Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: SaleSk on 25.07.2010, Sunday, 20:47:04

Title: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: SaleSk on 25.07.2010, Sunday, 20:47:04
Како што кажува и насловот на темата, станува збор за поправка на радио цд касетофон од светски познатата и реномирана марка  ;D NEO (се разбира мала шала не е на одмет).
Имено проблем кој многу често се појавува не само кај овие кинески уреди, туку и кај останатите марки, со тоа што во минатото квалитетот и изработката на електронските апарати беа со многу поголем квалитет неспоредливо со квалитетот на овие денешниве уреди. А за електронските компоненти кои се вградуваат мислам дека исто така неможе да се прави некоја споредба. Значи проблем со прекинувачот, односно селекторот (преклопникот) за радио, касетофон и цд, кој едноставно не сака да го пресвича уредот од еден во друг режим на работа. Ова туторијалче кое го припремив и покрај големите обврски кои ги имам, се надевам дека многу ке им помогне на помладите членови кои ги има во голем број на форумов и кои се доста добро потковани со теоретски познавања од електрониката. Па еве и едно практично делче. Пред се сакам да кажам дека за оваа поправка е потребно искуство, особено за оној дел од поправката кога ке се вади преклопникот бидејќи во понатамошниот текст проследен со слики ке се види и неговата поставеност, и мнгоу внимателност бидејќи сите овие уреди се испреплетени со многу жици кои се директно лемени на основната плоча и многу лесно може да се откине некоја од нив и да ни направи проблем! Се разбира шема за овие уреди е многу проблематично да се најде, па е потребна како што кажав голема внимателност.
И еве го уредчето кое ке го работиме:

(http://a.imageshack.us/img299/1482/img0329i.jpg)

И нормално преклопникот кој го наведовме како главен проблем:

(http://a.imageshack.us/img594/5007/img0332nf.jpg)

Стандардно класично касетофонче кое верувам дека секој од нас го има во својот дом.
Алатот кој ке се користи е оној стандарден добро познат (шртафцигер PH1, долг PH1, леткум, калај, пумпа, спреј за чистење на контакти, алкохол, клештичка - шпицангла).
Пристапуваме кон отварање на касетофончето. Најпрво гледаме каде се наоѓаат штрафчињата кои најчесто се обележени со стрелка кон дупчињата. Оние штрафчиња кои се гледаат нормално се отштрафуваат со нормалниот крстач, додека пак оние што се напикани во дупките ке треба да ги одвртиме со долгиот крстач.

(http://a.imageshack.us/img704/1694/img0333hu.jpg)

(http://a.imageshack.us/img691/2743/img0335od.jpg)

Од како се одвртени сите штрафчиња, внимателно го раздвојуваме задниот од предниот дел на самото радио секако внимавајќи на каблите и на нивната првобитна поставеност. Зошто ја нагласувам нивната поставеност??? Па од една едноставна причина а таа е следнава: Многу често се случува доколку не ги рутираме каблите онака како што треба, да се случи да не може да го затвориме радиото, да прецвикаме некој кабел со внатрешните држачи, да скинеме кабел заради тоа што останал краток, или пак најлошиот случај да го склопиме радиото, да ги завртиме сите штрафчиња и да видиме уствари дека имаме некаков проблем со дел од механиката во самото радио (касетофон, цд, движење на преклопници и тастери и слично). Затоа нагласувам дека ова е една од најважните работи кога станува збор за оваков тип на апарат. И еве како тоа изгледа:

(http://a.imageshack.us/img153/3895/img0338z.jpg)

Она што нам ни треба се наоѓа во горниот десен агол на електронската плоча и за да се дојде до него ке треба малку да се изнамачиме. Еве од блиску како тоа изгледа:

(http://a.imageshack.us/img38/9641/img0340wd.jpg)

Најпрво заради непристапноста мора да се ослободат конекторите од пропратните плочки. Овде би ја издвоил следнава забелешка како многу важа: Многу треба да се внимава кој конектор од каде се вади. Јас практикувам да ги бележам бидејќи во кинескиве кутии се става се и сешто и многу е честа појавата на повеќе исти лежишта за еден конектор кој кога го расклопуваме уредот не водиме сметка за тоа од кај е изваден!!! И послем ни се јавува проблем за проблем. Еве еден пример конкретно од овој апарат:

(http://a.imageshack.us/img146/8350/img0349dv.jpg)

Понатаму се ослободуваат сите штрафчиња кои ја држат електронската плоча и таа многу внимателно се ротира, врти, ослободува и носи во позиција на која ке може да се работи непречено, притоа внимавајќи да не оштетиме некој елемент, или па во најлош случај да го скинеме конецот за бирање станици од радиото  ;D
Контактите не се баш залемени на класичен начин, туку стандарден преклопник е прилагоден да се постави како smd  ;D, да кажам типична работа која секогаш ствара проблеми кога станува збор за некој кинески производител. Затоа тука како важно би го споменал искуството при вадење на овакви незгодни елементи. Треба да се внимава на тоа да не се оштети самиот преклопник, а и да не се изгорат водовите за кои се залемени контактите бидејќи и тие се премногу тенки и осетливи на повисока температура.

(http://a.imageshack.us/img802/3561/img0339.jpg)

Од како сме ги одлемиле контактите, и нормално одкако сме го извадиле преклопникот поминуваме на негово отварање, и се разбира чистење. Доколку контактите се изгорени или пак трајно оштетени, ке треба да се потрудиме да најдеме резервен дел кој се разбира тешко е да се набави конкретно кога станува збор за кинески апарат. Во овој случај интервенцијата се прави да речам навремено бидејќи по она што имав прилика да го видам, преклопникот ке работи уште долго време. Еве како изгледа тоа:

(http://a.imageshack.us/img401/2525/img0342k.jpg)

Преклопникот внимателно го расклопуваме внимавајќи притоа да не одкинеме некоја ножичка, и при отварањето да не ги оштетиме лизгачките контакти.

(http://img830.imageshack.us/img830/5080/img0343i.jpg)

Од оваа слика многу јасно може да се види колку е нагорен еден од контактите, односно контактот кој го правел главниот проблем. Внимателно пристапуваме кон чистење на контактите. Јас тоа обично го правам со спреј кој ги нагризува ваквите оксиди, спреј кој е "degreaser" (одмастувач) или пак со алкохол и памук, стандарден и добар начин. Доколку има оштетено и подлабоко во самиот контакт, потребно е истиот да се помине и со многу фина шмиргла (поголема бројка од 1000) или пак едноставно со обичен лист хартија кој ке го изгланца самиот контакт. Ефектот кој ке го добиете и кој ке треба да функционира е следниов:

(http://a.imageshack.us/img22/8299/img0344ys.jpg)

Разликата е воочлива, зарем не?  ;D
Преклопникот го склопуваме внимателно и еве го на дело:

(http://a.imageshack.us/img716/1022/img0345um.jpg)

Следниот чекор е лемење на делчето кое претходно сме го поправиле. Пред да преминеме на чекорот лемење, може а и немора да се очистат водовите односно местото каде што треба да се залеми делчето. Јас секогаш практикувам (во случајот како да е смд) водовите да се добро очистени и секако да немаат калај на нив за да не ми го подигаат делот и да ги одбиваат ножичките од елементот кој треба да се залеми. Лемните контакти најдобро е да се чистат со "desoldering" лента или пак доколку ја немаме, како опција да користиме бакарна лицнаста мека жица премачкана со калафониум, така да може многу лесно да го прими калајот. Потоа со добро познатиот нитро разредувач се чисти детално плочката и резултатот е видилив:

(http://a.imageshack.us/img683/9052/img0346v.jpg)

Преклопникот го поставуваме на местото и го лемиме. По лемењето исто така по желба може да се исчистат лемните места. Резултатот ке биде како на сликите:

(http://a.imageshack.us/img42/6083/img0347vv.jpg)

(http://img826.imageshack.us/img826/4545/img0348.jpg)

Одкако сме провериле дека се добро ни лежи на свое место и дека сите залемени контакти ни се во ред пристапуваме кон склопување на радиото. Електронската плоча ја враќаме на своето место, ги ставаме штрафчињата, проверуваме дали дел од виталните механички функции работат. Ги враќаме сите конектори на свое место притоа како што нагласив со големо внимание за тоа како и каде ке ги поставиме!!! Каблите ги рутираме онака како што беа кога го отваравме радиото заради причините кои ги објаснив во погорниот текст. Внимателно ги склопуваме предниот и задниот дел од радиото и внимаваме да не прецвикаме некое кабелче кое сум убеден дека ке сака да остане надвор  ;D... Ги заштрафуваме надворешните штрафчиња обележени со стрелките. Проверуваме визуелно дали е се во ред и едноставно го вклучуваме во струја...Доколку сме ја завршиле работата правилно, преклопникот ке си ја врши и понатаму својата функција како и до сега. Пробуваме да го пресвичаме од радио на касетофон, па на цд и одкако ке се увериме дека се функционира беспрекорно заклучуваме деке успешно сме го поправиле радиото  ;D

(http://a.imageshack.us/img525/6538/img0351fc.jpg)

Се надевам дека ви пренесов барем мал дел од моето искуство со ова туторијалче во поглед на поправка на класично касетофонче и дека на некој од вас ке му се најде за помош.
Сликите и целокупната работа се мои лични и не се превземени од ниеден сајт.

Се извинувам доколку има некоја грешка во текстот и доколку некој од модовите ја забележи слободно нека ја преправи  ;)
Промените се заради правописни грешки (голтање букви)  ;D
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: BorceBT on 25.07.2010, Sunday, 22:00:37
Одличен пост, имаш репутација + од мене ;)
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: Bojan on 25.07.2010, Sunday, 22:58:37
алал да ти е сале за ваквиве туторијали...
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: nCounTr on 25.07.2010, Sunday, 23:00:41
Одлично сале реп+ од мене.
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: SaleSk on 25.07.2010, Sunday, 23:06:20
Јас се надевам по коментариве дека ви се допаѓаат вакви туторијалчиња. Проблем е што е многу комплицирано за се да се прави, но еве за вакви поедноставни и полесни поправки од ваков тип се трудам да помогнам онолку колку што слободното време ми дозволува  ;)
Благодарам на сите за позитивните коментари  :)
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: Malecko on 25.07.2010, Sunday, 23:48:09
Еве ти +реп и од мене за маката. ;D
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: MarkoMK on 26.07.2010, Monday, 00:40:03
+ реп и од мене
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: GigaWatt on 26.07.2010, Monday, 03:31:20
И од мене + rep, се наполни ;D.

Инаку мене лично МНОГУ ми се допаѓаат овие туториалчиња што ги правиш, искрено многу корисни работи предочуваш за почетниците, па и за поискусните електроничари/сервисери/инженери ;). Јас лично голем дел од горенапишаното го знам (не ради друго, премногу пати сум се „изгорел“ и сум отворал и затворал по 10 пати еден ист касетофон до CD ;D), но имаше ствари и што не ги знаев ;). Корисно, во секој случај, секогаш ќе наидеш на некоја мала ситница што не си ја знаел ;).

Инаку, ако е премногу оштетен преклопникот, јас барем лично го менувам со нов. Не мора да биде ист како оригиналниот (најверојатно нема ни да најдеме ист таков), ама барем бројот на позиции и бројот на преспоени контакти по позиција да биде ист е доволно. Е сега, знам дека ќе има додатни кабелчиња кои ќе одат од основната плоча до некој друг дел од радиото (каде ќе избушиме дупка за новиот преклопник), но ако нема друг избор а сакаме да биде радиото функционално, мораме да се решиме и на тоа... Знам дека ќе изгледа малку „Франкенштајновски“, но прво ќе му го предочам ова на муштеријата, па ако се сложи ќе го правам, ако не, тоа е тоа... Најчесто се сложуваат ;).
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: Jove on 13.09.2010, Monday, 23:53:41
ај и од мене реп+ за шо си се мачел  се надевам некому му е од помош :D
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: Jove on 22.09.2010, Wednesday, 23:29:02
mnogu dobar tutorjal od internert cafe sum nema podrska :'( :'(
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: daniel spasovski on 03.11.2010, Wednesday, 20:03:36
Добар приложен материјал колега  ;)
Респект +  ;)
Title: Одг: Поправка на радио-цд касетофон
Post by: batka on 03.11.2010, Wednesday, 20:18:09
Ок поздрав и + и од мене :D ;)