Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: koki88 on 30.10.2013, Wednesday, 01:44:10

Title: Постои ли сервис за враќање на изгубени телефонски броеви
Post by: koki88 on 30.10.2013, Wednesday, 01:44:10
Претпоставувам дека одговорот на прашањето врз кое се темели темава е НЕ, но сепак ја отворам темава во случај некој да знае поинаков одговор.
 
Имам Sony Ericsson Satio U1, штотуку го надградив со најнов софтвер од Sony, но заборавив да ги зачувам претходно телефонските контакти.
 
За моја среќа, повеќето контакти ги имам на SIM картичката, но останува фактот дека од над 300 телефонски броеви, изгубив околу една третина.
 
Бидејќи штетата е веќе предизвикана, а не користам никаков back up сервис, ме интересира дали постои сервис за телефони во Скопјево каде што би можеле да се вратат избришаните телефонски контакти ?
 
Претпоставувам дека одговорот е НЕ, но надежта последна умира, па затоа ја отворам темава.
 
Однапред ви благодарам.
Title: Одг: Постои ли сервис за враќање на изгубени телефонски броеви
Post by: batka on 30.10.2013, Wednesday, 23:35:50
Колку што знам Сони има најпроблематичен софтвер и не знам програм за враќање на податоци кој би можел да помогне.За Андроид постојат  некои програмчиња за којсум слушал дека може да вратат податоци,ама за Сони не.