Аналогна електроника > Сè останато

Ми треба совет околу модули на 433 MHz за Ардуино

(1/1)

DX-er:
Дали има некој искуство со овие радио модули кои се користат во комбинација со Ардуино?

Сакам да порачам ама ме зачудува ова:

На сликата на огласувачот ке забележите трансмитер со два калеми



Од друга страна муштериите ставаат слики од пристигнатите нарачки и лупаат по 5 звезди и викаат дека се задоволни, но како што гледам на нивните слики, нема калеми на предавателниот модул:






Дали на некој му е јасно што е финтава ?

GigaWatt:
Најверојатно калемите се од долната страна на плочката. Види ја горната плочка од втората слика. Сенката не паѓа рамномерно. Како од едната страна плочката да не е поставена на рамно, а очигледно е дека е поставена на рамен картон. Најверојатно малку е сменет дизајнот на плочката и во поновите верзии (оние кои ги продаваат), калемите се на долната страна од плочката.

А дури и ако ти стигнат без калеми, секогаш може да се побуниш и да си ги бараш парите назад ;).

Bojan:
ако сакаш пиши ке ти дадам таков комплет бесплатно, само ке треба да дојдеш да го земеш (или до тафталиџе или до ѓорче) :D

DX-er:
Фала друже за понудената пимош но зедов денес од еден пријател еден пар модули.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version