Батка,извини ,да не бидам погрешно сватен дека ситничам ,ама многу погрешно поставуваш некои работи - *кога клипова самиот звучник повеќе време тој може слободно да се оштети* .Звучник не може да *клипува*- може само појачувач да клипува!
Од техничка гледна точка заштитите кои ги има во појачувачот ( тука е температурна,напонска,струјна заштита...) се сосема нешто друго и пред се го штитат појачувачот и елементите во него.Значи тоа е за посебна тема ,со решавање на сосема други проблеми во самиот појачувач! Кога се мисли на заштита на звучници нормално е да се мисли и на заштитата на звучниците во самата кутија ( зошто да не биде сета електроника за заштита на една плочка поставена во самата кутија??
Значи не мора да правиме само заштита од едносмерен напон,од клипување,ами нека биде се комплет.Модерните варијанти имаат можност електронски,без употреба на релеј,да влијаат на mute функцијата на излезниот интергалец ,па при било каков транзиент го мутираат излезот ! Лесно и едноставно.Значи веке одамна не постои универзална електроника за заштита.Се зависи од каков појачувач ги заштитувате,односно каква електроника за засилување користите.Тоа што никој не пишал ниеден пост,веројатно е она што на почеток ти го пишав- темата не е многу интересна и инспиративна.Ако се постави некоја друга тема со слично барање,можеби ќе биде поголем интересот.