Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: peceps on 06.06.2012, Wednesday, 01:35:25
-
CNC Машина што направив пред некое време:
Повеќето делови и материјали се купени од Хубо и Меркур.
Контролерот и моторите се од ebay.
-
Како што пишав и во темата за побарувањето на планови за CNC машина, одлична изработка ;). Имаш планови од оваа CNC машина? Претпоставувам контролирана е од PC. Преку кој порт ја контролираш?
-
Контролирана е преку паралелен порт, софтверот е Mach 3.
Планови немам, ја правев по мои димензии. Прво ја нацртав во Google Sketchup, ама после направив многу измени:
http://sketchup.google.com/3dwarehouse/details?mid=6cef69f86c61c93f21eca034ff8ffb46
-
ме интересира какво вретено користиш и од каде го најде
исто ме интересира навојот на тој „мутерот“ што се движи по вретеното каков е, BorceBt мене ми рече да си набавам мутер кој од внатрешна страна има федери и навојот цело време ќе го лепат со навојот на вретеното, со тоа би се добило на прецизност, јас после пробав на ситен навој (и мутерот и штрафот со ситен навој) ставив повеќе мутери кој беа поврзани еден заеден, но не ми успеа затоа што на одредени места се закочува, едноставно не се со доволна прецизност правени
-
исто ме интересира навојот на тој „мутерот“ што се движи по вретеното каков е, BorceBt мене ми рече да си набавам мутер кој од внатрешна страна има федери и навојот цело време ќе го лепат со навојот на вретеното, со тоа би се добило на прецизност, јас после пробав на ситен навој (и мутерот и штрафот со ситен навој) ставив повеќе мутери кој беа поврзани еден заеден, но не ми успеа затоа што на одредени места се закочува, едноставно не се со доволна прецизност правени
Изгледа баш така треба да го правиш, со мутер со федер, бидејќи прцизноста на самиот навој и мутерите изгледа не е преголема, па може да се случи да закочат на некое место мутерите ;).
Инаку, оваа идеја за CNC машина со вретено ми се допаѓа ;). Со соодветни преносни системи, може да се изведе и без степ мотори ;). Единствен проблем е тоа што е бааги поспора, но ако тоа не ви пречи, ова е многу поедноставно решение ;).
Инаку, еве го Google Sketchup фајлот ;).
-
so obicen motor neveruvam deka bi mozelo da se napravi zasto ne se znae polozbata na osovinata, treba da se znae polozbata na osovinata za da se znae do kaj e polozbata na oskata
-
може да се стави енкодер, тоа е најмал проблем, проблемот би бил во преносот, кај нас е проблематично да се најдат потребните делови за пренос и на крај пак ќе дојде да се импровизира со што се нашло по дома, е тогаш се губи многу на квалитет и прецизност
-
може да се стави енкодер, тоа е најмал проблем, проблемот би бил во преносот, кај нас е проблематично да се најдат потребните делови за пренос и на крај пак ќе дојде да се импровизира со што се нашло по дома, е тогаш се губи многу на квалитет и прецизност
Да, дефинитивно најголем проблем се механичките делови, електрониката и не е баш толку голем проблем.
-
moze da se sobiraat delovi od nekoi fotokopiri i takvi raboti...ja da vidam tuka ili na net ako mozam da najdam remenici i kaisi da kupam bi bilo super...
-
moze da se sobiraat delovi od nekoi fotokopiri i takvi raboti...ja da vidam tuka ili na net ako mozam da najdam remenici i kaisi da kupam bi bilo super...
Да, ама не е тоа тоа :S. Поентата е да биде проект и да може секој да го изработи (ако не од секаде, барем оние кои се од МК да може деловите да ги купат тука) ;).
-
Вретената се обични штрафови од Хубо (6mm x 1m).
На секое од вретената е врзана по една пластични плочка направена од тврда пластика во кој е нарежен навојот од вретеното со греење на вретеното и вртење. Платичните плочки се од обична даска за сечење на зеленчук купена од Веро.
Платиката е многу тврда и не сум имал проблем со разлабавување.
Проблемот на овие вретена од обични штрафови не е прецизноста. Прецизни се, но се многу спори.
Шините по кој одат оските се лизгачи за плакари купени од Меркур.
Споено мислење: [time]12 Јуни 2012, 00:17:58[/time]
Оска:
-
брзината ти ја диктира степ моторот и чекорот кој го прави на завртување, и голем проблем е прецизноста, верувај ми :D
треба да видиш да побараш штрафо со тесен навој, со многу потесен од сегашниот, или во краен случај сам да си „нарежиш“ еден.
ќе побарам јас по кинескиве продавачи на ebay дали има некој такви мутери со федер, ако најдам тоа после одам на степ мотори и контролер :D
-
Мојата машина со 1600 степови прави еден круг што се пренесува во еден милиметар движење (навојот е со раздел 1мм), затоа реков дека прецизноста е голема. Навојот е веќе доволно и премногу тесен. Нарежаните вретена имаат кос трапезоиден навој кој со помалку вртења прави поголемо движење.
Инаку тоа дека брзината е контролирана со бројот на степови да, но тој број има некој физички лимит (од контролерот, од моторот) кој откако ќе го достигам самиот мотор се закочува.
-
Ок дечки.... Гледам дека имате одличен производ, одлична машина, секоја чест. Ме радува кога гледам вакви проекти од амбициозни луѓе. Сега нешто да ви кажам од мојата машинска струка. Читам правите муабет за вретена. Немојте да користите обични нарежани шипки со обичен навој и мутер. Морате да користите вретено со ТРАПЕЗЕН ИЛИ КВАДРАТЕН НАВОЈ. Мутерот да е исто трапезен или квадратен. Со тоа ја добивате прецизноста која ја барате и нема да има никакво заглавување на мутерот. единствено таквото навојно вретено трпи терет и нема да се расипе.
-
Се слагам за вретената, но жал такви вретена во Македонија тешко може да се најдат, и се скапи :(.
Затоа се снаоѓаме вака со ефтини материјали и делови и што има по дома :)
-
Ок дечки.... Гледам дека имате одличен производ, одлична машина, секоја чест. Ме радува кога гледам вакви проекти од амбициозни луѓе. Сега нешто да ви кажам од мојата машинска струка. Читам правите муабет за вретена. Немојте да користите обични нарежани шипки со обичен навој и мутер. Морате да користите вретено со ТРАПЕЗЕН ИЛИ КВАДРАТЕН НАВОЈ. Мутерот да е исто трапезен или квадратен. Со тоа ја добивате прецизноста која ја барате и нема да има никакво заглавување на мутерот. единствено таквото навојно вретено трпи терет и нема да се расипе.
да и предложеше кај да најдиме такви вретена :D
имам јас едно со трапезен навој ама ептем е кратко ни 10cm нема
-
колкаво отприлика треба да биде? Ако не е многу многу долго можам да се обидам јас да го изработам.
-
па што знам 40-50цм би било доволно и уште едно од 30-40цм, x- оска и y-оска, за z оска имам не ми е потребно
-
а дали може да се изработи цнц што ке гравира алуминиум?
-
Таа должина е малку потешко да се изработи поради вибрациите при изработката, ама јас би се обидел, кажи ми само кој дијаметер треба да биде вретеното и кој корак на навој треба да биде, и јас ќе се обидам да го изработам
-
не се брзај ти, јас немам ништо материјал за да започнам имам само некој од прилика планови :D
прво ќе пробам со обично вретено и со тоа мутерите со федер, после ќе видиме ако треба ќе барам квалитетно вретено
-
а дали може да се изработи цнц што ке гравира алуминиум?
Може, но потешко е, ќе треба да имаш потврда конструкција, не дрвена, метална. И ќе треба да има уште еден електромотор на кој ќе има футер и бургија за гравирање.
-
Вака нешто?
(http://img196.imageshack.us/img196/4368/10238275.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/196/10238275.jpg/)
Оваа машина глода буквално се... Но на нејзе се ставаат глодала од 1000-2000 денари и до сега се има покажано многу добро. За жал немам многу слики како е изработена бидејки не е моја, мојата е во тек со изработката и моментално чека финансии за изработка на електрониката...
Мотори може да се користат од принтер како за почеток но за некоја потешка работа потребни се моторчиња од 10, 20, 30 евра парче.. Од каде ги набавуваат незнам но кога ке земам за мене ке напишам тука од каде се...
@Devil
Оди во отпад и барај дигалка за кола... земи 3 комада и расклопи ги.. извади го тоа од внатре и ете ти :D машината на сликава е со такви, може да избега само 0.10 милиметри од предвиденото.. Што во поголемиот број случаи не прави разлика.
-
znaes li od kaj moze da se najdat tie sto se vodilkite
-
Ако мислиш на ова:
(http://img821.imageshack.us/img821/7158/dsc00278asdasd.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/821/dsc00278asdasd.jpg/)
Тоа го пишав во горниот пост, извадено е од дигалка за кола и е доста прецизно... Доколку не станува збор за тоа тогаш едитирај ја сликата во пеинт и обележи што точно мислиш.
-
Пеце, а рече дека контролерот и степ моторите ги зема од e-bay. И јас сакам да нарачам, па ме интересира, имаше едни околу 180 долари а имаше и поскапи, накај 300 долари, што ги гледав.
Ти кои ги нарача и дали ти земаа царина пошто над 50 евра е пакетот???
-
Ако мислиш на ова:
(http://img821.imageshack.us/img821/7158/dsc00278asdasd.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/821/dsc00278asdasd.jpg/)
Тоа го пишав во горниот пост, извадено е од дигалка за кола и е доста прецизно... Доколку не станува збор за тоа тогаш едитирај ја сликата во пеинт и обележи што точно мислиш.
ne toa, tie metalnite mazni cefki sto se, nad navojot sto se...inace od tel sum nemam paint ;D
-
Знам дека се алуминиумски и дека ги најдоа во отпад... Ако не се лажам извадени се од принтер ама незнам точно... Мазни се и немаат никаков навој на нив.
-
Степ моторите, контролерот и напојувањето ги купив од wantaimotor.
http://stores.ebay.com/Wantai-Electrical-Appliance-Co-Ltd
Цената беше 100e за пакетот, 100e за DHL и 100e царина.
П.С. Нешто што нацртав денеска:
(http://i226.photobucket.com/albums/dd117/lodr_zi/cnc_bull.jpg)
[датотека избришана од администраторот]
-
peceps, прочитај ги правилата како се кодираат надворешни линкови и како се ставаат слики на форум.
-
П.С. Нешто што нацртав денеска:
Одлично изгледа ;).
-
( Цената беше 100e за пакетот, 100e за DHL и 100e царина )
значи се вкупно те фати 300е
-
( Цената беше 100e за пакетот, 100e за DHL и 100e царина )
значи се вкупни те фати 300е
ОК, ама ако сакаш по нормален пат да ти се испорача (не преку ДХЛ) може тука да заштедиш некој денар,,
-
и плус да направиш комбинација поефтино да пишат дека коштаат деловите :)
-
а како ако се договориш со продавачот ?
-
нормално, ке си се договориш со продавачот да ги среди документите да пише таму пониска цена и готово :))) помала царина :)
-
а инаку на 100е колку би била царина
-
15% царина и 18% ддв.Така да вкупно 33% од цената т.е некој 3300 денари.
-
Не сакаа по обична пошта да ми ги пратат.
Инаку продавачот пиша помала цена, ама од царина ми побараа извод од банка од сметката од која сум платил. Потоа ми побараа друга фактура на цената која ја пишуваше во изводот.
Комплицирано...
Ако се праќа по ДХЛ секако ќе има царина, а со обична пошта може и да се извече без царина.
Околу 36% фаќа царина + ДДВ, но има и трошоци за припремање на документи за царинење. Во ДХЛ тоа се плаќа 3200 ден, во други шпедиции е најверојатно поефтино.
-
Нема логика да биде 36% царина бидејки ниедна царинска стапка не е 36%, изгледа те изгазиле :) слободно погледни во царинскиот тарифник и ке видиш дека царинска стапка 36% не постои.
-
изгледа мислеше дека околу 36% од цената е царинаи ддв или ?!
-
Нема логика да биде 36% царина бидејки ниедна царинска стапка не е 36%, изгледа те изгазиле :) слободно погледни во царинскиот тарифник и ке видиш дека царинска стапка 36% не постои.
Мислам дека членот убаво си има објаснето ;).
Околу 36% фаќа царина + ДДВ, но има и трошоци за припремање на документи за царинење.
-
Како rule of thumb кога се пазарува електроника, царината обично е 36%.
Пример:
Ако цената е да речеме 100 е.
На неа се пресметува ДДВ 18%: 118е.
На неа се пресметува царинската стапка, да речеме 15%: 118е * 1.15 = 135.7е.
Значи 35.7% од почетната цена е царината.
-
Тоа значи дека царината е 15% на сумата, данокот не е царина.
-
Да ја оживеам темава, АMPER и Trolko се бунеа кој да отворел ваква тема ;D
-
Еве две видеа од функционалниот 3D принтер во КИКА и тој што се прави :
www.youtube.com/watch?v=JH9yUHkvKCw (http://www.youtube.com/watch?v=JH9yUHkvKCw#)
www.youtube.com/watch?v=hVLVtUxOx5E (http://www.youtube.com/watch?v=hVLVtUxOx5E#)
-
3D принтер е одлична работа! 8) ;D
-
3D принтер е одлична работа! 8) ;D
Yeah :)
За принтање на кутиички (ко што се гледа на видеото) или други пластични работи многу добро се наоѓаат. Панираме кога ќе го направиме вториот да направиме сервис за принтање, така да секој ќе може да си испринта било што по желба :)
-
Одлично изгледа, а таа пластиката што се топи, каде се продава и која цена е?
-
Одлично изгледа, а таа пластиката што се топи, каде се продава и која цена е?
И мене ова ме интересираше ;). Било каква пластика е таа или некоја специјална?
Инаку, одлично изработено ;). Многу корисна работа, особено ако немаш замена за некој специјален пластичен дел ;). Го цтраш во некој CAD прогам и тоа е тоа, print ;D.
-
Засега имаме два типа на пластика - ABS и PLA, кај нас сеуште не сме пронашле каде ги прават овие пластики во екструдирана форма од 3мм, така да сега за сега пластиката ја набавуваме од странство и нејзината цена се движи околу 35 евра за килограм
-
Дали може да објасините целосно како работат машините.. да објасните за контролерите, степ моторите, драјвери мајвери за степојте, за вретената имат нешто, некој пример од изработен контролер, некој код, шема нешто..
Споено мислење: 21.01.2013, Monday, 08:51:45
никој нема време да објасни ??
-
Во врска со мотори и нивна набавка , сакам да ви кажам од искуство дека постарите генерации на мотори , поготово оние што пишува маде ин јапан , или случајно ако ви улета VEHTA, тоа се практично неуништиви , работи , се разбира доколку не се механички оштетени, или нестручно приклучени на напон, сите се со специјални long life time , lageri, одлично балансирани така да јас лично ви тврдам се што е ново , немора да значи дека е и поквалитетно, бидејки доколку е од кинеска продукција бидете сигурни дека е изработено од рециклирани материјали, во новите поевтини варијанти дури се оди и со летечи лагер систем , челична осовина на месингана пиксна лагер веке е лукзус , така да доколку не ги познавате доволно добро моторите не купувајте на невидено без моторот да го проскенира некои што ги разбира подобро, зошто може да има и промашуванја а преку сајтовите за продажба враќање понекогаш е просто невозможно
Позз,
-
Оди на овој линк за да се запознаеш со основите на CNC машините
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9008.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9008.0)
-
На тема навојни вретена , за сите оние кои сакаат да видат како изгледа професионална изработка , не импровизации од авто дизалици и слично , јас имам постирано во рубрика продавам , степ мотори , најдолу неколку навојни вретена индустриско производство , не правени на дребонг , или некој друг вид на импровизација , не го директно набавени од германија .
тоа се остатоци од еден проект , значи навојот е квадратичен и има опција со еден или два почетока , најосновно вретено е со еден навој , -спирала, мегутоа јас таму имам и прикажано вретено и со два почетока значи со два навоја - спирали, има и со три , и повеке , и цената се удвојува и утростручува кај овие мулти навојни вретена , но затоа во експлоатација на цнц машините со такви вретена прецизноста е огромна , а и векот неколкуратно зголемен , исто така за мутерот сакам да дадам еден мал осврт, јас таму имам изработено мутер од перт пластика , специјана за изработка на тој сегмент , јас ја набавив во стапин ф = 40 мм и од неја се сечат парчиња и на дребонг се реже штрафот професионално, ова е едно од ефтините решенија но многу функционални и со голема точност, делот при експлоатација што се аби е мутерот од перт, пластиката , а подмачкувањето е со специјална бела маст , сигурно сте ја виделе во принтери или видео рекордери на зупчаниците , другите опции месинган мутер , или во најпрофесионална верзија мутер со кугличасти лагери , се извонредно скапи , и тешки за набавка , бидејки во мк, сеуште никој не почнал да се бави со регуларна продажба на делови за изградба на цнц проекти,како што има во германија , продавници каде може да купите се за цнц , до штрафче , било за хоби или професионални машини.
еве на долните слики може да видите како сето тоа изгледа , ова е за оние дечки што сакат да направат нешто по професионално , дури и машина со која некои може да си обезбеди и мала егзистенција ,посебно е битно цврстината на челикот од кои се изработени навојните вретена , во случајопт долу тоа е некаде од 16 роквела, значи дадени се остатоци на делови од еден професионален проект за фрезанје на иконостаси , и сегменти за ексклузивни мебели од полно , дрво дуборези.
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/4f21431dadbd4b929e56b30636717b05.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/c385f57045db4bcf8cfd99376c9316d9.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/af9e3af43c764f71838515df987da61e.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/629dde38ab614264ad6f9970bffbbaf1.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/90a05fb8bad64247895a5e52d45a8a95.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/efceca3b495c4688ba799e953abf7093.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/5a1a567beb9a4ddd873dd3a49ccd6335.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/2e854f6f66bd447fa69858f68c648108.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/aa9c9bc37ca24d5d8a01ff140166a149.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/53819ed5f5fe40a9847fd424e0bbf2fd.jpg)
-
...бидејки во мк, сеуште никој не почнал да се бави со регуларна продажба на делови за изградба на цнц проекти,како што има во германија , продавници каде може да купите се за цнц , до штрафче , било за хоби или професионални машини.
За кој пазар да има продажба на вакви делови во Македонија? Нема кој да купи, премногу се скапи, ретко кој работи со ваква технологија, затоа и нема заинтересираност... можеби ќе имаше поголема заинтересираност цените на деловите да беа поприфатливи.
-
цврстината на челикот од кои се изработени навојните вретена , во случајопт долу тоа е некаде од 16 роквела
Сигурен си за ова, да не е 56 или 66 роквела...?
-
Во однос на цврстината , не сум суигурен , бидејки ги земав пред 4 год и повеке мозе , ова ми остана од секавање 16 или 25 роквела тука некаде беа , ми се чини, но за точно може да се измери нее проблем во кончар, имаат роквел метар, второ линеарните лагери што се дадени на слика сега има кинеска и корејска продукција , еве конкретно за ф=16мм може да се најде од 450 ден до 700 ден парче , можеби за хоби е скапо но ако изработувате нешто во дрво ,или правите цнц за бушенје на пертинакс плочки
FR-4 , тоа воопшто не е скапо,од мои сознанија еден работен час на цнц машина што вади производ е 20 еура,
Споено мислење: 10.02.2013, Sunday, 14:55:13
Значи дечки тука е силата на Кина , луге прават цнц машина, цнц машини прават други илјадници цнц машини, тие стотици илјади цнц машини се редат во линии и имате огромна продукција на производство , со еден збор дигитализација на производните процеси , мегутоа производи произведени од совтверски водени машини . човечкиот фактор се смалува , нема замор, збушаванје , боледуванја , лошо расположение , и тд, цнц то работи се додека има струја , или не откаже некои дел кои систем инженерот веднаш ке го замени.
-
Јас такви вретена имам вадено од стари дискетни единици, и тоа тие беа прицврстени на едни големи степ мотори,, вретената се исти како на сликата, негде 15-20cm должина се :D
на интернет има прилично евтини делови, првичната намената не им е за CNC ама со малку имагинација се се постигнува :D
-
Devil, дали ги имаш моторите јас сум заинтересиран ако се од тие големите SANYO - DENKI со ф= 80мм
Позз,
-
2-3 преживеа, другите незнам кај ми се, ама не ги продавам :D
-
Кој го користите или знаете некој што може да се користи? Дали е бесплатен или може да се најде крак за него? Како ги вршите пресметките за кое растојание ке го помине со одреден број на степови на пр. * 1 цм = 10 степови * ке има и други прашања :D
-
зависи за што го користиш....ако е за плочки директно со sprint layout или eagle има опција, додека нагодувањето се извршува шо пишувањето на програмата ;)
-
Здраво и мене многу ме интересира оваа тема и решив да одвојам малку време да направам цнц машина
но сакам да ја направам со енкодери но незнам како да ја сетирам програмата па би замолил за помош
значи енкодерот физички го поврзав и истиот функционира користам програм MACH 3 и одбројувањето
го гледам во менито сетинг значи работи (брои) но незнам како да го сетирам програмот кога работи некој Г- код да чита од едкодерот се надевам ме разбравте што сакам да направам
Благодарам однапред :)
-
Здраво почнувам да правам cnc рутер и ми требаат алуминиумски профили за изработка на оските по кои ќе се движи дали знае некој каде може да најдам вакви работи во мк или во соседството
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/510pWbnyl1L.jpg)
и дали би знаел некој исто каде би можел да најдам вакво слично за Z оска
CNC Router z axis for DIY or OEM machines like 4x4 and 4x8 cnc router using Mach 3 software. (http://www.youtube.com/watch?v=dpHWkKANtE0#ws)
и кај би можел да најдам запчаник со назабане летва
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/R_P.jpg)
фала ви многу за вашата помош.
-
Во Ниш има продавница за такви работи.
www.lagerton.com
-
Супер, имаат доста работи од тоа што ми треба...
сеа уште профили да најдам и да почнам да ја склопувам машината...
планирам степери од ибеј да нарачам nema 34 со котролори и напојување ми изгледаат доста евтини зашто се од кина.
-
незнам колку си запознат со такви работи, ама пред да почнеш да нарачуваш делови би ти препорачал да побараш на интернет за зјај или на англиски backlash и како се намалува тој зјај...
-
Да запознаен сум со тоа,
ја правам според планови од кои многу луѓе ја направиле истата, амњ за жал сите се од америка и сите делчиња се од таму.
-
Адресата на форумов, изгравирана на парче дрво, со помош на CNC машина.
(http://www.mediafire.com/convkey/2490/o3ifdz924feknpi6g.jpg)
V-Carving elektronika-mk.net (http://www.youtube.com/watch?v=OgiCZB4W2z8#ws)
-
Браво ;). Твоја изработка е CNC машинава?
-
Електрониката е моја изработка, механичкиот дел ми го правеше мајстор, дреар.
Инаку во случајов ја пробував програмата VCarve Pro.
http://www.vectric.com/products/vcarve-pro.htm
-
Прво алал да ти е за живците и ентузијазмот, зш со кинесково производство за 100ина долари има целосна електроника солидна, а ти си се нафатил да ја изработиш. Браво :D
Второ, накратко објасни го принципов ако не ти е мака, бидејќи шема ни барам ни давам кога е лична креација :D . Моторчињава се по 60ина вати “од око“ и вретенава се со квадратен или трапезоиден навој? :D
И уште еднаш...бравос! :P
-
Браво Zan, перфектна изработка, со среќа да ја користиш CNC машината :).
-
Благодарам ShAdOw, да си направиш поубава :)
Шемата не е тајна, има на интернет. Јас ја користам добро познатата комбинација со интегралните кола L297 и L298.
За степ моторите нема "вати", туку се гледа јачината на струјата во ампери. Овие мотори што ги имам ставено ма машината се со струја до 2А. Уште една битна работа кај степ моторите е вртежен момент (или torque на англиски). За оваа вредност постојат повеќе мерни единици, пр.: N-m, kg-m, kg-cm, oz-in и други.
Навојните вретена не се ниту со квдратен, ниту со трапезоиден навој, како што би требало да биде, туку се со полукружен навој. Тие навојни вретена се извадени од дигалки за кола, земени од отпад. Се зборуваше за ова на втората страна од темава.
За принципот на работа не знам што да кажам, премногу е комплицирано за да се објасни во неколку реченици. Еве накратко. Прво на компјутер се прави цртеж од она што сакаме да го изработиме. Потоа цртежот се импортира во некоја CAM програма (Computer-Aided Manufacturing), во која што се задаваат параметри во врска со обработката, на пример, со која алатка да работи машината, колку брзо да се движи и многу други. Откако ќе се подесат сите потребни опции, CAM програмата генерира G-Code, и го зачувува во текст фајл. Овој фајл се отвара со друга програма, која што е директно задолжена за контрола на машинта. Најпознати програми за контрола на CNC машини се EMC2 за Linux и Mach3 за Windows. Оваа програма го чита G-Kodot, и ја контролира CNC машината преку паралелниот (LPT) порт на компјутерот, на кој што се поврзува електрониката за контрола на степ моторите.
-
За вретена, има една фирма, металкеј, во трубарево што треба да произведува трапезоидни вретена. Порано кога им беше активен сајтот имаше спецификации за вретената што ги произведуваат по DIN 103 стандард. Јас немам зборено со нив директно ама може да видите што е специфицирано во DIN 103 и да прашате кај нив.
-
Бидејќи сум нов во темава ве замолувам да ми кажете како да се справам со следнава проблематика: земам постоечки арткам модел и го внесувам во програмот (секако-арткам) и му ги задавам параметрите за да го изработи (материјал сетап, алатните патраметри...) и потоа го конвертирам во г-код. го превземам во работната програма на машината (не е мах туку цнц јуесби моушн контролер) ја поддесувам почетната позиција на фрезерот (бургијата) и место да го направи „она“ движење: нагоре па во материјалот со почетниот степ даун тоа првин оди во материјалот, а потоа оди на горе и „длаби“ во воздух. Каде ја правам утката? Во задавањето на параметрите ли? За тој што ќе ме спастри не е само резервирана благодарноста „унапред захвалнми“ туку и велешка пастрмајлија и црно тиквешко :)
ПС Жан, тоа твоето ЦНЦ Квазимодо :) е фантастично функционално. Респект за проектот
-
Пробај да ја инвертираш з-оската, доколку има таква опција во арткам, пред да генерираш г-код.
-
Жан, не знам што точно подразбираш под „инвертирање на з-оска во арткам“ но сите опции на з-оската во арткам ги пробав барем по десетина пати.
-
Не го познавам добро програмот арткам, но мислев ако има опција за инвертирање на Z-оската, да ја искористиш таа опција, па наместо нагоре, да се движи надолу.
Инаку, ништо не кажа за твојата машина, дали е фабричка или правена, дали си ја користел претходно без проблем, дали имаш проблем само со овој арткам модел?
-
Машината ми ја направи мајстор од Скопје, ама пред тоа имаше една одисеја. (на еден друг мајстор му дадов аванс, комплетниот износ, па цела година беше држ-не дај, на крајот ми ги врати парите, а поучен од искуството бев уште на неколку продавачи и мајстори но со мојот веќе „стекнат инстинкт“ не си фатив работа со нив. Во меѓувреме ги научив механичките и електричните компонменти (освен електронските и софтверските) за квалитет и оптималност, па така да со последниот мајстор (дефинитивно човек на место) лесно ја прецизиравме проблематиката. Ставив мотори со торк 8, навојните вретена се со највисока цврстина и прецизност исто така и линеарните отворени лагери и осовините. Инверторот на фрезата ми е италијански. драјверите за степовите се канадски, а драјверот за работната програма американски. Затоа што по форумите а и мајсторот ме советуваа дека тоа не се купува од Чајна г‘рл. Е, да фрезата ми е кинеска 1600 вати, 24000 вртежи, но тие фрези се покажале како многу квалитетни и издржливи. Се во се, имам еден многу квалитетен производ. Згора на сето мајсторот стави и заштитници за да не се меша сигналот, контактори за превенција на движење,а преносот од степерот до вретената е со запчаници и каиши. Брзината е 7000мм во минута, но секако дека се менува во зависност од големината и рељефот на моделот. Кога сме веќе кај деловиве да кажам дека на форумов сретнав дека некој го спомна „Лагертон“ од Ниш, но јас знам за фирма од Бугарија (Софија) која истиот квалитет го продава за скоро 50% поефтино, па доколку некој е заинтересиран нека ми јави за да ја побарам адресата, линкот (впрочем и механичките делови на мојата машина се од таму)...
Значи, Z-оската се среќава на неколку места во арткамот при подготовка за работа. и секаде експериментирав и никако да ја управам работата. Има некоја финта која не ја знам, и после пробните модели машината ми е во својство: „да го личе дуќанот“. И уште една работа, значи оној машинскиот програм кој јас го имам (CNC USB motion controller) е барем 400 години понапред од Mach, е сега, тој си бара посебна електроника, ама еве еве предизвикувам, кој сака нека дојде кај мене да види колку е пријателски расположен со корисникот, а е евидентен, ти покажува на моделот точно каде се наоѓаш за да можеш да правиш тековни корекции (забрзување, успорување...) доколку имаш потреба од тоа.
-
Според ова што го кажуваш, имаш направено одлична машина. Претпоставувам дека имаш вложено повеќе од 2000 евра. Ако си во можност, стави некоја слика, баш би сакал да видам како изгледа.
-
Машината ме чини околу 3000 евра (сите нејзини компоненти без рака за мајсторот). Немам фотографии, но денес ќе направам и час поскоро ќе ги ставам. Но ако некој сака може да дојде кај мене во работилница (во Велес) , па да пиеме кафе и да размениме искуства. (Патем, проблемот со Z-оската го решив и сега машината пичи како џорната :) )
Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 12:45:14
Една корекција- машината не ме чини нешто повеќе од 3000 евра како што претходно напишав, туку
(откако направив детален ребаланс на буџетот :) ) нешто повеќе од 2500 евра (секако без вреднување на мајсторскиот труд).
Хоризонталното навојно вретено не е од двете страни фиксирано во лагер затоа што при мали и средни должини на навојните вретена доаѓа до правење на „мев“ на средината од вретеното и затоа е препорачливо да биде флексибилно, со тоа што единствениот лагерот на кај што лежи вретеното е од оние кои имаат одредена толеранција.
-
@Zan колку те кошташе твојата CNC машина? :)
-
Не знам точно, околу 300 евра.
-
Ангелко, кажи ја фирмата од Бугарија
-
Вакви работи пишувај му на пп,инаку ке го сметаме за реклама,што не е дозволено! 8)
-
Нешто како цнц али микро варијанта,
со ардуино и шилд на адафрут со два двојни х бриџа,
конструкцијата е од флопи дискетна единица, работна површина 15х15мм
https://plus.google.com/101922326319868672300/posts/Fe4dXK5zGe3
-
Оваа е мојата CNC машина којашто ја купив неодамна, има работна површина од 20цм на 30цм со висина од 5цм. Денеска ми пристигна сеуште ја немам тестирано, кога ќе ја тестирам ќе пишам впечатоци ;D
(http://www.mediafire.com/convkey/a0a3/px80zvklb63cxv7zg.jpg)
-
Од каде и по која цена ?
-
Нарачано ми беше од Америка, цената беше 400 евра точно со поштарина, мене ми стигна во Германија, тука не се плаќаат давачки дополнителни како ддв и царина, кога би го нарачал во Македонија би било поскапо :)
-
Ако стоката стасува од друга не-ЕУ држава, во Германија се плаќа царина од 19% + данок од 7%. Ова важи и за работи од Америка. Доколку си го купувал од ebay, оваа сума е автоматски калкулирана заедно со цената на производот + патот.
Од ebay ја зеде ?
-
Не ја порачав од официјалната страна на фирмата
http://www.vevor.com/
-
Експерименти со плав ласер.
-
Не гледам што е толку чудно кај ова... се сече метал со ласер, зошто е толку чудно ако сече хартија?
-
Ништо не е чудно. Ја прилагодив мојата CNC машина (хардверски и софтверски) да користи ласер.
-
Аааааа, тоа ли бил муабетот :). Значи твое е видеото ;).
Ај, се среќа преправката :). А сега може и како CNC и како ласерски гравер да ја користиш? Се вади ласерскиот модул?
-
Значи твое е видеото ;)
Да, мое е. :D
А сега може и како CNC и како ласерски гравер да ја користиш? Се вади ласерскиот модул?
Да, може да се монтира ласер или гравирка.
-
Да, може да се монтира ласер или гравирка.
Е, тоа е топ 8).