Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: Atanas on 21.07.2013, Sunday, 00:01:03
-
Сакам да дознаам каде има вакви пропелери да купам, бидејќи сакам да направам летечки објект.
Помош!
(http://www.mediafire.com/convkey/d114/8un2cum7m5a2343zg.jpg)
2.12. Забрането е прикачување (upload-ирање) на слики со привремен каратер на форумот, без разлика на нивната големина!
-
пробај на ибеј, можеби ке ти се погоди некоја добра зделка и да земеш 10 за ефтина пара, ем ке имаш резерва доколку скршиш некој ;)
-
Кевин, јас бев тој ентузијаст се убивав да створам нешто шо летат. Ако не потекниваш од богата фамилија, све да ти овозможет нејќам да ти расипам ќејф ама тешко дека ќе успејш. Секогаш ме убиваше финансиската бариера xD
Иначе на ибеј за “беспари“ има неколку перки да земиш...евтино. Ево со 2 лопатки..
http://www.ebay.com/itm/10x-4-5R-1045-R-Propeller-Prop-Motor-Shaft-paddle-installed-For-RC-Air-Plane-Fly-/400480020943?pt=US_Radio_Control_Control_Line&hash=item5d3e7829cf
-
Елиси „пропелери“ се купуваат во зависно од моделот што сакаме да го правиме, големината на моторот и типот на моторот, односно дали е електричен или со внатрешно согорување.
Објасни малку повеке што модел сакаш да правиш и што мотор сакаш да ставиш за ти кажам што елиса да земеш.
инаку повекето моделари во Македонија земаат елиси од
http://www.hobbyking.com/hobbyking/store/index.asp
или
http://www.towerhobbies.com/
-
Гарфилд...детево има 10ина години (незнам точно) нема шанса да прави друго освен електричен и според мене тешко да направи нешто друго освен оние, не знам стручно...минијатурни, високообртајни моторчиња со четкици :P
труп од стиропор, ојачан....ус пут и предлог, и онака никогаш не сум успеал...пробај :)
Кевин, планираш до 30-40цм труп на авионот и распон на крилја...така?
-
кевин, не се обидувај да правиш авион, а во никој случај не користи мотор со четкици бидејки четкиците не траат многу време. пробај да направиш quadcopter полесно е и со поголеми шанси за успех, и користи brushless dc motor.
-
quadcopter е многу потешко да се направи заради што има многу повеке работа и повеке електроника да се вгради и да се усогласи да работи све како треба.
А за апсолутен почетник е подобро тогаш да се состави еден модел од стиропол и со brushless dc motor да е.
Но најдобро е ако има во неговито град или во најблискот до него Аероклуб да отиде и да му помогнат во реализацијата на целиот проект. Пошто не е све само во моторот него е потребно да се направи соодветен почетнички модел што е лесен за летање и да се вградат соосдветни уреди за управување со моделот. РЦ Станица, серва за движење на командите површини, батерија за напојување на моторот, регулатор на брзината на моторот "speed controler" и други поситни работи.
И многу е битно за да не дојде до разочарување да има кој да му помогне за да научи да лета со соодветниот модел без несакани кршења на истиот.
-
точно quadcopter-от е потежок за усогласување. но за разлика од авионите е полесен за изработка, а додека за да изработи авион треба да најде цртежи од некој авион и да ги смали многу пати т.е. да постави одреден размер и тогаш да изработи, најдобра опција е да проба да изработи оние глајдерите каде што има само 2-3 серва, и еден мотор кој што служи само за кревање а потоа авионот сам лета. едно време и јас бев затрескан да правам вакво нешто ама кога видош што цена е, за глава се фатив, али сепак уште не се откажувам можеби еден ден ке си го остварам сонот, не само на летање модели туку и на вистински авиони................
-
На денешно време не никаков проблем да се најде добар план за почетнички модел на авион пошто ги има на интернет со сите детали како и што треба да се изработи, а во аероклубовите имаат планови и изработени модели што ги користат за летање и обука на почетници.
Сегашните цени на модели што се готови за летање „Ready to Fly“ се со прифатлива цена што понекогаш за одредени модели не се исплати да се прават и се поевтини да се купат.
MetallicA ако сакаш да си го оствариш сонот за да леташ модели денеска е монгу полесно и поевтино него на времето кога уредите чинеа цело богатство, има сега станици со серва и све друго под 150 евра. Провери на Hobby King и ке видиш лудница од евтини работи.
-
знам во штип и во скопје има такви модели. и да точно има огромен број на RTF и ARF со прифатлива цена, но за нашиот стандард знаеш како, + лугето ке викат гле го овој уште со авиончиња си игра, а доколку го направиш ти стереотипот се мења. друже на мене сонот ми е да летам со вистински авиони а не сум многу по моделите, ама јбг нема школа у македонија( за патнички авиони зборам) бидејки ако одиш за воени ќе заглавиш, ке одиш на симулатор и толку, пошто не ги летаат сухоито. а во врска со моделите најголем проблем од се ми е, ке дадам 100 евра ама ако го скршам?? ојдеа 100-те евра, затоа quadcopterot е побезбеден ке му ставиш едно падобранче (homemade од некое кесе или слично колку да не тресне долу) и готова работа.
-
За летање со вистински авиони во Македонија има школи за обука на спортски пилоти потоа можи во странство да се продолжи до професионална дозвола за авион од така наречена генерална авијација или поинаку речено да се лета со спортски типови на авиони како на пример утва 75 и други во тој ранг, а за летање со патнички авиони тогаш трошокот е поголем и мора обуката се врши само во одредени центри во странство, но тоа е сосема дрга приказна.
Најбезболно за детево е ако можи да помине во некој град каде што има аеро клуб и таму подобро да се запознае со моделите и сите други работи.
Kevin добро би било да кажеш што модел те привлекува и да ти помогнеме.
-
тоа ти е тоа, напредна држава сме ............. ;D иначе колку отприлика би коштал еден глајдер да се направи сосе електрониката ? без да ги сметаме трошоците за рамката, само за електрониката патем гарфилд ти имаш ли некој ваков авион или бил каков друг модел?
-
Трошоци за едрилица да се направи ако не ја ставаме едрилица во математиката би дошле до одприлика 150 евра пресметано заедно со поштарината од Кина, моментално јас немам ни еден радиокомандуван модел но имам правено повеке модели од различна категорија пошто сум моделар во аероклуб.
-
да можам да најдам нешто докај 40-50 евра не ми треба повеке од 3 канала. од кој аеркоклуб си, слушам во штип имало вакви работи, во народна техника изгледа, незнам точно.
-
Ке пробам да најдам до таа цена ако има по интернет, јас сум од Битолскиот Аероклуб.
Во Штип има аерокуб и можам да ти дадам телефони за контакт за контактираш со нив ако си заинтересиран.
-
па кога ке имам време ке пробам да направам некоја едрилица од стиропор, и ке видам можеби ке земам и електроника, а она за контакт ке видам но не сум од штип малку ке е проблем за патот.
-
А од кој град си за да ти кажам, можи во твоја близина има друг аероклуб.
-
не верувам дека во околината на виница или кочани има некој аеро клуб......
-
Јас имам готов труп од ојачан стиропор...модел на мустанг p-51, во тоа време ми изгледаше како најприкладен, едноставен и сл. Моторчето со четкици беше бидејќи имав такво со се перка (од мало хелихоптерче)...без четкици се подобри, ама треба да се купи и сл. Искрено ако налетам на 2 мали серво моторчиња...другите делови (3 канален приемник/предавател) од нешто ќе исвадам или ќе се снајдам, ќе пробам. :D
Стварно интересна работа, никогаш не сум успеал да довршам. А не е единствел модел што сум почнал и застанал поради парите :/
-
За жал најблиско е штипскиот аероклуб и евентуално можи и во кавадарци да се контактира со нивната народна техника каде има добри моделари.
За сите заинтересирани што сакаат да градат авион или едрилица од стиропол можи на веб или на youtube да ја разгледаат "hot wire foam cutting" техниката за сечење на стирополот. Има доста планови на интернет за изработка со ова техника.
stiffy на Hobby King има микро серва што се за мали модели со цена од 2 долари и нагоре.
А на денешно време станиците со 3 канали све потешко се наоѓаат заради што сите оддат барем најмалку на 6 канални станици.
-
Уба работа шо знајш ова, колку-толку се информирам. Микро серво ако е дојдено на 2 долари веќе немат пречка никаква, то е беспари xD
Јас од 8-9 год сечев стиропор со 2 лемилици поврзани со жица и жицата се загреваше...од 2те страни :D. Иначе сега имам (пред 4 год го напрајв) со отпорна жица, на постоље...ко фабричко за сечење стиропор, а со регулација струја-напон контролирам брзо, споро, прецизно...само веќе не го користам, ако пак се роди желба кај мене да довршам...тогаш :D
со 6 канали не ми се исплаќа да го купам...ќе заглавам дома барем 1 година ќе изгубам (ако не и појќе) од игла до локомотива ќе напрам на даљинско...се :D
-
абе стиффу ти одма на големо си ојдел ;D p-51 е тежок за изработка си можел да пробаш meserchmit bf-109. во секој случај јас ке пробам да направам едрилица, најверојатно од најлон а рамката од она дрво како оние проектите по техничко. патем flaps (не знам како е на македонски) се сметаат за еден канал или како 2 бидејки кај некои авиони имат две серва. на мене ми треба само минимум 3 канално далељинско, ресивер, ESC, мотор и 3 серва мислам дека ова не би требало да ме фати многу патем гарфилд пиши ми број од штипскиот аероклуб. можеби некој ден ке отидам до тамо да видаш што како. :D
-
MetallicA најдобро е да изработиш едрилица од стиропол ке ти биде полесно за работа, најлонот е проблематичен за лепење и за цврстината.
Дрвото што се користи за изработка на моделите се вика Балза и има мала тежина.
Флапс „ flaps“ кај авионот се смета како еден канал а се поставуат две серва за поедноставување при градбата, но тебе не тие потребен флапс него Елерони „aerilons“ за полесно управување.
-
прво и јас си мислев од стиропор ама незнам каков, ке биде ли од оној пресуваниот за изолација што го ставааат по куките? истотака сум слушнал дека балза дрвото е најдобро за изработка на авиони но не знам дали ке најдам во македонија, a и да најдам ке треба да ја носам на ласерско сечење.и да моја грешка флапс се користи за намалувањењ на брзината со тоа што се издолжуваат и се поставуваат по одреден агол, за свртување се користат aileron.
-
Па јас ги барам колку да ги имам да не ми притребаат за нешто инаку дај кажете каде има освен на ebay, и некој интересен летечки проект
-
MetallicA стиролол се користи со средна густина поради тежината, но сепак и тоа зависи што модел сакаме да правиме.
Балза можи да се најде во Македонија по Аероклубовите но треба да се праша кој има за продавање поради тешкотијата при набавка на истата.
Kevin погледни на Hobby King имаат доста работи.
http://www.hobbyking.com/hobbyking/store/index.asp
Дали сакаш да изработиш едрилица или авион за да ти дадам некој добар план.
-
кога сум веке тука дај и на мене некој план за едрилица со распон на крилата од околу метар до 1.5 метра. ;D
-
Кога сме веке кај моделиве,на Форумов имаме посебна рубрика за ова намена и бидејки отидовте во офф-топик,отворете си таму еден нов пост и тема ,па префрлете се таму.Еве една тема блиску до вашата:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8691.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=8691.0)
Споено мислење: 22.07.2013, Monday, 17:26:28
не верувам дека во околината на виница или кочани има некој аеро клуб......
Обидете се во Народна техника во Штип или Берово !!
-
kevin изгледа во конрад има вакви пропелери, и други резервни делови, провери кај нив
-
MetallicA стиролол се користи со средна густина поради тежината, но сепак и тоа зависи што модел сакаме да правиме.
Балза можи да се најде во Македонија по Аероклубовите но треба да се праша кој има за продавање поради тешкотијата при набавка на истата.
Kevin погледни на Hobby King имаат доста работи.
http://www.hobbyking.com/hobbyking/store/index.asp
Авион ама немора на далечинско управување но проблем се пропелерите....
Дали сакаш да изработиш едрилица или авион за да ти дадам некој добар план.
Споено мислење: 22.07.2013, Monday, 23:43:46
kevin изгледа во конрад има вакви пропелери, и други резервни делови, провери кај нив
кои се тие конрад дајте линк од нивниот веб-сајт
-
Опоменати сте да прекинете со офф топици на ова тема.Темата има сосема друг наслов.Ви кажав каде да си отворите тема и да дискутирате.Овие додатни постови ке се бришат или ке се префрлат во таа тема.
-
батка, ова не е офф топик му кажав каде има, т.е. му дадов одговор на прашањето. кевин конрад е продавница во скопје напиши на гугл конрад скопје ке ти ја отрвори и нивната веб страница. ;)
-
Ајде прочитајте си ги постовите! Од стиропор,балза до барање нацрти за летечки објекти.Абе ги читаме сите постови,без гајле.Да не бришеме..
-
Можеби овој линк.
http://www.conrad.de/ce/de/category/SHOP_AREA_37367/Modellbau
-
Или овој
http://www.conrad.mk/
-
да точно батка тоа беше офф топик, но последново во врска со конрад не беше. и еве линк
http://www.conrad.mk/
-
Абе сега ке се правдате ли? Ајде,ништо страшно- отворете си нова тема во * Моделарство*.
-
Батка, јас си чутам ко ***** (да не речам) зш знам дек сум крив...уште вчера ко пишевме немаше админ да не опомени :D
појќе не :3
-
Муабетов ви беше во ред,затоа не се вмешавме.ама не му е тука место.Иначе,добро е да имаме и вакви дискусии.Ако можеме ке помогнеме и во овој случај.Впрочем,разгледајте малку во * Моделарство*.
-
Побарај тука на страниве
http://dx.com/
http://hobbyking.com/hobbyking/store/index.asp
http://myrcmart.com/