Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 11.07.2010, Sunday, 01:35:02

Title: I-pod грамофон
Post by: MarkoMK on 11.07.2010, Sunday, 01:35:02
Се работи за комбинација од и-под и пасивно засилување преку грамофонска хорна (како на старите грамофони).
Code: [Select]
http://www.tuaw.com/2008/07/02/the-ipod-gramophone/
Во текстот пишува дека без користење на дополнителна електроника го засилува звукот до 55 dB.

Прашањето ми е од каде ја добива потребната енергија за засилување? ??? ???
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: GigaWatt on 11.07.2010, Sunday, 14:00:00
Хорната сама по себе е дизајнирана да го засилува звукот до тој степен да може од скоро нечуен сигнал да се добие нешто што може да го регистрира увото. Засилувањето се изведува (мислам барем) на база на резонанација на фреквенции, околу определен фреквентен опсег резонира хорната и „бааги“ го засилува сигналот ;).
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: BorceBT on 11.07.2010, Sunday, 14:07:55
GigaWatt е во право. Но спрема големината на хорната резонанција се случува само на одредени фрекфенции, затоа засилувањето (резонантно засилување) се случува најчесто само на средните тонови бидејќи за басовите треба огромни хорни а за високите многу мала хорна. Со хорните со нормална големина се засилуваат само средните тонови така да овој iPod ќе звучи навистина како старски грамофон.
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: MarkoMK on 11.07.2010, Sunday, 16:09:59
Интересно е, изгледа дека се добива повеќе енергија а се вложува помалку ???
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: deophorant on 11.07.2010, Sunday, 16:14:46
Интересно е, изгледа дека се добива повеќе енергија а се вложува помалку ???

Перпету мобиле не постои. Само што се зголемува степенот на искористување на целиот систем
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: GigaWatt on 11.07.2010, Sunday, 16:35:32
Реално гледано, не е перпету мобиле ни ова, перпету мобиле е кога вложената енергија е еднаква на добиената (извадената). Во овој случај, навидум изгледа дека излезната (изнесената) енергија е поголма од влезната (внесената), ама така само навидум изгледа, едноставно се врши концентрација не енергијата само на определен спактар на аудио сигналот и е искористен принципот на резонација ;).
Title: Одг: I-pod грамофон
Post by: deophorant on 11.07.2010, Sunday, 16:57:28
Реално гледано перпету мобиле не постои. Ако ги погледнеме електричните карактеристики на звучниците тие имаат само 1-2% степен на корисно дејство. Значи се што вложуваме во нив како RMS моќност тие ја претвараат во звучна моќност само многу мал дел од неа. Па ако некако го зголемиме степенот на полезно дејство (постигнеме резонанса во одреден опсег со тоа што енергијата ја чуваме во одреден простор а на секоја осцилација додаваме онолку енергија колку што сме изгубиле), целиот систем ке ни изгледа како да ни дава повеќе енергија одколку што сме вложиле. Тоа е така затоа што сме се навикнале цел живот на овие звучници кои имаат мал степен на полезно дејство. И при резонанса во затворени и полузатворени системи повторно имаме степен на полезно дејство кој не е поголем од 7-8%. Значи има уште многу истражување на ова поле :)