Првиот оглас што беше поставен беше за работно место за сервисер на медицинска опрема која вклучуваше сервис на ласерски принтери за Rtg филмови, Rtg апарати итн. Ова е сосема друго работно место поразлично од она првото. Односно се разликуваат работните задачи. Заради обемот на работата, потребно е да се вработи уште еден сервисер кој ке го работи како што е нагласено во самиот наслов, односно лабараториски апарати и биохемиски апарати. Што опфаќа ова, доколку е некој заинтересиран конкретно, може да ме контактира на приватна порака.
Инаку огласот го објавувам на неколку форуми каде што најголем број од членовите се со или студираат на технички факултети. На минатиот оглас имаше доста членови кои своите CV-а ги имаа доставено баш по читањето на огласот од форумот, а за да нема небулози, беше избран и еден од нив, кој е вработен во моментот. Инаку официјално фирмата објавува и јавен оглас кој мора да биде објавен според закон за отварање на ново работно место.
@Zdravkovski
Значи овој оглас се објавува за првпат, а како што објасни GigaWatt првиот оглас беше затворен како што рече затоа што беше пополнето работното место.