Антената сака висина и да е на отворено, со 9 елементи јаги мора да го отвори. Моментално не сум во државата. Се обидов од Халкидики да го отворам но не оди, не ни очекував, но за проба пари не земаат, нели? Од Солун знам дека може. Инаку R7 како централен репетитор одлично функционираа врските Битола, Демир Хисар, Могила, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Тетово.
Од Битола преку R7 со рачна радиостаница имав контакт со радиоаматер од Косово. Мислам дека ако антената е на отворено и има добра висина, од Берово нема да има проблем