Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: antonio@arsenal on 26.02.2010, Friday, 08:00:41
-
Имам дома еден трансформатор 2x12v нов купен од алфа електроник и не е користен воопшто и сега ме интересира дали има некое појачало коешто ке работи на оваа струја а да биди појачалото со добра јачина пошто имам дома 2 звучки од по 200w 8 оми и ако можите некое појачалце да ми направите ке биди супер. ;D
-
Колку вати е трансформаторот или ако не знаеш вати напиши димензии (ширина х висина х дебелина). Иначе со 2х12V неможеш да направиш ништо помоќно од 2х20W за жал.
-
Големина на калемот да мерам или на целиот трансформатор?
-
Големина на калемот да мерам или на целиот трансформатор?
Измери го отворот каде влегуваат лимовите, на кој е намотана жицата, но за прецизно мерење ќе треба да го размоташ трансформаторот :S
-
ах ако го одмотам и збогум после
-
абе измери Е елементот шо димензии има
значи колку е широк, висок, долг, ама ќе мериш на средниот дел од Е
-
Долг е 6 см а бисок е 5 цм а широк е 2,3 см
-
Тој нема повеќе од 15W така да подобро не прави засилувач од него.
-
колку вати ке ми треба трансформатор за да напраам појачало 100 вати и колку ке кошта одприлика?
-
Отприлика вака: Бидејќи засилувачите се најчесто во AB класа на работа искористеноста е околу (или под) 70%, трансформаторите се околу 90% ефикасни (поголемките), треба и плус струја за предзасилувачките транзистори, значи за појачало 100W ти треба сигурно барем 200W трансформатор. (За стерео верзија околу 350-400W).
-
А колку пари би коштал од прилика?
-
Да не те плашам другарче ама мислам дека околу 70-80 евра е минимум да ти го намота некој, а ко го правиш сам, то ест ако имаш трансформатор готов од околу 500вати и да го премоташ секундарот како што правам јас само жица ти треба и нема да биде поскапо од 500 денари :D ;)
-
Абе да најдам некое компјутерско напојување колку пари ке ме кошта и дали ке можи да не напрај нешто корисно од него?
-
Вака компјуерско напојување би ти чинело околу 1000 денари додека трафо од 400 W ќе те чини 3500 денари (пред некое време порачавме на работа ни трбаше за сечење на стиропор)
-
Со компјутерско напојување можеш едино да ти се исплати ако направиш сараунд (5+1) засилувач со 6 х TDA1562Q :)
-
Ама мене од сега кога ке ми кажувате некоја идеја кажувајте ми колку пари кошта
оти слабо стојам со пари :D:D:D:D
-
не може точно да се каже цена, ќе одиш во продавница од каде што ќе набавуваш делови и ќе си прашаш за цена
-
Абе не ми треба точна цена од око така.
-
Значи со овој 24волтен трафо неможи никакво појачалце да се направи.???
-
колкава моќност е трафото ?
мислам дека имам една шема за 50W засилувач
-
Епа како што велат луѓево (пишува погоре) 15 вати би бил.
-
епа ништо тогаш, за овај засилувач кој го нудам јас ти треба најмалку 75 вати
-
Епа ајде дајте некое појачало на кое што ек му одговара ова трафо нема врска колку е ( да не ми стои така трафото)
-
па мора ли засилувач да правиш??? направи си нешто друго...стабилизаторче некое или што било, електроника не е само засилувачи... 8)
-
би можел да направиш нешто како пред појачало или пак регулација боја на тонот, електронска свртница.........
-
Можеш да направиш некое помало напојуванје и да го ставиш во кутивче па да си ги пробаш дома вежбите по пракса.Да ставиш аналогно волт метарче и дирек да ти мери или ако сакаш и дигитален.
-
Јас тој трафо го купив за еден Грецо кој го правевме по пракса ама за жал не го завршив грецото уствари го завршив ама незнам дали ми е точно треба да го однесам кај проф.