Ај да го сликам метарот и да ги сликам и формите на сигналите на предодредените места и ќе отворам нов topic, ќе гледам што е можно побрзо да го отворам.
Пиштол на поп нитни немам, така да мораше да се решам за ова решение :S. А колку кошта еден пиштол за поп нитни? Ако не е многу скап, да знам да си купам еден, треба да ми стигне нешто пари сега во брзо време, па да си имам во план
.
Е сега вака, го барав тој двокомпонентниот што ми го препорача BISON, универзален и се суши споро (24 часа), ама поминав низ едно 8, 9 продавници за бои и лакови и никаде го немаше (можеби требаше да го барам по пазариве, особено на бит пазар, таму скоро се се наоѓа
). Како и да е, еве каков купив, као демек американски бил и бил подобар, се суши брзо (знам дека тоа не ми препорача LordZi, ама тоа имаше на лагер во продавницата :S). Го платив 230 или 240 денари, така нешто... да не го платив прескапо?
Е сега, ако може некој малку подетално да ми објасни како се користи лепаков. Знам дека има упатство на задната страна, ама едно е кога имаш упатство, а друго е кога некој од искуство ќе ти каже
. A, да, сакав да прашам и дали е корозивен (дали нагризува кожа) и опасен по здравјето
.