Author Topic: Правила кои важат во делот Архива  (Read 4256 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Покрај стандардните правила кои важат на форумот, тука има и дополнителни правила со цел да се подобри прегледноста, а со тоа да се направи поедноставно кога ќе треба да се работи со одредени теми кои се отстранети од форумот.

1. Забранета е билокаква дискусија во темите кои се преместени во овај дел.

2. Доколку налетате на тема во останатиот дел од форумот, во која поради Х причини фалат слики текстови или слично (хостингот за слики пропаднал па фалат голем дел од работите, корисникот сам си ги избришал постовите и слично), пријавувајте ги тие теми тука :

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12821.0

3. Доколку некој член има поставено тема, која во меѓувреме се нашла во архива, а ги има сите изгубени документи од темата, има можност темата да се врати повторно назад на претходната локација, само и само ако членот ја обнови темата со изгубените податоци.

4. Темата ќе биде вратена во соодветниот форум (од каде што била и тргната) после пријавување во оваа тема тука:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=12822.0

5. Преместување на теми
5.1. Кога се преместува тема од негде од форумот во архива, потребно е да се измени првото мислење и најгоре како прво да се напише, од кој дел од форумот е преместена темата.
5.2. Кога се враќа темата повторно во соодветниот дел од форумот потребно е да се запази претходната локација каде се наоѓала самата тема. За тоа ќе ви помогне претходната измена каде што стое каде била претходно темата.

6. Авторите на преместените теми може да бидат известувани по пат на приватни пораки и/или email пораки доколку тоа е потребно, при што треба да биде нагласено за што се работи, односно дека темата им е преместена во архива, и дека таму ќе остане се додека не биде направена измента од страна на членот.

7. Доколку авторот на темата не одговори или не се појави за да си ја обнови темата, а некој друг член го има потребниот материјал кој е изгубен од таа тема, може доколку сака да ја измени таа темав и/или да замоли некој од администрацијата (модератор/ администратор) да го направи тоа.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!