Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: ZlatkoT on 18.04.2018, Wednesday, 13:35:58
-
Излезниот степен клипува кога ќе се подзагрее. Исцрнета е плочката под отпорниците од 6,8 оми 1 ват мислам. Но се здрави. Можеби треба 5-10 ватни за да не греат. Дали некој има шема или слично искуство? Електролитите од 6800 мф 50 в изгледаат добро. Дали некој од Ск би го сервисирал?
-
Со што е решен излезот- ИК или транзистори? Провери го прво исправувачот и стабилизацијата ако ја има.
-
Можеби и побудата, а кондензаторите тешко дека од око ќе ги оцениш дали се во ред.
Мислам дека е и член на форумов
https://m.facebook.com/servis.daniel86/
-
Излезот е со два MosFet-a ама ознаката не се чита. Работи појачалото некое време и при средна снага почнува да клипува. Кога ќе намалам престанува.
Напон на стабилизиран исправувач -36,5 0 +36,5 V
(http://www.mediafire.com/convkey/a3ba/8817q2z6v7z1om4zg.jpg)
-
Ми изгледа дека е некој кондензатор, ама кој не би можел да кажам со сигурност. Треба еср метар(има на форумов шема за еср метар). Првери ги лемовите дали се добри.
-
А да ги сменам сите?
И да ставам поснажни отпорници на местото од овие од 1W
-
Вака од слики на форум може само да нагаѓаме. Треба да се измери. Отпорниците може да ги мениш, 2 се и не се некоја екстра цена, но сите кондензатори да ги смениш е малце поопширен зафат и не можам да ти гарантирам дека ќе се реши проблемот, иако на стандардните кондензатори векот им е 7-10год Експлоатација во домашни услови.
-
Ок, благодарам.
-
Најверојатно е лош дизајн во прашање, поддимензионирани отпорници. Смени ги малечките електролитски кондензатори околу отпорниците и стави помоќни отпорници. Јас би пробал со 4 или 5W.
-
Дали напоните на напојување си ги мерел кога клипува појачувачот? Има ли промена на вредностите? Клипувањето може да е од кондензатор, ама сум имал такви проблеми со диоди ,ама и со излезните транзистори. Значи, инструмент во раце и провери се. Дали е добро напојувањето на 4558? Можеби и колото не е во ред.
-
Благодарам за советите.
-
Најверојатно е лош дизајн во прашање, поддимензионирани отпорници. Смени ги малечките електролитски кондензатори околу отпорниците и стави помоќни отпорници. Јас би пробал со 4 или 5W.
Глас (Галс) плус и од мене, нема да биде на одмет да се сменат околните кондензатори. Гига добро приметил дека прилично многу се греени, што е лошо за тој тип кондензатори а и не е некој зафат да се сменат 3-4 кондензаторчиња, ем ефтини се. Диодите D607/8 може да прават проблем ако се наменети за лимитирање на сигнал, треба да се проверат кога се загреани или да се извадат, но само доколку се наменети за лимитирање на сигнал т.е. паралелно споени на влез на колото, доколку не е така значи се за друга намена и најверојатно не е до нив.