Дечки, да не имате некој пробано шема за контролер (тестер) на серво моторче со PIC /Atiny? затоа што најдов на нет неколку, но или немаше код, или имаше .asm фајл што не е едноставно да го искомпајлирам во .HEX.
А доколку немате ништо со микроконтролер, тогаш нека биде и со NE555....ќе заврши некако работа. Ваљда ќе успеам да добијам тоа што барам. Иначе се работи за контрола, да се движи во чекор со потенциометар....а би го користел како тестер и да придвижувам некои “механизми“ (роботска рака, багер) и слично.