквенција не е дозволено.Правила има ,ама не се почитуваат.
Значи,треба активирање на клупските PPS,работа со младите и нивна едукација! За тоа треба да е задолжен Сојузот на РА на РМ! Е,сега ,не функционира тоа! Затоа зборуваме за радио-аматери и ајвани !

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #324 on 16.09.2016, Friday, 19:37:53 (Edited 16.09.2016, Friday, 19:52:20) »
Сообраќајки најчесто прават со скапи коли, претежно BMW. Исто и со скапи станици се прават глупости. Тоа од времето на Југославија е монато свршено време. Сега истите евтини станици се нај продавани низ целиот свет дури и во Америка. 90% од радиоаматерите ги имаат. Врвни радиоаматери со по 40 години искуство викаат дека не се добри туку се супер добри.
Едно прашање
Тоа ајвани се сите радиоаматери со евтини станици?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #325 on 16.09.2016, Friday, 22:50:55 »
Цитирам: Тоа ајвани се сите радиоаматери со евтини станици?
Не си ја разбрал поентата- радио-аматер е оној кој ги почитува и ги практикува радио-аматерските правила, го негува добриот однос меѓу колегите, се бори за вистински ред и пред се е приврзан за хам спиритот ,им помага на другите и во секој момент е подготвен да им биде на услуга на сите луѓе околу себе, во секоја ситуација каде е потребна неговата вештина.  Најдобрите меѓу радио-аматерите се оние несебичните, што цел живот настојуваат да подучат некого,да помогнат со совет, да направат нешто свое - од уред до некоја практична работа поврзана со радио-аматеризмот.Сети се на Doca. Прав радио-аматер,реткост на форумите, секогаш спремен да помогне.Од таков човек може да се научи радио-аматеризмот.
Затоа, може да купиш станица за 50$, од 5000 ЕУ, ама и да направиш своја станица .Од човекот зависи како ке ја употребува, дали ке биде прифатен како радио-аматер или ајван,тоа ке зависи од него.А последниот збор и оцена секогаш ја даваат неговите колеги- радио аматери или ајвани!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #326 on 16.09.2016, Friday, 23:25:15 »
А така, се согласуваме тука.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #327 on 17.09.2016, Saturday, 14:51:30 »
Денес бев на средбата на радиоаматерите од Македонија но исто така имаше гости радиоаматери од Србија. Одлично си помонавме, тоа е многу убави средби на кои има убаво дружење и учење на нови работи во доменот на радиоаматеризмот. Колегата радиоаматер Митко ни презентираше кратко-бранова станица и како се работи со неа, радиоаматерот Владимир ни одржа презентација на работа со QRP радио станица на кратко бранови, со која воспостави врски со Франција, Русија и со уште неколку дежави на CW. Станицата беше 4W напојувана со 12В батерија и жична GP антена. Ме фасцинира последната презентација. Почнувам да ги разбирам радиоаматерите што работат на кратко бранови и не се замараат со FM. Така да почнувам да се согласувам и со Батка што го дискутиравме. Сепак радиоаматеризмот е широка гранка и треба да се учи и напредува. Оти FM работа е еден мал и не толку битен сегмент.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

TeslaBt

  • Guest
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #328 on 17.09.2016, Saturday, 15:24:55 (Edited 17.09.2016, Saturday, 15:28:18) »
Од пред некое време и јас ви се придружив во радио аматерството   :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Радиоаматери општо
« Reply #329 on 17.09.2016, Saturday, 17:07:34 »
Цитирам : *Оти FM работа е еден мал и не толку битен сегмент.*

Дх-ер ФМ на УКТ е специфичен за  работа пред се во Македонија. Немаме конфигурација за УКТ и мора да се базираме на репетитори, а тоа  носи нервоза ,нетрпелливост и *штракање*. >:( Ова значи дека треба да се има култура и посебен режим за работа на репетиторите, а не секој почетник да се *учи* мешајќи се во врските и сметајќи на другите. За секој почетник препорачувам прво да слуша разговори, да учи како се бидува џентлмен  на брановите,  да биде прво SWL- аматер,а после да премине на одржување на врски.
И да се разбереме –  телеграфијата била и ќе биде секогаш  основната,почетната емисија ! Не се плашете да научите телеграфија.Бара време, вежбање,одржување кондиција,но кога ке се научи не се заборава.Исто како да возиш велосипед! ;D Понатаму треба да се почне како клубски оператор ( во радио клуб) со постари оператори од кои се учи и хам спирит и техника ,уредите итн. Е,на крај  оди на своја станица и одржувај врски.
И не е финта со 5 КW да одржиш врска со пример Австралија, туку со  5W! Тука се учат и разни антени, филтри,начини на работа, стрпливост.Тоа мајсторите најмногу го ценат.И не е битно дали со 30 или 120 знакови во минута куцаш,ами тоа треба правилно тоа да го работиш. И тогаш мајсторите ке ти помогнат и ќе одржат врска со тебе, ке ја намалат и својата јачина и брзината и ке ти дадат простор да одржиш врска.Тоа ги прави големи вистинските радио-аматери.
 Посебно  е  јако и долготрајно пријателството кое се ствара со други аматери со кои постојано се дружиш, се слушаш,разменуваш искуства.Тоа е и основата на радио-аматерството.